Свет
Курц: Австрија е на почетокот на кризата, се забранува собирање повеќе од пет луѓе на едно место
Австрија од денеска е во вонредна состојба поради кронавирусот. Заострените мерки ќе траат една недела, а потоа ќе се направи проценк што понатаму, изјави австрискиот канцелар, Себастијан Курц.
Тој нагласил дека Австрија е на почетокот на кризата и дека се очекува заразата следните денови да земе уште поголем замав.
Курц рекол дека мора да ги разочара сите што мислат дека мерките важат од денес за утре и дека драстичните мерки и ограничувањата за движење треба доследно да се спроведуваат за да се забави ширењето на вирусот.
„Ќе ја пребродиме кризата побргу ако сите сме многу дисциплинирани“, истакнал Курц.
Од денеска во Австрија е ограничено движењето на јавни места и има забарана за собирање повеќе од пет луѓе на исто месо. Воведени се и ограничувања за влез во земјата.
Се препорачува да се минимизираат социјалните контакти, а луѓето да ги напуштат своите домови само ако одат на работа, да купат продукти и лекови или да им помогнат на другите.
Меѓу другото, со суспендирање на сите културни и религиозни настани, сите образовни институции, повеќето од продавниците, освен оние што продаваат храна и лекови, ќе бидат затворени, а сите гастрономски објекти, спортски центри и игралишта ќе бидат затворени од вторник. Полицијата ќе го следи спроведувањето на мерките и непочитувањето ќе биде казнето.
Според Министерството за здравство и социјална заштита, во Австрија има 959 заразени лица со коронавирус, од кои шест закрепнале, а две починале.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Вашингтон одложил неколку испораки на оружје за Израел
Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден одложи неколку испораки на оружје за Израел во изминатите две недели, изјави неименуван извор за Политико.
Изворот близок до администрацијата тврди дека Вашингтон на тој начин сака да испрати политичка порака до Тел Авив.
Белата куќа, се вели, не може да поддржи израелска офанзива врз градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа без соодветен и веродостоен хуманитарен план.
Одложените пратки вклучуваат опрема за наведувани бомби направени од Боинг, дизајнирани да бидат попрецизни.
Свет
(Видео) На аеродромите во Велика Британија илјадници патници блокирани: Проблемот е на „национално ниво“
Аеродромите низ Велика Британија се во хаос откако сите порти беа затворени поради компјутерска грешка во граничните служби, пишува Дејли мејл.
Сликите на социјалните мрежи покажуваат огромни редици пред портите додека илјадници луѓе чекаат да им ги проверат пасошите.
At Heathrow Airport and no one is allowed to get through passport security. The queue is way longer than this. Apparently the issue is a system outage. pic.twitter.com/QdGhlLezZS
— Roshane Thomas (@RoshaneSport) May 7, 2024
Се шират гласини дека Хитроу не е единствениот аеродром погоден од наводната грешка, туку и Манчестер и Гетвик.
Big issues at Heathrow Passport Control with every single E-Gate not working. This is T3 pic.twitter.com/EkzcYGRckP
— Sam Morter (@SamuelMorter) May 7, 2024
Персоналот на Хитроу, наводно, им рекол на патниците во редици дека тоа е национален проблем.
Fun at Heathrow T5. Computers down at border control. Massive queue. Staff trying their best to keep people informed and some very entitled people here! #heathrow #bordercontrol #T5 pic.twitter.com/kKk2SdUtT4
— Nikki Woodruff 💙 (@ManicPeanut) May 7, 2024
Една патничка за „Дејли мејл“ изјавила дека чекала ред цел час, а персоналот на аеродромот почнал да дели вода.
Таа додаде дека на луѓето им било кажано дека аеродромот работи на алтернатива за проверка на документите на патниците.
Регион
Кси слета во Србија: Претседателот на Кина пречекан од Вучиќ и државниот врв
Заедно со претседателот на Србија Александар Вучиќ и првата дама, кинескиот претседател Кси Џинпинг беше пречекан на црвениот тепих од српската делегација составена од премиерот Милош Вучевиќ, претседателката на Собранието Ана Брнабиќ, министерот за надворешни работи Марко Ѓуриќ, српската амбасадорка во Кина Маја Стефановиќ и кинескиот амбасадор во Белград Ли Минг со сопругата.
Свечениот пречек на кинеската делегација која брои 400 лица е закажан за в среда пред палатата „Србија“.
Домаќин на претседателот Кси Џинпинг ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ, а двајцата лидери ќе разговараат за широк спектар на теми – од политички, економски и технолошки до соработка во областа на културата.
За време на дводневната посета на Кси Џинпинг на Србија, планирано е да се потпишат над 30 договори.
Беше организиран и свечен ручек на кој кинескиот претседател ќе има можност да дегустира српски јадења и вина, а ќе има и музичка програма на српски и кинески јазик, која ќе заврши со песната „Ова е Србија“.
Поради доаѓањето на кинескиот претседател преземени се големи безбедносни мерки, па неговата делегација ќе ја обезбедуваат 3.400 полицајци.