Свет
Куба и Јужна Кореја ги обновија дипломатските односи
Куба и Јужна Кореја вчера ги обновија дипломатските односи по повеќе од 60 години. Двете земји објавија дека тоа се случило преку размена на дипломатски ноти меѓу нивните претставништва во Обединетите нации, пишува агенцијата дпа.
„Одлуката за воспоставување официјални односи меѓу двете земји е донесена во согласност со целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право, а во согласност со духот и правилата утврдени со Виенската конвенција за дипломатски односи од 18 април 1961 година“, се вели во изјавата на јужнокорејскиот претставник во ОН.
Хавана и Сеул ги прекинаа односите по Кубанската револуција во 1959 година. Куба е сојузник на Северна Кореја, а во двете земји на власт се комунисти. Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг Ун, ја прогласи Јужна Кореја за најголем непријател на земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Уривање на дел од автопат во Кина: Најмалку 24 лица загинаа, 30 се повредени
Најмалку 24 лица загинаа, а 30 се повредени при уривање на дел од автопат на југот на Кина, во провинцијата Гуангдонг, јавија кинеските медиуми.
„Осумнаесет автомобили паднаа по падината откако се урна дел од автопатот долг 17,9 метри околу 2 часот по полноќ“, се вели во соопштението на властите во градот Мејџоу во провинцијата Гуангдонг, пренесува АП.
Според американската агенција, околу 11:45 часот по локално време под урнатините биле пронајдени 18 автомобили.
Свет
Блинкен им порача на Израел и Хамас дека е време за прекин на огнот
Државниот секретар на Соединетите Држави (САД) Ентони Блинкен се состана со израелските лидери на 1 мај, за време на посетата на Израел, а во таа прилика му порача на претседателот на земјата дека „е дојдено времето“ за договор за прекин на огнот во војната во Газа.
Ова е седма посета на Блинкен од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас – палестинска група прогласена за терористичка организација од страна на САД и Европската Унија уште од октомври.
Блинкен се обидува да постигне договор кој би ги ослободил заложниците кои ги држат милитантите на Хамас во замена за прекин на борбите. Како дел од договорот се очекува да бидат ослободени и палестинските затвореници.
Свет
Француските експерти препорачуваат децата да не користат паметни телефони пред да наполнат 13 години
На децата не треба да им се дозволува да користат паметни телефони пред да наполнат 13 години и треба да им се забрани користењето на конвенционалните социјални медиуми како ТикТок, Инстаграм и Снепчет до 18 години, се вели во експертскиот извештај нарачан од францускиот претседател Емануел Макрон.
Макрон побарал експертите да предложат упатства за употреба на паметни телефони кај детската популација.
Тој сака да преземат решителни чекори за да ја ограничат нивната изложеност на негативното влијание на оваа технологија, пренесува лондонски Гардијан.