Свет
Маскирани „вагнеровци“ регрутираат ученици во московските училишта, тврди британското разузнавање
Британското Министерство за одбрана го објави најновиот разузнавачки извештај за војната во Украина. Во него тие потсетуваат како руските власти ѝ забранија на озлогласената руска платеничка група „Вагнер“ да регрутира во затворите поради тензиите со военото раководство во Москва. Додаваат дека пред тоа „Вагнер“ регрутирала голем број осуденици од руските затвори и ги пратила на фронтот во Украина.
Британското воено разузнавање известува дека основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, сега многу веројатно се префрлил на обидот да регрутира слободни руски граѓани. Така, „Вагнер“ формира центри за регрутирање на најмалку 40 локации во Русија од почетокот на март, се вели во извештајот.
„Во текот на изминатите неколку дена маскирани ‘вагнеровци’, задолжени за регрутирање, одржаа предавања за кариера во московските средни училишта и дистрибуираа прашалници, со наслов „апликација за млад воин“, за да соберат информации за контакт од заинтересирани студенти“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
Во извештајот се наведува и дека околу половина од осудените испратени во Украина, најверојатно, биле убиени или ранети. Малку е веројатно дека новите иницијативи ќе ги компензираат загубите на осудениците во редовите на ‘Вагнер’“, се вели во извештајот.
„Доколку се задржи забраната за регрутирање затвореници, Пригожин, најверојатно, ќе биде принуден да го намали интензитетот на операциите на ‘Вагнер’ во Украина“, се вели во извештајот на британското разузнавање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.
Свет
(Фото) Русите пак ја нападнаа Украина, има загинати
Украина пријави нов руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура во текот на ноќта, во кој едно лице загина, а неколку региони останаа без струја. На пат кон освојување на важниот логистички центар Покровск на исток, руската војска ги интензивира и воздушните напади врз гасните и енергетските постројки низ цела Украина, зголемувајќи ги стравувањата од сурова зима за цивилите со падот на температурите.
„Непријателот повторно започнува масовен напад врз енергетската инфраструктура на Украина. Затоа се воведени вонредни прекини на електричната енергија во голем број региони“, изјави министерката за енергетика Свитлана Гринчук на Фејсбук.
🤬 Russians massively attacked Dnipro and its suburbs with kamikaze drones. One of the drones punched through a residential block, collapsing several floors.
Eyewitnesses have shared photos of the aftermath. pic.twitter.com/6vIC0HsbYY
— Denys from Kharkiv (@GlushkoDenys) November 7, 2025

