Свет
Лавров: САД ја подготвуваат Европа за директен конфликт со Русија

Соединетите Американски Држави ја подготвуваат Европа за самоубиствена авантура на влегување во директен воен конфликт со Руската Федерација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.
„Како резервна опција во случај режимот на украинскиот претседател Володимир Зеленски да пропадне, САД ја подготвуваат континентална Европа да се втурне во самоубиствена авантура и да влезе во директен вооружен конфликт со Русија“, рече тој говорејќи на меѓународниот симпозиум „Создавање на иднината“, пренесува агенцијата „РИА новости“.
На симпозиумот Лавров истакна дека Берлин срамно го прифатил понижувачкото уништување на „Северен тек“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Снимен моментот на земјотресот во Истанбул во емисија во живо, новинарката во паника

Моментот на земјотресот во Истанбул со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала беше снимен во емисија во живо. На видеото се гледа како новинарката ја фаќа паника и го прекинува разговорот со гостите кои се приклучени преку видео врска.
CNN Turk's broadcast during the 6.2 earthquake in Istanbul, Türkiye. pic.twitter.com/sm0l7TB1zz
— Clash Report (@clashreport) April 23, 2025
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.
Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12:49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област која се наоѓа на околу 80 километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.
Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено откако скокнало од балкон за време на земјотресот.
АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.
По првиот земјотрес, Турција беше погодена од серија помали, но, сепак, силни земјотреси со јачина од 5,0, 2,6, 4,3, 4,5 и 5,0 степени.
Засега нема извештаи за уривање на згради.
Свет
(Видео) Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Истанбул

Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Истанбул, соопшти турската агенција АФАД.
Засега нема извештаи за големината на штетата, но жителите на најголемиот турски град се евакуирани од зградите.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 12.49 часот по локално време, бил во областа Силиври, област што се наоѓа на 80-ина километри западно од Истанбул. Земјотресот се случи на длабочина од 6,92 километри, соопшти АФАД.
Турската телевизија ТГРТ јавува дека едно лице е повредено кога скокнало од балкон за време на земјотресот.
АФАД ги предупреди жителите на регионот да не влегуваат во оштетените згради.
Свет
Венс: САД понудија експлицитен предлог за прекин на војната, време е страните да се согласат

Потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Џеј-Ди Венс, изјави дека САД понудиле многу експлицитен предлог до Русија и Украина на патот кон мировен договор и истакна дека е време тие или да кажат „да“ или САД да се повлечат од процесот, објави денес „Блумберг“. „Мислам дека ќе се повлечат нови линии на конфликт онаму каде што се моментно постојните или во непосредна близина“, рече Венс за време на обраќањето пред новинарите во Индија откога ја заврши својата обиколка на Таџ Махал.
Тој додаде дека ова значи дека и Украина и Русија ќе мора да се откажат од дел од териториите што моменлно ги контролира една од страните.
„Ќе мора да има размена на територии“, рече Венс додавајќи дека двете страни „мора да го положат оружјето, да го замрзнат конфликтот и да продолжат да градат подобра Русија и подобра Украина“.
Тој истакна дека е оптимист во врска со преговорите додавајќи дека гледа оти сите страни досега преговарале со добра волја. „Блумберг“ наведува дека замрзнувањето на конфликтот по постојната линија на фронтот би било многу поголема загуба за Украина, чија намера беше да ги врати сите територии на исток и на југ од земјата, што Русија ги зазеде во периодот од 2011 година, вклучувајќи го и Крим. Претходно, американските претставници изјавија дека САД се подготвени да ја признаат руската контрола врз Крим и да ги ублажат санкциите кон Москва како дел од потенцијален мировен договор, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не може де јуре да го признае Крим бидејќи тоа е спротивно на украинскиот Устав, пренесува „Танјуг“.
Разговорите планирани за денес во Лондон меѓу највисоките претставници на САД, Украина и големите европски сили беа сведени на средби на техничко ниво откога американскиот државен секретар Марко Рубио ја одложи посетата.