Свет
Мароко затвора градови, милиони луѓе во карантин
Во Мароко од ноќеска на полноќ стапи на сила забраната за влез во некои од најголемите градови во земјата, поради зголемувањето на бројот на случаи на коронавирус.
Забраната за влез се однесува на градовите Казабланка, Маракеш, Фез и други, пренесе „Ројтерс“.
Пред еден месец беа ублажени мерките донесени за спречување на ширењето на коронавирусот, но поради зголемениот број случаи донесени се нови мерки.
И натаму е на сила забраната за меѓународни летови на националните авиокомпании, освен за специјални летови со кои државјаните на Мароко или странските државјани се превезуваат.
Вчера беа потврдени 633 нови случаи на Ковид-19, што е најголем број на случаи во еден ден.
Од почетокот на пандемијата во Мароко заболеа 20.278 луѓе, а 313 починаа.
На сила е вонредната состојба до 10 август, што на властите им овозможува да спроведат рестриктивни мерки во зависност од развојот на епидемиолошката ситуација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

