Свет
Маск гарантира дека компјутерите ќе нè надминат во секој поглед

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, изјави дека компјутерите во сè повеќе сфери стануваат попаметни од луѓето и тој тренд ќе продолжи. „Тие ќе нè надминат во голема мера во секој поглед. Јас тоа го гарантирам “, рече Маск на Светската конференција за вештачка интелигенција во Шангај, каде што говореше на сцената заедно со директорот на кинеска „Алибаба“, Џек Ма, пренесува Си-ен-би-си.
Маск даде пример за тоа како вештачката интелигенција напредувала низ годините и како денес е во состојба да се натпреварува со луѓето во шах и во кинеската социјална игра го.
„Вашиот мобилен телефон буквално може да го уништи светскиот шампион во шах“, рече Маск во обраќањето на Ма.
Џек Ма, од друга страна, имаше поинакво мислење, изјавувајќи дека е невозможно машините да ги контролираат човечките суштества.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Американскиот федерален суд нареди администрацијата на Трамп да им исплати помош на странските корисници

Федерален судија во Вашингтон денеска и нареди на администрацијата на Трамп да ги исплати средствата за помош на странските корисници според претходните договори и примателите на грантови до среда во 23:59 часот по локално време, истакнувајќи дека нема знаци дека владата презела какви било чекори за да се усогласи со претходната наредба за одмрзнување на средствата.
Одлуката на американскиот окружен судија Амир Али уследи по тужбата поднесена од организации кои склучиле договори за помош со Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) и Стејт департментот, објави Ројтерс.
Оваа одлука се однесува на работи извршени пред 13 февруари.
Свет
Прекин на струја зафати големи делови од Чиле

Големи делови од Чиле денеска беа без струја, од северот на земјата, каде што се наоѓаат рударските центри, до централните и јужните региони каде живее најголем дел од населението, вклучувајќи го и главниот град Сантијаго, соопштија властите.
Ескондида, најголемиот рудник за бакар во светот, ја загуби моќта, изјави за Ројтерс извор запознаен со ова прашање.
Од рудникот Антофагаста соопштија дека тој работи со помош на резервен генератор на струја.
Регион
Полицијата го тресе граѓанскиот сектор во Белград

Невладината „Граѓански иницијативи“ соопштува дека полицијата се уште е присутна во нивните простории и дека претресот влегол во 10-ти час.
Во текот на денот, полициските службеници беа во постојан контакт со Обвинителството и побараа повеќе од 100 документи поврзани со проектот на УСАИД, иако Граѓанските иницијативи располагаат само со пет проценти од буџетот за еден проект на УСАИД, се вели во соопштението.
Како што се посочува, оваа акција доаѓа по повеќенеделни медиумски најави на провладините таблоиди и режимски медиуми дека ќе се водат истраги против граѓански организации кои добиваат меѓународна финансиска поддршка.
Ваквиот наратив, кој со години се користи за дискредитирање на организациите кои се занимаваат со владеење на правото, демократијата и заштитата на човековите права, сега е преточен во конкретни институционални потези, кои јасно ја загрозуваат слободата на здружување и дејствување, се наведува во соопштението.
Граѓанските иницијативи укажуваат дека меѓународните документи кои ја гарантираат слободата на здружување, како што се Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и Европската конвенција за човекови права, јасно дефинираат дека државите не смеат да користат репресивни мерки за ограничување на работата на граѓанските организации.