Свет
Крадците на богатство од музејот во Дрезден прогласени за виновни, украле дијаманти вредни 113 милиони евра
Судот во Германија денеска осуди петмина мажи на неколку години затвор за нивната вмешаност во грабежот на скапоцен камен во 2019 година во музејот во Дрезден, во кој се наоѓа една од најголемите европски уметнички колекции.
Тоа се смета за еден од најголемите грабежи во историјата.
Накитот украден за време на кражбата во музејот вклучува повеќе од 4.300 дијаманти проценети на повеќе од 113 милиони евра.
Меѓу нив бил и полскиот орден на белиот орел и раскошната дијамантска дијадема. Сепак, полицијата соопшти дека повеќето од украдениот накит е пронајден.
Шест Германци, сите на 20-ина години, се обвинети за тешка кражба и подметнување пожар.
Пет члена на едно семејство се осудени на казни од четири години до четири месеци и шест години и два месеца. Ослободен е шестиот член на семејството.
Thieves steal treasures ‘worth €1,000,000,000’ in raid on German museum https://t.co/9TRX5CS7eU via @MetroUK
— ⚔️🏹Kyle Moore 🏹⚔️ (@KingKandyKyle) November 25, 2019
Обвинителите рекоа дека мажите претходно пресекле дел од шипката на прозорецот и повторно ја прикачиле за да влезат во зградата што е можно побргу за време на грабежот.
Украдената колекција од Дрезден била составена во 18 век.
Колекцијата го преживеа бомбардирањето на сојузниците во Втората светска војна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
28 милиони долари за кампањата на Бајден собраа холивудските ѕвезди
Голем број холивудски ѕвезди, меѓу кои и Џорџ Клуни и Џулија Робертс на синоќешната донаторска вечера за кампањата на претседателот Џо Бајден собраа 28 милиони долари.
Тоа е најголема сума во историјата собрана за некој демократски кандидат.
Донаторската вечера се одржа во театарот Пикок во Лос Анџелес, а водителот на емисијата „Лејт најт“ (Late night), Џими Кимел, ги интервјуираше Бајден и поранешниот претседател Барак Обама, кои ја истакнаа потребата да се победи поранешниот претседател Доналд Трамп.
Бајден истакна дека за време на неговиот претседателски мандат „усвоен е секој главен закон што бил планиран“. Додека Обама изрази восхит за сеопфатната легислатива за здравствена заштита, јавни работи, животна средина, новите технологии, безбедноста на оружјето и другите големи иницијативи што ги спроведува сегашната администрација.
Трамп синоќа беше во Детроит и ја критикуваше економската политика на Бајден.
Европа
Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)
Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на ЕП, оној против Албанија, полицијата застрела и уби еден маж. Германските полицајци биле принудени на тоа, бидејќи мажот сакал со секира да нападне случајни минувачи во фан-зоната за време на Првенството.
Напаѓачот во Хамбург прво ги нападнал навивачите со секира, а потоа ги нападнал и обезбедувањето.
Полицијата прво употребила солзавец, а потоа пукала. Еден од истрелите на полицаецот бил предупредувачки, а вториот го погодил.
Наспроти првичните вести, нападот очигледно нема никаква врска со Европското фудбалско првенство.
„Местото на нападот е далеку од просторот каде се следат првенствените натпревари. Нема индиции дека напаѓачот има врски со некоја од навивачките групи“, соопштија од полицијата.
Денеска во Хамбург се игра натпреварот помеѓу Полска и Холандија и градот е преполн со навивачи на двата табора.
Европа
Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)
Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во Грција, четири лица загинаа, а три се повредени.
Според првите информации, во судирот што се случил нешто по 08:00 часот, едно возило изгубило контрола и удрило во автобус што минувал.
Патниците загинале на лице место, а пожарникарите го сечеле возилото за да дојдат до телата на настраданите во автомобилот.