Свет
Куќата од која избегал Ел Чапо се нуди како награда на лотарија во Мексико
Мексиканската влада како награда на лотарија ја нуди куќата од која наркобосот Хоакин Гузман, познат како Ел Чапо, избега во 2014 година, а потоа беше осуден на доживотен затвор во САД.
Куќата во Кулијакан, главниот град на државата Синалоа, во североистокот на Мексико, се проценува на 3,6 милиони пезоси (184.000 американски долари), се наведува на веб-страницата на Националната лотарија.
Тоа е дел од понудата на награди во вкупна вредност од 12,5 милиони долари, што владата ги намени за лотаријата на 15 септември.
На 16 февруари 2014 година Ел Чапо избегал од таа куќа преку подземен тунел. Тој беше уапсен шест години подоцна во државата Синалоа и испратен во затворот од кој избега. Повторно беше уапсен во 2016 година и следната година беше екстрадиран во САД, а во јули 2019 година беше осуден на доживотен затвор во Њујорк.
Тој ја издржува казната во високобезбедносен затвор во Колорадо. Со години важеше за најмоќниот дилер на дрога во светот.
Владата на левичарскиот претседател на Мексико, Андрес Мануел Лопез Обрадор, претходно безуспешно се обиде да ги продаде неговата куќа и другиот конфискуван имот, што ги стекнал преку организиран криминал.
Лопез Обрадор тогаш изјави дека има намера парите од таа продажба да ги потроши на образование и здравство.
Владата нуди и куќа во горниот кварт Педрегал, во јужниот дел на Мексико Сити, која беше во сопственост на Амад Карил, покојниот шеф на картелот Хуарез.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Дачиќ симнат од респиратор
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ денес е симнат од механичка вентилација, пренесува „Блиц“.
Медиумот пренесува дека министерот за здравство Златибор Лончар денес изјави дека здравствената состојба на министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е подобра отколку што беше, додавајќи дека постојат причини за оптимизам, но и дека мерките за интензивно лекување и терапија продолжуваат.
„Неговата моментална состојба е подобра отколку што беше, што ни дава причина за оптимизам. Важно е што сè уште има многу работа да се направи, мерките за интензивно лекување и примената на интензивна терапија продолжуваат. Тоа е она што ќе го кажам во овој момент, а луѓето што го лекуваат ќе го објаснат подетално во текот на денот“, изјави Лончар за новинарите по посетата на здравствениот центар Вождовац.
Свет
Европската комисија го разгледа развојот на ситуацијата на Блискиот Исток: проценети можните ефекти од прелевањето на конфликтот
Европската комисија денес објави дека го разгледала развојот на ситуацијата на Блискиот Исток, како и дека ги проценува можните ефекти од прелевањето на конфликтот врз Европската Унија.
Комисијата во соопштението наведува дека ќе се фокусира на управување со какви било негативни последици што произлегуваат од развојот на настаните во регионот, објави Ројтерс.
ЕК истакна дека внимателно ги следи цените на енергијата и нивната испорака, како и дека ќе свика работна група за енергија во соработка со националните власти.
Во исто време, Комисијата го интензивира следењето на потенцијалните прекини во транспортот, особено во Ормутскиот теснец и Црвеното Море, се додава во соопштението.
САД и Израел го нападнаа Иран во саботата во, како што нарекоа, „превентивни напади“, кои дојдоа по неуспехот на неколку рунди преговори за нуклеарната програма на Иран.
Потоа Иран започна масовни напади како одмазда против Израел и цели поврзани со САД низ целиот регион на Блискиот Исток, објавува Танјуг.
Свет
Почина и сопругата на иранскиот ајатолах: им подлегна на повредите
Мансуре Хоџастех, сопругата на врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, почина од повредите здобиени во неодамнешните американско-израелски напади, објавија иранските државни медиуми.
Медиумите потсетуваат дека Хамнеи беше убиен во заеднички американско-израелски напади насочени кон неколку локации во Техеран и неговата околина.
Според иранските државни медиуми, Хоџасте беше повредена во истиот бран напади, а денес им подлегна на повредите.

