Свет
Маж од Австралија со симптоми на смртоносниот корона вирус ставен во карантин

Здравствените власти во Квинсленд потврдија дека во Австралија, најверојатно, се појавил првиот случај на зараза со новиот смртоносен корона вирус и дека пациентот е ставен во карантин.
Се работи за маж, чиј идентитет засега не се открива, неодамна се вратил од Кина со симптоми на респираторна болест. Властите ги чекаат резултатите од анализите, кои би требало да утврдат дали пациентот заболел од новиот вирус. Човекот е ставен во карантин во куќа во Брисбен, пренесе „Гардијан“.
Кинеската државна здравствена комисија вчера потврди дека вирусот, сличен на САРС, почнал да се пренесува од човек на човек и дека со него се заразиле над 200 луѓе, вклучително и медицински персонал, а денеска е соопштено дека починало и четврто лице.
Вирусот се прошири на Тајланд, Јужна Кореја и во Јапонија, а многу земји ги зајакнаа контролите над лицата што пристигнуваат од Кина. Најмалку три аеродроми во САД почнаа да ги прегледуваат патниците што пристигнуваат од тоа подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Америка потврди: Ако дојде Путин, доаѓа и Трамп

Специјалниот претставник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина, пензионираниот генерал Кит Келог, изјави дека САД се надеваат на пристигнување на Владимир Путин на преговорите во Истанбул. Ако тоа се случи, рече тој, самиот претседател Трамп ќе дојде.
„Сакаме да постигнеме сеопфатен прекин на огнот во Украина, а дури потоа да ги отвориме прашањата за територијата“, изјави Келог за „Фокс бизнис“.
Американските медиуми претходно објавија дека одлуката на Трамп да дојде во Истанбул зависи од тоа дали Путин ќе се појави на разговорите.
Администрацијата на Трамп потврди претходно денес дека ќе ги испрати Келог и Стив Виткоф во Турција за да ги претставуваат САД во потенцијалните преговори меѓу Русија и Украина.
Свет
Мерц: ЕУ е подготвена да воведе построги санкции кон Русија доколку нема напредок во преговорите

Европската унија е подготвена да воведе построги санкции против Русија доколку оваа недела не се постигне напредок во преговорите за прекин на војната во Украина, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц, наведувајќи дека веќе е подготвен нов пакет санкции.
Мерц на прес-конференција по разговорите со својот грчки колега Киријакос Мицотакис во Берлин изјави дека Брисел чека рускиот претседател Владимир Путин да се вклучи во преговорите и дека санкциите ќе бидат заострени доколку нема вистински напредок во преговорите оваа недела, објави Ројтерс.
Германскиот канцелар изјави дека ЕУ ќе разгледа и воведување нови санкции против Русија во областа на енергетиката и финансискиот пазар. Мерк оцени дека би било неразумно доколку украинскиот претседател Володимир Зеленски се согласи на нови компромиси во врска со преговорите и изјави дека се согласува Зеленски да се сретне со руските претставници во четврток.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес изјави дека подготовките на Русија за преговорите со Украина во Истанбул продолжуваат. Песков истакна дека Кремљ не планира да дава други коментари за планираната руско-украинска средба во Истанбул, објави Тасс.
Путин предложи продолжување на директните преговори со Украина без предуслови, кои беа прекинати во 2022 година, и дијалогот да започне на 15 мај во Истанбул.
Зеленски се согласи на разговорите во Турција на 15 мај, но од самиот почеток рече дека сака лична средба со Путин. Русија сè уште не објавила на кое ниво ќе учествува, пренесува Танјуг
Свет
Калас: Русија не е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека не мисли оти Русија е навистина заинтересирана за воспоставување мир во Украина.
„Не мислам дека тие се заинтересирани за мир. Тие сè уште ја бомбардираат Украина. Ако беа заинтересирани за мир, можеа веднаш да престанат“, изјави Калас пред новинарите во Копенхаген, пренесува Ројтерс. Според неа, Русија очигледно игра игри, обидувајќи се да купи време.
Рускиот претседател Владимир Путин во неделата предложи директни мировни преговори меѓу Москва и Киев.
Помошникот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека украинскиот лидер ќе присуствува на разговорите за Украина оваа недела само ако таму биде и Путин, предизвикувајќи го Кремљ да покаже дека е искрен во намерата да постигне мир, пренесува Танјуг.