Свет
Кремљ не очекува конкретни договори на самитот меѓу Путин и Бајден
Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Џо Бајден во Женева в среда не се очекува да донесе конкретни договори, но разговорите сепак ќе бидат корисни, изјави официјален претставник на Кремљ.
Двајцата лидери се состануваат првпат откако Бајден стана претседател во време кога билатералните односи се на најниско ниво во последните неколку години.
Темите на дискусијата вклучуваат нуклеарна безбедност, климатски промени, сајбер-безбедност и судбината на американските граѓани во руските затвори и на руските државјани во американските затвори, рече Јуриј Ушаков, советник за надворешна политика.
Двајцата лидери ја отворија можноста за размена на затвореници: двајца поранешни американски маринци притворени во Русија за Руси во затворите во САД. Москва, како што рече еден од адвокатите минатата година, сака да го види слободен Виктор Бут, руски трговец на оружје.
Пред состанокот Ушаков им изјави на новинарите дека ја договорил агендата со советникот за национална безбедност на Белата куќа, Џејк Саливан.
„Не сум сигурен дека ќе бидат постигнати договори. Јас го гледам тој состанок со практичен оптимизам“, изјави Ушаков пред новинарите.
Во март Бајден го нарече Путин „убиец“ и ја обвини Русија за неприфатливо однесување на неколку фронта, анализираат медиумите.
Во април тој го повика Путин и предложи состанок за решавање на споровите.
Руско-американските односи потонаа по руската анексија на Крим во 2014 година. САД исто така ја обвинуваат Русија за мешање во претседателските избори во 2016 година и беа воведени санкции за руски компании и поединци.
„Ситуацијата е блиску до критична точка. Секако, во тој контекст треба да се стори нешто“, рече Ушаков, поранешен амбасадор во САД од 1998 до 2008 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Бродот на Тито настрада на пристаништето во Риека
Вчера во риечкото пристаниште дојде до поморска незгода во која товарен брод удрил во бродот „Галеб“. Несреќата се случила додека „Галеб“ бил приврзан на Ријечкиот лукобран, а во него при маневрирање налетал товарниот брод DENIZ AKAY, кој плови под знамето на Барбадос.
Бродот од Риека требало да исплови за Турција, но по инцидентот сега тоа нема да биде во можност. Капетанот на капетанијата, Дарко Глажар, накратко изјавил дека, според првичните информации, многу е веројатно турскиот брод да имал дефект на погонскиот систем и дека веднаш му е издадена забрана за испловување од пристаништето додека не се утврдат сите потребни факти во овој судир.
Исто така, според првичните информации, нема повредени лица, а штетата на двата брода ќе се утврдува дополнително.
Свет
Маж нападна полицаец со нож во Париз
Маж вооружен со нож, кој се обиде да нападне полицаец кај Триумфалната капија во Париз, беше ранет од неколку куршуми испукани кон него од друг припадник на безбедносните сили, објави агенцијата Франс прес, повикувајќи се на полициски извор.
Напаѓачот е однесен во болница. Полицијата е присутна кај Триумфалната капија, споменик во центарот на Париз во близина на Шанзелизе, за церемонија на палење факел на Гробот на непознатиот војник.
Националното обвинителство за борба против тероризмот објави дека го презема случајот.
фото/Depositphotos
Свет
Зеленски: Путин не е млад човек, нема многу време
Украинскиот претседател Володимир Зеленски верува дека само САД имаат моќ да ја принудат Русија да склучи мир.
„Да бидеме искрени, денес само Европа ѝ дава пари на Украина и ѝ помага. Само САД можат да го сопрат Путин“, изјави тој за POLITICO.
Сепак, Зеленски изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот.
„Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој.
„Не мислам дека тоа е правилниот став. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже да нема многу“, заклучи тој.

