Свет
Коронавирусот циркулирал во Италија уште во септември 2019 година
Анализа на примероци од 959 луѓе, сите без симптоми на Ковид-19, кои биле дел од скринингот за тумори на белите дробови, во периодот од септември 2019 до март 2020 година, покажала дека 11,6 отсто од нив или 111 од 959 лица имале во себе антитела на коронавирус, се наведува во заклучокот на Институтот за онкологија во Милано, во соработка со Универзитетот во Сијена.
„ Анализиравме и проучивме присуство на специфични антитела поврзани со појава на вирус во примероци од крв кај 959 асимптоматски лица поврзани со Ковид-19, кои беа дел од скрининг за тумори на белите дробови. Специфични антитела на Сарс-Ков-2 РБД се откриени кај 111 лица од 959 (11,6 проценти) заклучно со септември 2019 година (14 проценти) со група позитивни случаи (> 30 проценти) во втората половина на февруари 2020 година, со најголем број беше во Ломбардија (53,2 проценти)“, соопшти Институтот.
Од 111 случај, 23 се од септември 2019 година, 27 од октомври, 26 од ноември, 11 од декември, три од јануари 2020 година и 21 лице од февруари. Позитивните луѓе се претежно од Ломбардија, потоа од Пиемонт, Лацио, Емилија Ромања, Тоскана и Венето.
„Оваа студија покажува неочекувано рано присуство на вирусот Сарс-Ков-2 кај асимптоматски луѓе во Италија, многу месеци пред откривањето на првиот пациент. Потрагата по антитела на вирусот во лицата без симптоми уште пред прогласувањето на епидемијата на Ковид, би можела да ја промени историјата на целата пандемија“, може да се прочита во објавената студија.
Масимо Гали, директор на Клиниката за инфективни болести „Луиџи Сако“ во Милано, за медиумите изјави дека се сомнева дека вирусот е „толку стар“ и дека е присутен во Италија од септември 2019 година.
„Тешко ми е да поверувам дека вирусот е толку стар и чекам конкретни потврди. Ако тој навистина постоел од септември 2019 година, потребно е да се разбере како тој не ги создаде првите жаришта. Треба да се оди полека, чекор по чекор“, изјавил Гали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Регион
(Видео) Насилни протести во Албанија: Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Во Албанија се одржа нов антивладин протест, кој беше обележан со тензии и судири со полицијата, пренесува Анадолија.
Опозицискиот протест се одржа на 35-годишнината од уривањето на споменикот на поранешниот диктатор Енвер Хоџа, што се одбележува на 20 февруари, со барање за оставка на премиерот Еди Рама.

Opposition supporters chant slogans during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Денешниот протест, организиран од Демократската партија (ПД) со поддршка на други опозициски партии, се одржа пред седиштето на албанската влада во Тирана.
Фрлени молотови коктели врз зградата на владата
Демонстрантите фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства врз зградата на владата, при што за време на немирите избувна пожар во надворешноста на зградата. Полициските сили одговорија со водни топови.
Лидерот на Демократската партија и поранешен премиер Сали Бериша за време на своето обраќање рече дека тие се вистинската опозиција и дека ќе ја спасат Албанија.
Обраќајќи се пред толпата, Бериша рече дека тие се собираат денес на еден од најважните денови во националната историја.
„Слободна Албанија, Албанија на слободни граѓани, ќе ја прогласи кражбата на граѓаните за сериозно кривично дело. Ќе ги казнат двојно повеќе оние службеници кои ќе избегаат“, рече Бериша.

Albanian opposition politician Sali Berisha speaks to supporters during a protest against the government in Tirana, Albania, 20 February 2026. The rally follows a political crisis amid a court deadlock over the suspension of Deputy Prime Minister Belinda Balluku and subsequent moves by Prime Minister Edi Rama to limit the powers of the Special Prosecutor (SPAK), with protesters demanding the government’s resignation. EPA/MALTON DIBRA
Полицијата одговори со солзавец и водени топови
По неговиот говор, протестот беше преместен пред зградата на пленарните сали на албанскиот парламент, каде што тензиите продолжија.
Демонстрантите повторно фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства, додека полицијата одговори со солзавец и водени топови.
Солзавец беше фрлен и во надворешната простор на џамијата, која се наоѓа во близина на зградата на парламентот. Некои демонстранти се засолнија во просторот пред џамијата за да го избегнат солзавецот, додека верниците во тој момент беа внатре во џамијата за верски служби.
Организаторите на протестот тврдат дека имало повредени за време на судирите.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.

