Свет
Малезија го избра најстариот премиер во светот
Опозицискиот кандидат Махатир Мохамад е победник на парламентарните избори, покажаа официјалните резултати во средата. Со ова се става крај на 60-годишната владина коалиција БП, а најстариот премиер во светот, кој има 92 години, би требало да положи свечена заклетва за еден ден.
Махатир, кој ја предводи коалицијата на опозициските партии „Пакатан Харапан“ (PH), го освои мнозинството во малезискиот парламент и стави крај на 60-годишното владеење на коалицијата „Барисан национал“ (Национален фронт), која беше формирана по независноста од Велика Британија во 1957 година.
Изборната комисија во Малезија објави дека опозициската коалиција освоила 112 места, додека поранешниот премиер, Наџиб Разак, 76.
Махатир најави дека неговата влада ќе го врати владеењето на правото во земјата и дека секој кој ќе го прекрши законот ќе сноси последици.
Поранешните политички сојузници Махатир и 64-годишниот Наџиб Разак горко се разделија пред две години поради наводна злоупотреба на 4,5 милијарди долари од страна на Наџиб и воспоставување мрежа за перење пари. Наџиб ваквите обвиненија категорично ги отфрли и беше ослободен во процесот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Потона брод во близина на брегот на Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот
Романските спасувачки тимови денеска трагаа по тројца исчезнати членови на екипажот на товарен брод што потона во близина на брегот на Црното Море, соопштија поморските власти.
Информациите кои ги добиле се дека рано утрината дека бродот „Мохамад З“ под знаме на Танзанија потонал на 26 наутички милји од дунавското село Сфанту Џорџ.
Во потрагата и спасувањето биле вклучени Морнаричкиот центар за координација на спасување (МРЦЦ), граничната полиција и два блиски комерцијални брода.
Засега не се познати причините поради кои бродот потонал.
Европа
Шолц ја откажа изборната кампања и ги посети поплавените региони во Германија
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска ги посети поплавените региони во западната германска сојузна покраина Сарланд, каде обилните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето, а неколку згради беа евакуирани.
Шолц ја откажа својата изборна кампања во Сар, на границата со Франција, и наместо тоа, го обиколи делумно поплавениот пат во селото Клајнблитерсдорф заедно со регионалниот гувернер Анке Релингер.
Тој ја потврди солидарноста на сојузната влада со Сарланд.
„За жал, не е првпат да треба да се справиме со голема природна катастрофа, па ќе разгледаме што треба да се направи овде и што е неопходно“, им рече Шолц на новинарите.
Службите за итни случаи одговорија на илјадници повици за помош во главниот град на покраината, Сарбрикен.
Регион
Во Будва уловена сина ајкула тешка 200 килограми
Сина ајкула долга повеќе од три метри и тешка 200 килограми е уловена во Будва.
Уловите на сина ајкула од минатите години покажуваат дека овој вид ајкула најчесто се среќава во Јадранското Море на пролет.
Рајко Бојановиќ, член на спортскиот риболов клуб „Ширун“, улови ајкула и рече дека ќе биде препарирана во Природонаучниот музеј на Црна Гора, а изложбата е планирана за септември.