Европа
Макрон: Животот нема да биде ист ниту по 11. мај
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска предупреди дека прекинувањето на националниот карантин на 11 мај ќе биде само прв чекор на Франција за излез од кризата предизвикана од ширењето на Ковид-19.
„11 мај нема да биде премин кон нормалниот живот. Ќе имаме закрепнување во рамките на кое ќе треба да се реорганизираме“, рече Макрон на Денот на трудот во говорот од претседателската палата.
Додаде дека во процесот на нормализација ќе има неколку фази, а 11 мај ќе биде една од нив.
Традиционалните протести за Денот на трудот, на кои илјадници демонстранти излегуваат на улиците, годинава се откажани поради пандемијата на коронавирус, од кој во Франција починаа 24.000 луѓе.
Од 11 мај, француските училишта постепено ќе се отвораат и бизнисите ќе може повторно да започнат со работа, откако земјата со 67 милиони жители влезе во карантин од средината на март.
Нагласувајќи го тешкиот пат кои претстои, синдикалните власти и лидерката на екстремната десница Марин Ле Пен денеска ја истакнаа нивната загриженост во врска со кризата.
„Иако денес сме затворени, нашите барања не се“, рече Ив Вејрие, шед на синдикатот Force Ouvrière.
Ле Пен одлучно ја продолжи традицијата на својата партија која на 1. мај оддава почит на средновековната хероина Јованка Орлеанка со положување на венец на златната статуа на жената борец од 15. век која е лоцирана во центарот на Париз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) 90-годишен возач пробил бетонски ѕид со спортски автомобил во Германија и чудесно преживеал
90-годишен возач вчера се извлекол неповреден кога со својот спортски автомобил удрил во бетонски ѕид во градска гаража во германскиот град Лудвигсбург и се заглавил над вентилациското окно, соопшти полицијата.
Задниот дел од неговото „порше карера ГТС“ удрил во ѕидот и го пробил оставајќи го возилото да виси околу пет метри над окното.
View this post on Instagram
Пожарникарите интервенирале за да го извлечат заробениот маж од автомобилот.
Материјалната штета се проценува на речиси 95 илјади евра, а причината за несреќата сè уште се истражува.

фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинското разузнавање: Во тек е нашата специјална операција во Покровск
Украинската агенција за одбранбено разузнавање објави дека во тек е специјална операција во градот Покровск во областа Донецк. Специјалните сили се обидуваат да ги спречат руските обиди да ја прошират својата огнена предност преку логистичките рути.
„Специјалната единица ‘Тимур’ на украинската агенција за одбранбено разузнавање продолжува со својата операција во една од областите на Покровск во Донецкиот Регион, кој е стратешки важен за логистиката на фронтовската линија. Во тек се жестоки борби против руските окупатори“, се вели во соопштението.
Украинците тврдат дека по успешната воздушна операција, дополнителни сили им се придружиле на оперативците, кои претходно обезбедиле одредени позиции со пробивање на копнениот коридор. „Во тек се борбени операции со цел да се спречи непријателот да ја прошири својата огнена предност над логистичките рути во нашата зона на одговорност“, изјавија украинските разузнавачки претставници.
Други специјални единици на Украинската служба за одбранбено разузнавање исто така спроведуваат борбени мисии во секторот. За безбедноста на вклучениот персонал, деталите за операциите не се откриваат во оваа фаза. „Во тек е координирана работа со сите компоненти на украинските безбедносни и одбранбени сили“, забележаа украинските разузнавачки претставници.
„Ројтерс“ објави дека украинските сили излегле од хеликоптери „блек хок“ минатата недела предизвикувајќи контранапад. Исто така, се појавија снимки на кои се гледаат најмалку 10 војници како се истоваруваат на отворено поле. Локацијата и датумот на снимката не се независно потврдени.
Руското Министерство за одбрана подоцна објави дека украинскиот контранапад бил спречен. „Сите 11 лица што слетале од хеликоптерите биле убиени“, рекоа Русите.
Олександр Сирски, врховен командант на украинските вооружени сили, во неделата изјави дека немало опколување или блокада на Покровск или Мирноград. Тој исто така рече дека е во тек сложена операција за уништување и потиснување на руските сили во Покровск.

Истиот ден 7. корпус за брза реакција на украинските воздухопловни сили соопшти дека украинските сили ја подобриле својата тактичка позиција во неколку области на Покровск.
Според украинската војска, 11.000 руски војници се распоредени околу Покровск во обид да го опколат градот, а претседателот Володимир Зеленски неодамна изјави дека руските сили се помногубројни од украинските бранители со сооднос 8 спрема 1.
Зборувајќи за време на посетата на воената болница во Москва, рускиот претседател Владимир Путин тврдеше дека и Покровск и градот Купјанск во Харковската област се опкружени.
Путин истакна дека руските сили се подготвени да го прекинат огнот во областите за неколку часа за да може украинските и странските новинари да влезат, да разговараат со украинските војници и сами да се уверат во состојбата на овие опколени сили.
фото: принтскрин
Европа
(Видео) Украинците нападнаа елитна руска единица во Црното Море
Украинската морнарица објави успешен напад врз елитна руска единица на специјалните сили стационирана на нафтената платформа „Сиваш“ во Црното Море.
Во операцијата уништена е руска опрема за извидување и надзор, а елиминиран е и екипажот на противтенковските ракети.
„Покрај уништувањето на руската опрема за извидување и надзор, елиминиран е и екипажот на противтенковските ракети на непријателот“, се вели во соопштението на морнарицата.
The Ukrainian Navy struck an elite Russian Armed Forces special unit stationed on the Sivash drilling platform using naval drones and UAVs.https://t.co/Phkmq4O8ie pic.twitter.com/RJDEWbFWCQ
— WarTranslated (@wartranslated) November 3, 2025
Како доказ, објавено е и видео од операцијата со беспилотни летала, иако „Киев пост“ не можеше независно да ги потврди времето и локацијата на нападот.
Од друга страна, руските пропагандисти се обидоа да го прикажат инцидентот како победа споделувајќи видео на кое наводно се гледа уништувањето украински брод од беспилотно летало „лансет“. Украинската страна тврди дека, всушност, успешно е употребен камикаѕе-дрон.
фото: принтскрин

