Свет
Кралот Чарлс запознал 10 од 14 американски претседатели, еден го сакал за зет
Кралот Чарлс Трети, кој стана шеф на државата по смртта на мајка му, кралицата Елизабета Втора, се сретна со 10 од 14-те американски претседатели што се на власт од неговото раѓање во 1948 година.
Дружење со ќерката на Ричард Никсон во Белата куќа. Размена на приказни за јавање коњи со Роналд Реган. Дискусии за климатските промени со Доналд Трамп и Џо Бајден.
Имал само 10 години кога го запознал првиот претседател во 1959 година. Тоа беше кога Двајт Ајзенхауер ги посети кралицата и нејзиното семејство во замокот Балморал во Шкотска, каде што таа почина овој 8 септември по 70-годишно владеење.
Кенсингтонската палата објавила фотографија на која се ракува со Барак Обама за време на патувањето на претседателот во Лондон во 2016 година. Чарлс никогаш не ги запознал Хари Труман, Џералд Форд, Линдон Џонсон и Џон Ф. Кенеди.
Неговите средби со американските претседатели го вклучија она што тој го опишал како забавна викенд-посета на Белата куќа на Никсон во 1970 година со својата сестра Ана кога 20-годишниот иден крал, еден од најподобните ергени во светот, почувствувал желба да се спои со ќерката на претседателот.
„Тоа беше време кога се обидоа да ме оженат за Триша Никсон“, се присетил подоцна кралот.
Тој беше во друштво на Доналд Трамп, Обама, Бил Клинтон и Џорџ Буш кога ја претставуваше британската монархија на државниот погреб на поранешниот претседател Џорџ Х. Буш во Вашингтон во 2018 година. Чарлс се состана со Бајден минатата година на конференција за климатски промени во Глазгов, Шкотска.
Кралот ја посети Америка 20-ина пати од првото патување кога претседетале беше Никсон.
Кралските браќа и сестри беа поканети во Вашингтон од ќерките и зетот на Никсон, Триша Никсон, Џули Никсон Ајзенхауер и нејзиниот сопруг Дејвид Ајзенхауер, внук на претседателот Ајзенхауер, на тридневна посета во јули 1970 година.
Чарлс и Никсон се сретнаа и во Овалната соба. Иако претседателот можеби сакаше да ги спои своето и кралското семејство, тоа не се случи. Во јуни 1971 година, помалку од една година по посетата на Чарлс, Триша се омажи за Едвард Кокс. Една деценија подоцна, во 1981 година, Чарлс се ожени со Дијана Спенсер.
Многу од разговорите на поранешниот принц од Велс со неодамнешните американски претседатели се фокусираа на неговиот интерес за борбата против климатските промени. Чарлс водеше кампања за животната средина 50 години, но призна дека сега кога стана крал, неговата нова улога бара од него да го остави настрана својот активизам за тоа и за други прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник во Европскиот парламент Матијас Еке
Четворица германски тинејџери се под истрага за нападот врз германскиот пратеник во Европскиот парламент (ЕП) Матијас Еке, кога беше тешко повреден и му беше потребна операција, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека 17-годишникот дошол во полициската станица во саботата и рекол дека бил вклучен во нападот врз Еке, а полицијата идентификувала уште тројца напаѓачи во неделата, откако ги пребарала нивните домови и собрала докази, објави Ројтерс.
Сите четворица се германски државјани на возраст од 17 до 18 години.
Регион
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија
300 милиони луѓе го гледале интервјуто на српскиот претседател Александар Вучиќ за кинески CCTV.
Вучиќ во интервјуто посочи дека Србија може и треба да научи, како што наведе, „илјада работи од своите кинески пријатели“.
– Правиме големи подготовки за ЕКСПО. Кога управувате со земја имате високи цели. Секогаш мора да ги ставате новите цели на прво место. Ако сакаме да го постигнеме тоа, најдобар можен партнер за тоа отсекогаш била, и секогаш ќе биде, Народна Република Кина. Тука е и претседателот Кси, бидејќи тој секогаш го држи зборот. Го гледам како обичен, скромен човек, кога ќе вети нешто, го исполнува. Не можам да ви кажам дали имаме големи работи во железничкиот сектор, целокупната инфраструктура или индустрискиот сектор, економијата, туризмот, културата, но секако има илјадници работи што можеме и мораме да ги научиме од нашите кинески пријатели – рече Вучиќ во интервјуто за кинеската телевизија.
Свет
Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда во Турција
Едно лице е тешко повредено во експлозија во станбена зграда во турскиот град Текирдаг, во северозападна Турција.
Засега не е познато што ја предизвикало експлозијата во станот на последниот кат од петкатницата, а како што неофицијално дознава телевизијата ТРТ, најверојатно е дека експлодирала плинска боца.
Од силината на експлозијата оштетени се ѕидовите во станот, а искршени се прозорците.