Европа
Лавров со порака: Сценаријата осмислени од Западот нема да поминат
Москва ги забележува секојдневните обиди на западните земји да се мешаат во внатрешната и надворешната политика на Русија, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, предупредувајќи дека Западот може да се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во земјата пред изборите за државната Дума во септември.
„Нашите колеги од западните земји не кријат дека повеќе сакаат да се справат со слаба Русија, лишена од обележја, подготвена на какви било отстапки. Гледаме речиси секојдневни обиди за влијание врз нашата внатрешна и надворешна политика“, рече шефот на руската дипломатија.
Според него, западните земји користат широк спектар на инструменти за таа намена.
„Ова се исто така воени провокации, како што беше неодамна случајот со Крим со воените бродови на НАТО – тие исто така одат тука до Јужното Кинеско Море, па нивните амбиции не познаваат граници. И, се разбира, има и незаконски економски санкции, киднапирања наши граѓани во странство со презентирање барања што треба да се регулираат со меѓународни договори, но Западот ги игнорира“, изјави Лавров.
Како што додаде, на сите не им одговара тоа што Москва засекогаш ги надмина тешкотиите во 90-тите години и ефикасно ги решава проблемите, со што истовремено ги зајакнува своите меѓународни позиции.
Лавров предупреди и дека Западот може да се обиде да ја дестабилизира ситуацијата во Русија, да организира протести во пресрет на изборите за државната Дума на Русија, кои ќе се одржат во септември.
„Кампања за непризнавање на нашите избори веројатно ќе биде поведена после тоа – има такви планови, знаеме за нив, но, пред сè, ќе се фокусираме на ставот, мислењето на нашиот народ, кој е во состојба да ги процени постапките на владата и го изразуваат своето мислење за тоа како сакаат да ја развиваат својата земја , рече Лавров.
Во исто време тој посочи дека ваквите обиди за мешање ќе бидат потиснати.
„Под целосна одговорност сакам да кажам дека сценаријата осмислени од Западот нема да поминат, претседателот на Русија, Владимир Путин, зборуваше за тоа неколкупати. Последен пат во обраќањето пред Федералното собрание тој ги предупреди оние што се обидуваат да разговараат со нас за тоа велејќи дека организаторите ќе жалат за какви било провокации против нас, додаде шефот на руската дипломатија.
Изборите за државната Дума ќе се одржат на 19 септември. Регионалните и општинските избори ќе се одржат истовремено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Уапсени двајца тинејџери во Франција: планирале терористички напад
Двајца 16-годишници беа уапсени претходно оваа недела во северна Франција под сомнение за планирање напади врз трговски центар или концертна сала, соопшти канцеларијата на францускиот обвинител за антитероризам во петокот.
Апсењата спречија планиран напад, соопшти канцеларијата, пренесува Ројтерс.
Обвинителот за антитероризам рече дека еден од двајцата малолетници почнал да следи џихадистичка пропаганда. Имињата на уапсените не беа објавени.
Европа
Мерц реизбран за лидер на ЦДУ
Германската владејачка партија, Христијанско-демократската унија (ЦДУ), денес го реизбра Фридрих Мерц за свој лидер.
Мерц беше поддржан од 878 од 963 членови на партијата на националната партиска конференција во југозападниот град Штутгарт.
Резултатот е негов втор најдобар досега.
Во 2022 година, тој беше избран со 94,6 проценти од гласовите на онлајн партиска конференција, а подоцна беше потврден со гласање по пошта со 95,3 проценти од гласовите. Во 2024 година, тој доби 89,8 проценти од гласовите.
Дводневниот партиски состанок доаѓа на почетокот на предизвикувачка година за ЦДУ, која се соочува со избори во пет федерални држави во март и септември.
Според анкетите, крајната десница ги надминува конзервативците во две источни држави.
Мерц на митингот изјави дека ЦДУ мора „да спречи враќање на крајнодесничарскиот радикализам на власт во федералните држави на Германија“.
Европа
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија
Уште тројца скијачи загинаа во лавини во Австрија денес, соопштија властите, во најновиот смртоносен инцидент оваа зима.
Две лица се пронајдени мртви по лавина во скијачкиот центар Санкт Антон ам Арлберг.
„Жртвите беа извлечени од снегот, но не беше можно да се спасат“, изјави портпаролот на полицијата. Уште три лица се повредени. Властите првично не дадоа никакви детали за идентитетот, возраста или националноста на жртвите.
Претходно, 42-годишен германски скијач загина во лавина во тиролскиот скијачки центар Наудерс. Мажот скијал надвор од стазата со својот 16-годишен син, кој преживеал со сериозни повреди, соопшти полицијата. Тие се обидувале да ја преминат северната падина кога се откинала плоча од снег широка околу 400 метри, носејќи ги околу 200 до 300 метри надолу.
До 40 сантиметри свеж снег паднале во делови од Тирол во последните денови. Властите предупредија дека ризикот од понатамошни лавини останува висок. Само во среда во Тирол беа регистрирани повеќе од 30 лавини.

