Свет
Хонг Конг почнува клинички тестови за потенцијален лек за коронавирусот
Лекарите од Хонг Конг почнуваат со клиничко испитување на експерименталниот лек „ремдесевир“, кој се смета за потенцијално ефикасен во борбата против инфекцијата со коронавирус, пренесува ТАСС.
„Етичката комисија на Хонг Конг го одобри клиничкото испитување на ‘ремдесевир’ во државните болници во Хонг Конг. Подготовката за испитувањата е завршена и болниците ‘Принцес Маргарет’, ‘Принц оф Вејлс’ и ‘Квин Мери’ ќе почнат со регрутирање пациенти“, изјави портпаролката на Регулаторното тело за болници во Хонг Конг.
Лекот првично е развиен од компанијата „Гилејд сајансес“, американска фармацевтска компанија, за борба против вирусот ебола и други болести. Лекарите веруваат дека може да биде ефикасен и во лекувањето на инфекцијата со новиот коронавирус.
Клинички тестови на овој лек кај пациенти со Ковид-19 веќе се во тек во Кина, резултатите се очекуваат до крајот на април. Во меѓувреме тајванските научници од неодамна го синтетизираат „ремдесевир“ самостојно во случај да се докаже неговата ефикасност против коронавирусот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.