Свет
Лукашенко по средбата со Шојгу: Ни требаат гаранции дека Русија ќе нè брани како своја територија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека на Белорусија ѝ се потребни гаранции дека Русија ќе ја брани Белорусија како своја територија во случај на надворешен напад врз таа земја, пренесува „Белта“.
Ова го изјави Лукашенко во Минск на средбата со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, кој пристигна во Белорусија по неодамнешните разговори меѓу Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин.
„Западните земји не ги исполнуваат и всушност ги погазија договорите за безбедносни гаранции, кои беа дадени со меморандумот од Будимпешта во замена за повлекување на нуклеарното оружје“, рече Лукашенко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Претседателот на Колумбија: Зеленски дозволи да го манипулираат Западноевропејците

Колумбискиот претседател го критикува планот на Украина да го потпише договорот за минералите со Соединетите Американски Држави нарекувајќи го тоа глупост на украинскиот претседател Володимир Зеленски, јавува „Анадолија“.
„Глупоста на Зеленски, јасно го кажувам ова, е тоа што дозволи да биде манипулиран од Западноевропејците, кои не знаат каде одат – кон Хитлер или кон ништо. Тие се борат со своите браќа Словени и на крајот им ја даваат Украина на Американците. Глупост“, напиша Густаво Петро на мрежата „Икс“ со веста за потенцијален договор меѓу Киев и Вашингтон.
La estupidez de Zelensky, y lo digo con todas las letras, por dejarse manipular por los europeos occidentales, que no saben para donde van, si hacia Hitler, o hacia nada; pelean con su hermanos eslavos y termina regalando Ucrania a los norteamericanos.
!Estupidez! https://t.co/5kxNdlesyV
— Gustavo Petro (@petrogustavo) February 26, 2025
На 3 февруари американскиот претседател Доналд Трамп потврди дека е заинтересиран за ретки минерали од Украина. Тој додаде дека војната во Украина мора да заврши и дека САД мора да добијат нешто за возврат доколку продолжат да му помагаат на Киев.
Вчера, тој рече дека слушнал оти Зеленски ќе дојде в петок. Тој посочи дека е отворен за состаноци додека траат преговорите. „Слушнав дека доаѓа в петок. Секако, добро е ако сака да потпише. Разбирам дека тоа е голема, многу голема работа“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба.
Свет
Макрон ги извести членките на ЕУ за разговорот со Трамп

Фрнцускиот претседател Емануел Макрон ги информира другите лидери на земјите членки на ЕУ за неговата посета на Вашингтон како дел од подготовките за вонредниот самит следната недела.
„Многу успешна подготовка за вонредниот самит на 6 март, на кој ќе одлучиме за поддршка на Украина и зајакнување на европската одбрана“, најави претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, по видеоконференцијата на која присуствуваа лидерите на сите 27 земји членки и претседателот на Европската комисија.
Коста свика вонреден самит за следната недела, кој ќе биде посветен на Украина и европската безбедност.
Францускиот претседател Емануел Макрон три часа разговараше со американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот во Вашингтон.
По средбата, тој изјави дека постигнувањето мир во Украина не смее да значи предавање на Киев и инсистира на потребата од безбедносни гаранции за да се избегне Русија да продолжи со нападот.
И покрај големите разлики во мислењата со домаќинот на американскиот претседател Доналд Трамп, Макрон рече дека е убеден оти постои пат да се стави крај на војната во Украина.
Британскиот премиер Кир Стармер в четврток во Вашингтон ќе се сретне и со американскиот претседател Доналд Трамп.
Потоа Стармер ќе ги собере лидерите на неколку земји членки на ЕУ во Лондон и ќе ги извести за разговорот со Трамп.
Европската Унија и Обединетото Кралство, кое ја напушти ЕУ пред пет години, работат на заеднички план за одбрана на континентот.
Свет
Француски научници признаа дека го нападнале рускиот конзулат во Марсеј

Лицата осомничени дека фрлиле „молотови коктели“ кон рускиот конзулат во Марсеј се научници од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објави локалниот весник La Provence повикувајќи се на неименувани извори.
Според окружниот обвинител Николас Бесон, двајца уапсени, инженер и хемичар на возраст меѓу 40 и 50 години, признале дека го извршиле нападот користејќи импровизирани експлозивни направи.
Научниците не само што ги признаа фактите објаснувајќи дека дејствувале во поддршка на украинската кауза туку и детаљно го опишале нивниот начин на работа, рече изворот.
Според францускиот кривичен закон, тие се соочуваат со 10 години затвор доколку бидат осудени за оштетување имот со експлозиви.