Свет
Лукашенко: Соседните земји се подготвени за можна агресија врз Белорусија
Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека забележал оти соседните земји се подготвени за можна агресија врз неговата земја, пренесува ТАСС, повикувајќи се на белоруските медиуми.
„Не можеме да исклучиме можна агресија врз нашата земја. Барем гледаме таква подготвеност кај нашите соседи. Свесни сме кој ги поттикнува токму тие соседи да создаваат тензии на нашите граници“, рече Лукашенко на состанокот со армијата и безбедносните сили по денешното тестирање на државниот систем за одговор, пренесува агенцијата Белта.
Според белорускиот претседател, сето тоа ја поттикнало одлуката за тестирање на силите за одговор при итни случаи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Израел: Имаме намера да ја прошириме воената операција во Рафах
Израел има намера да ја прошириме воената операција во Рафах, изјави денеска министерот за одбрана Јоав Галант на советникот на американскиот претседател Џо Бајден, кој предупреди на поголема акција во градот на југот на Појасот Газа, што може да доведе до масовни цивилни жртви.
Израел го опишува Рафах, град на границата на крајбрежната енклава со египетскиот Синај, како последно засолниште на исламистичкото движење Хамас, чие лидерство и борбен капацитет се обиде да го оневозможи за време на повеќе од седуммесечната војна.
По неколку недели јавно несогласување со Вашингтон околу планирањето на нападот на Рафах, Израел им нареди на палестинските цивили да евакуираат делови од градот на 6 мај, а израелските војници и тенкови ја започнаа операцијата. „Ние сме посветени на проширување на копнената операција во Рафах за да го завршиме отстранувањето на Хамас и враќањето на заложниците“, му рекол Галант на советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан, се вели во соопштението од неговата канцеларија.
Израел верува дека Хамас држи десетици заложници во Рафах откако го нападна јужен Израел на 7 октомври. Западните сили и Египет изразија загриженост за судбината на стотици илјади раселени Палестинци кои се засолниле таму и покрај израелските гаранции за нивната безбедност.
Агенцијата на Обединетите нации за помош и работа за палестинските бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека проценува дека од 6 мај Рафах го напуштиле 810.000 луѓе, што е потенцијално повеќе од половина од неговото воено население.
Во соопштението од канцеларијата на Галант се истакнува дека тој „на советникот Саливан му ги претставил мерките што Израел ги спроведе за евакуација на населението од областа Рафах и обезбедување соодветен хуманитарен одговор“.
Регион
Заврши вештачењето на осомничените за убиството на Данка Илиќ, прогласени се за пресметливи
Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, кои се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2), по психијатрискиот преглед во Специјалната затворска болница во Белград, се прогласени за пресметливи.
Драгијевиќ и Јанковиќ во април беа испратени во Специјалната затворска болница во Белград на психијатриско вештачење, а денеска од Вишото јавно обвинителство Зажечар за „Нова.рс“ потврдија дека осомничените врз основа на наодите на вештачењето се прогласени за пресметливи.
Според досега добиените резултати од вештачењето на ДНК во Вишото јавно обвинителство во Заечар, од девојчето Данка Илиќ нема биолошки траги.
Сè уште трае и вештачењето на движењето на возилото на осомничениот врз основа на ГПС-уредот.
Свет
Захарова: Земјите од НАТО веќе ги враќаат оние што беа испратени да обучуваат украински војници
Некои земји од НАТО веќе ги враќаат оние што ги испратија во Украина за наводно да ги обучуваат вооружените сили на Украина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова.
„Некои земји веќе ги враќаат своите експерти. Тие само молчат за тоа. Се надевам дека храбрата Каја ќе ги каже деталите“, напиша Захарова на својот профил на Телеграм, коментирајќи ја изјавата на естонската премиерка Каја Калас дека некои земји од НАТО веќе обучуваат украински војници на територијата на Украина.
Весникот „Политико“ на 16 мај објави, повикувајќи се на висок функционер на една од земјите на НАТО, дека Северноатлантската алијанса засега не планира да испрати војници во Украина, но дека претставниците на НАТО би можеле да дојдат на ова земјата во иднина да ги обучуваат украинските вооружени сили.