Свет
Коронавирусот се шири во Африка, само една земја не пријавила заболен
Коморските Острови го пријавија првиот случај на коронавирус и станаа 53 од 54 земји во Африка, каде се појавила болеста на Ковид-19.
Само Лесото досега нема пријавено случај на зразен со коронавирус.
На африканскиот континент досега се заразени вкупно 37.400, а починале 1.598 луѓе.
Во Гана бројот на заболени надмина 2.000, што е пораст од 24 отсто за само неколку дена. Во таа земја се потврдени 403 нови случаи, со што вкупниот број на заразени порасна на 2.074.
Врвот на епидемијата во таа земја беше прогласен пред 10 дена, кога претседателот Нана Акуфо Адо ги ублажи рестриктивните мерки во главниот град Акра и во Кунаси.
Најголем број заразени на африканскиот континент во моментов има Јужноафриканската Република со 5.350.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Ердоган: Раиси беше вреден колега и брат
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изрази сочувство за смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, нагласувајќи дека Турција стои во солидарност со Иран.
Ердоган на платформата Х напиша дека се сеќава на Раиси со почит и благодарност, наведувајќи дека иранскиот претседател вложил напори за мир во Иран и регионот.
„Турција стои покрај Иран во ова тешко време“, рече Ердоган, нарекувајќи го Раиси „вреден колега и брат“.
Покрај Раиси и иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан, идентификувани се уште три лица кои загинаа во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Убиени се имамот во градот Табриз, ајатолахот Мохамад Али Ал-е Хашем, началникот на иранската провинција Источен Азербејџан, генерал Малек Рахмати и командантот на единицата за заштита на претседателот, Сардар Сејед Мехди Мусави.
Загинаа и одреден број телохранители и екипаж на хеликоптер кои се уште не се идентификувани.
Свет
(Видео) Последната снимка на Раиси од хеликоптерот на смртта
Иранската агенција Тасним објави фотографија, а на социјалните мрежи е објавено и видео на кое се гледа иранскиот претседател Ебрахим Раиси во хеликоптерот во кој доживеа фатална несреќа.
President Raisi's last video
— Huma Zehra (@HumaZhr) May 19, 2024
Иранските медиуми објавија и фотографија обезбедена од новинската агенција на Исламската Република ИРНА, на која хеликоптерот со иранскиот претседател Ебрахим Раиси полета кон иранската граница со Азербејџан откако претседателот Раиси и неговиот азербејџански колега Илхам Алиев ја отворија браната Киз Каласи.
Претседателот Ебрахим Раиси загина заедно со министерот за надворешни работи на земјата Хосеин Амир-Абдолахиан во хеликоптерска несреќа во неделата во оддалечениот северозапад на земјата, потврдија државните медиуми.
BREAKING: RESCUERS HAVE REACHED THE CRASH SITE OF THE PRESIDENT OF IRAN RAISI
“The presence of the rescue team at the crash site of the helicopter carrying the president
Additional and Unfortunately, there is a possibility of martyrdom of all the passengers of the helicopter.“ pic.twitter.com/4whDrc3iHZ
— Sulaiman Ahmed (@ShaykhSulaiman) May 20, 2024
Објавена е и снимка од остатоци од хеликоптер во планински дел на Иран.
Загубата на Раиси – конзервативен тврдокорен и штитеник на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи – се очекува да посее дополнителна неизвесност во земја која веќе е под голем економски и политички притисок, со тензии со блискиот Израел.
Свет
Иранскиот потпретседател ја презема функцијата претседател, има 50 дена да организира избори
Како што се очекуваше, иранскиот потпретседател Мохамад Мокбер привремено ќе ја преземе администрацијата на земјата, потврди врховниот лидер Али Хамнеи.
Мохамед Мокбер ќе има 50 дена да организира нови избори во соработка со шефовите на судската и законодавната власт, додаде Хамнеи.
Иран, исто така, ќе прогласи петдневна национална жалост по смртта на претседателот Ебрахим Раиси и неговиот министер за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.
Во посебна изјава објавена од иранската државна новинска агенција ИРНА се вели дека владата одлучила Али Багери Кани, кој беше заменик министер во Министерството за надворешни работи, да стане вршител на должноста министер за надворешни работи.