Свет
Макрон: Нападот на Иран против Израел се заканува да го дестабилизира регионот
Францускиот претседател Емануел Макрон го осуди иранскиот беспилотно летало и ракетниот напад врз Израел, за кој вели дека се заканува да го дестабилизира регионот.
„Франција работи на деескалација со своите партнери и повикува на воздржаност“, напиша тој на X.
I condemn in the strongest terms the unprecedented attack launched by Iran against Israel, which threatens to destabilize the region.
I express my solidarity with the Israeli people and France's commitment to the security of Israel, our partners, and regional stability.…
— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) April 14, 2024
Што знаеме досега:
🔵Наставата е прекината во училиштата низ Израел, а компаниите ќе можат да работат „нормално“ со пристап до засолништа во случај на напад.
🔵Бајден разговараше со Нетанјаху во врска со иранскиот напад врз Израел
🔵Борел: ЕУ силно го осудува иранскиот напад врз Израел
🔵Нетанјаху: Пресретнавме, одбивме, заедно ќе победиме
🔵Иран предупреди дека неговиот одговор ќе биде „посилен и порешителен“ доколку Израел возврати по нападот
🔵Јордан и Ирак повторно го отвораат воздушниот простор
🔵Хамас го нарече нападот на Иран „природно право и заслужен одговор“
🔵Г7 попладнево ќе одржи состанок за нападите
🔴(Видео) Анализа: Иран ја нарекуваат „држава-тврдина“, колку е моќна земјата што го нападна Израел?
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Властите во Абу Даби наредија да се продолжи престојот на гостите, трошоците ги сноси државата
Министерството за култура и туризам им наложи на хотелите во Абу Даби да го продолжат престојот на гостите, бидејќи многу од оние што го завршуваат својот престој не се во можност да патуваат во сегашните околности.
Во писмото се наведува дека трошоците ќе бидат покриени од Министерството.
Фото: depositphotos
Свет
ЕУ гледа отворен пат кон поинаков Иран по смртта на врховниот лидер
Високата претставничка на Европската Унија за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека смртта на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи претставува момент на пресврт во историјата на Иран.
„Она што следува е неизвесно. Но сега постои отворен пат кон поинаков Иран, во кој неговите граѓани би можеле да имаат поголема слобода да го обликуваат“, напиша Калас на платформата Икс.
„Во контакт сум со партнерите, вклучително и со оние во регионот кои го носат најголемиот товар од иранските воени дејствија, со цел да пронајдеме конкретни чекори за деескалација“, додаде таа.
Фото: Depositphotos
Свет
Иранскиот претседател: Одмаздата е наше легитимно право по убиството на Хамнеи
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан во ново соопштение порача дека одмаздата по убиството на врховниот лидер е легитимно право и должност на Иран.
„Исламската Република Иран ја смета одмаздата врз извршителите и наредбодавците на овој злостор како своја легитимна должност и право и ќе ја исполни таа голема одговорност со сета своја сила“, се наведува во соопштението.
Пезешкијан смртта на врховниот лидер ја опиша како најголемата неволја на денешниот исламски свет. Тој владеењето на Хамнеи го оцени како „големо и божествено водство“ кое, според него, му донело „чест и достоинство“ на иранскиот народ.

