Свет
Макрон: Епидемијата на коронавирусот во Франција е на самиот почеток

Францускиот претседател, Емануел Макрон, предупреди дека епидемијата на коронавирусот е само на почеток.
„На самиот почеток сме, треба да ни биде јасно и да бидеме свесни за тоа“, повтори тој пред новинарите за време на посетата на париската болница „Некер Енфон маладе“.
Зајакнати се и заштитните мерки во канцеларијата на францускиот претседател кога еден од неговите најблиски соработници, шефот на канцеларијата, Патрик Стрзод, бил во контакт со заразено лице. Тој се наоѓа во самоизолација и работи од дома.
На прашањето за премин на трето ниво на заштита во Франција, Макрон рекол дека мерките ќе се разликуваат според подрачјето на кое ќе се донесат.
„Мислам дека не треба да се мисли дека во одреден момент во нашата земја сè ќе се промени. Треба да останеме целосно приспособени“, рекол тој.
Макрон исто така упатил порака за поддршка и признание на медицинскиот персонал, особено на оние што се затрупани со повици.
Со 25 починати и 1.412 потврдени случаи на зараза на коронавирусот, Франција е втора најзафатена европска земја зад Италија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Француски научници признаа дека го нападнале рускиот конзулат во Марсеј

Лицата осомничени дека фрлиле молотови коктели кон рускиот конзулат во Марсеј се научници од францускиот Национален центар за научни истражувања (CNRS), објави локалниот весник La Provence, повикувајќи се на неименувани извори.
Според окружниот обвинител Николас Бесон, двајца уапсени, инженер и хемичар на возраст меѓу 40 и 50 години, признале дека го извршиле нападот користејќи импровизирани експлозивни направи.
Научниците „не само што ги признаа фактите, објаснувајќи дека дејствувале во поддршка на украинската кауза, туку и детално го опишале нивниот начин на работа“, рече изворот.
Според францускиот кривичен закон, тие се соочуваат со 10 години затвор доколку бидат осудени за оштетување имот со експлозиви.
Регион
Брнабиќ: Се надевам на враќање на наставата, високообразовниот систем е во ризик

Претседателката на српското Собрание Ана Брнабиќ денеска изјави дека со донесувањето на Законот за високо образование ќе се исполни четвртото барање на студентите во блокадата и изрази надеж дека факултетите ќе се вратат на наставата.
Како што наведе таа, блокадите го загрозуваат постоењето на високообразовниот систем.
Брнабиќ рече дека треба да се земат предвид 230.000 семејства во Србија кои имаат студенти и додаде дека се надева дека ќе има доволно одговорни декани и дека студентите во блокадата ќе ја сфатат сериозноста на ситуацијата и дека нивните одлуки може да ги загрозат животните шанси на некои од нивните колеги.
„Да не се залажуваме повеќе, ќе го доведеме во опасност целиот систем на државни универзитети во Србија, ќе го загрозиме постоењето на нашиот државен високообразовен систем“, изјави Брнабиќ.
Таа изјави дека по две дополнителни спецификации од студентите во блокадата, ќе се донесе Законот за високо образование, со што ќе се исполни четвртото барање на студентите во блокадата, кое се однесува на зголемување на буџетските издвојувања за факултетите.
Српската влада во вторникот го усвои Предлогот за измени на Законот за високо образование и го испрати до парламентот, а Брнабиќ потоа на прес-конференција најави дека седницата за разгледување на законот ќе започне на 4 март.
Европа
Русите лансираа речиси 200 беспилотни летала врз Украина синоќа

Украинските служби за итни случаи објавија фотографии од спасувачите на теренот по ноќниот руски напад врз Крукивашчина, предградие на Киев.
Како што соопштија украински официјални извори, во текот на ноќта руската војска лансирала 177 беспилотни летала во Украина, од кои украинските сили собориле 110. Во регионот на Киев едно лице загинало, две се повредени, а девет станбени згради биле оштетени.
Во Харков нападот предизвика пожар во деветкатница, при што беа повредени две лица. Во нападот беа оштетени универзитет, опера и станбена зграда. Во изминатите 24 часа најмалку три лица загинаа, а 26 се повредени во нападите на регионите Херсон и Доњецк.