Свет
Мало момче упаднало во дворот на Белата куќа, се провлекло меѓу металните столбови

Детенце денеска ја заслужи титулата најмал натрапник кој упаднал во Белата куќа, откако ја пробило металната ограда што го опкружува комплексот.
Припадниците на тајната служба на Америка кои се одговорни за безбедноста во Белата куќа го фатиле детето и им го вратиле на родителите, јавува АП.
Пристапот до комплексот бил накратко ограничен, а полицајците ги испрашувале родителите пред да им дозволат да продолжат по патот.
Како што истакнува агенцијата, ова може да биде прв успешен упад во комплексот откако висината на оградата околу Белата куќа е двојно зголемена на речиси четири метри. Но, и покрај тоа што е повисока, новата ограда има дополнителни неколку сантиметри простор меѓу столбовите, пренесува „Танјуг“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Војната ќе заврши, на целиот свет му е доста од тоа – Трамп верува дека можно е да се договори мир додека траат борбите

Претседателот на САД, Доналд Трамп беше прашан дали ги разбира „коренските причини“ за војната за време на состанокот со украинскиот лидер Володимир Зеленски пред новинарите во Белата куќа.
„Војната ќе заврши. Овој господин сака да ја заврши, Владимир Путин сака да ја заврши, мислам дека на целиот свет му е доста од неа и ние ќе ја завршиме“, рече Трамп.
„Јас завршив шест војни“, тврди американскиот претседател.
„И мислев дека можеби оваа може да биде најлесната. И не е – тешка е, има многу причини за тоа и ќе се зборува за неа долго време.“
Тој додаде: „Се чувствувам уверен дека ќе можеме да ја решиме.“
Американскиот претседател верува дека може да се постигне мировен договор дури и додека војната продолжува.
„Не мислам дека прекинот на огнот е неопходен. Знаете, ако ги погледнете шесте договори што ги склучив оваа година, сите беа договорени додека војната сè уште траеше. Ниту еден од нив не вклучуваше прекин на огнот“, им рече Трамп на новинарите во Белата куќа.
„Знам дека прекинот на огнот би можел да биде корисен, но исто така разбирам зошто едната или другата страна не би го сакале тоа, од стратешки причини. Се случува прекин на огнот, а потоа тие се обновуваат и се обновуваат и се обновуваат, и можеби не им се допаѓа.“
Свет
Зеленски: Подготвен сум за трилатерален состанок

Претседателите на САД и Украина, Доналд Трамп и Володимир Зеленски, сè уште одговараат на прашањата на новинарите во Белата куќа.
„Ќе имаме состанок. Ако сè оди добро денес, ќе имаме трилатерален состанок и мислам дека постои разумна шанса тогаш да ја завршиме војната.“, рече Трамп.
Претседателот на САД, исто така се осврна на можна трилатерална средба меѓу него, Зеленски и Владимир Путин.
Тој додаде дека никогаш не може однапред да каже дали таа средба ќе значи крај на војната.
Зеленски рече дека е подготвен за трилатерален состанок и додаде дека би било многу добро да се одржи.
Свет
Tрамп на состанок со Зеленски: Украна ќе добие безбедносни гаранции

Претседателот на САД, Доналд Трамп за време на состанокот во Овалната соба со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, рече дека Украина ќе добие некаков вид безбедносни гаранции, но не прецизираше дали тоа ги вклучува и американските сили.
Зборувајќи во Белата куќа, американскиот претседател изјави:
„Ќе има многу помош кога станува збор за безбедноста. Ќе има многу помош. Ќе биде добро. Тие се првата линија на одбрана затоа што се таму, но и ние ќе им помогнеме. Ќе бидеме вклучени кога ќе дојде вистинското време.“
На Трамп му беше поставено и прашањеѕп дали денешниот самит е „договор или ништо“.
„Не можам да го кажам тоа“, одговори Трамп.
„Никогаш не е крај на патот. Луѓе умираат и ние сакаме да го спречиме тоа. Затоа не би рекол дека е крај. Мислам дека сега имаме добра шанса.“
Трамп додаде дека верува оти и Владимир Путин сака крај на војната.
Слетете ВО ЖИВО.