Свет
Макрон и Фон дер Лаен одат во Кина: „Пекинг станува сè поагресивен во странство“
Францускиот претседател Емануел Макрон и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, оваа недела ќе ја посетат Кина. Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека Макрон и Фон дер Лаен ќе престојуваат во Кина од 5 до 7 април.
Министерството објави дека претседателот Шји Џјинпинг планира да разговара за билатералните односи и продлабочување на соработката и да размени мислења за други важни прашања.
Од Брисел беше најавено дека претседателката на ЕК денеска ќе се сретне со Макрон на работен ручек како дел од подготовките за заедничка посета на Кина.
Портпаролот на Комисијата на „Твитер“ објави дека ќе разговараат за војната на Русија во Украина, енергетските прашања и подготовките за патување во Кина, вклучително и нивната заедничка средба со кинескиот претседател Шји.
Пред посетата на Кина со Макрон, Фон дер Лаен рече дека Кина станува сè порепресивна дома и сè поагресивна во странство заменувајќи ја ерата на реформи и отворање со ера на безбедност и контрола, каде што компаниите во Кина се принудени да ѝ помагаат на државата во операции за собирање разузнавачки информации.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Привремениот либански премиер Микати: На Либан му треба итен прекин на огнот
Привремениот премиер на Либан, Наџиб Микати, денеска изјави дека на неговата земја и е потребен итен прекин на огнот меѓу Израел и милитантите на организацијата Хезболах и најави дека околу 1,2 милиони луѓе се раселени поради израелските напади.
„Запрете ги борбите. Не ни треба повеќе крв. Не ни треба повеќе уништување“, рече Микати на онлајн конференција организирана од Американската работна група за Либан, непрофитна организација со седиште во САД, пренесува Ројтерс.
Тој нагласи дека „итно е потребно прекин на огнот“.
Свет
Бајден: Не поддржувам напади врз иранските нуклеарни постројки како одговор на нападот
Американскиот претседател Џозеф Бајден изјави денеска дека не поддржува напади врз иранските нуклеарни постројки како одговор на ракетниот напад врз Израел.
„Ќе разговараме со Израелците за тоа што ќе направат, но сите седуммина (земјите од Г7) се согласуваме дека имаат право да одговорат, но тие треба да одговорат пропорционално“, им рече Бајден на новинарите, пренесе Ројтерс.
Бајден одговори дека ќе бидат воведени нови санкции кон Иран и додаде дека наскоро ќе разговара со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
„Очигледно е дека Иран отстапи далеку од курсот“, нагласи тој.
Иран вчера лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел, потег што Бајден претходно го опиша како „неефикасен“.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран ќе плати за нападот.
Некои аналитичари наведуваат дека одговорот на Израел овој пат веројатно ќе биде поостар, што укажува на тоа дека Израел би можел да ги таргетира иранските нуклеарни или нафтени постројки, пренесува Танјуг.
Свет
Претставникот на Израел во ОН: Итно да се воведат санкции кон Иран поради неговиот ладнокрвен напад врз Израел
Претставникот на Израел во ОН Дени Данон побара денеска на итната седница на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на кризата на Блискиот Исток, веднаш да се воведат санкции кон Иран поради, како што наведе, ладнокрвнниот ракетен напад врз Израел.
„Ова е напад врз милиони израелски цивили. Тоа се жени и деца, муслимани, христијани, Евреи, луѓе од сите вери. Во овој невиден чин на агресија, Иран истрела речиси 200 балистички проектили“, рече Данон, ОН, соопшти Советот за безбедност.
Тој изјави дека милиони луѓе се во засолништа и посочи дека нападот на Иран е обид да се нападне срцето на израелското општество и дека на мета биле најсветите места – џамиите, црквите и синагогите.