Свет
Ликвидиран серискиот бомбаш од Тексас

Полицијата и ФБИ го пронашле осомничениот за серијата експлозии во американскиот град Остин, кој се наоѓа во сојузната држава Тексас. Некои американски медиуми пренесоа дека напаѓачот е мртов.
Според информациите, осомничениот при апсењето активирал експлозивна направа, а се слушнале и истрели. Според други извори, осомничениот бил убиен.
The Texas serial bombing suspect has been killed after being tracked down by police, according to US media reports. More details here: https://t.co/nDpw2naa1o pic.twitter.com/3UCuElJToo
— Sky News (@SkyNews) March 21, 2018
Колку за потсетување, во Остин во изминатите неколку дена се случија четири мистериозни експлозии во кои имаше жртви и повредени. Петтата експлозија што се поврзува со овој случај беше забележана вчера кога во друг град експлодираше пакет од „Федекс“ испратен од Остин.
Локалниот шериф ги предупреди жителите на Остин да останат во своите домови додека населбата што беше цел на нападот не биде целосно обезбедена.
Методот за напад беше таков што картонски пакети беа оставени директно пред куќите на неколку лица, а експлозивот бил направен од делови што можат да се набават во продавница за техника. На овој случај, покрај локалната полиција, работат и експерти од ФБИ и од Агенцијата за алкохол, тутун и огнено оружје (ATF).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.