Свет
Конашенков: Киев направи серија лажни видеа
Годинава на подрачјето на заедницата Мешковка, во областа Николаев, снимени се лажни видеа на кои се гледа наводна висока ефикасност на западното оружје што го користат украинските борци, а следните снимки се закажани за 5 и 6 јуни оваа година, изјави портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
„Со британска поддршка, Киев направи серија видеа кои „го подигнуваат моралот“ на западната и украинската јавност, создавајќи впечаток за високата ефикасност на западното оружје“, рече Конашенков.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Француски режисер осуден на четири години затвор за сексуален напад на актерка кога таа била малолетна
Францускиот режисер Кристоф Руџа денеска е осуден на четири години затвор, од кои две ќе вклучуваат носење електронска нараквица, поради сексуален напад врз актерката Адел Енел додека била малолетна.
Еден од адвокатите на режисерот веднаш по пресудата изјави дека ќе биде поднесена жалба.
Адел Енел (35) не реагирала на објавувањето на пресудата, а Руџа (60) избегнувал да ја погледне во судницата.
Кривичниот суд му наложи на режисерот да и плати на актерката 15.000 евра отштета како и 20.000 евра за нејзиниот долгогодишен надзор од психолог.
Обвинителството на 10 декември побара затворска казна од пет години за режисерот, кој негираше дека ја нападнал Адел Енел кога имала околу 13 години.
Во ноември 2019 година, актерката изјави за онлајн медиумот „Медиапарт“ дека режисерот несоодветно се однесувал кон неа за време на снимањето на „Les Diables“ (Ѓаволите). Адел Енел во тоа време имала околу 13 години.
Енел тогаш изјавила дека за време на подготовката и снимањето Руџа сексуално ја вознемирувал постојано допирајќи ја и насилно бакнувајќи ја во вратот.
Сето тоа се случувало во неговиот дом и за време на разни меѓународни фестивали, кога таа имала меѓу 12 и 15 години.
Руџа има снимено неколку филмови, меѓу кои „Les Diables“ (2002) и „Dans la tourmente“ (2011).
Свет
Пензионер си варел кафе во воз во Германија, предизвикал пожар
Пензионер од Германија (76) предизвикал пожар во воз кога на плин се обидел да си направи кафе, соопшти полицијата.
Инцидентот се случил во неделата, во воз меѓу северните германски градови Хамбург и Кил.
На својот куфер ставил плинско, кое набрзо се запалило и почнало да чади.
Патниците ја повлекле итната сопирачка и ја известиле федералната полиција за инцидентот, а еден сопатник со помош на противпожарен апарат вешто успеал да го изгасне пламенот.
По пристигнувањето на возот на станицата Нојминстер, човекот го пречекал полицијата. Поради здобиените повреди со возило на Брзата помош веднаш бил пренесен во болница.
Против него е покрената кривична постапка за материјална штета и подметнување пожар од небрежност, соопшти локалната полиција.
Регион
Mицотакис испрати порака до жителите на Санторини по серијата земјотреси – над 200 само во последните 48 часа
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис ги повика жителите на островот Санторини да останат смирени и да ги слушаат упатствата на Цивилната заштита.
Во врска со зголемената сеизмичка активност што се случува во островскиот регион, тој рече дека властите „управуваат со интензивниот феномен“, пренесува „Прототема“.
„Мораме да управуваме со многу интензивен геолошки феномен. Побарав од ресорното министерство да изготви научен преглед на феноменот во следните неколку дена за сите да знаат со што се соочуваме“, рече тој.
Во изминатите 48 часа околу островот се регистрирани повеќе од 200 земјотреси, а зголемената сеизмичка активност предизвика загриженост кај властите и научниците.