Свет
Мајка го фрлила новороденчето во контејнер, го пронашол случаен минувач во Германија: го изнела од дома во кутија за пица
Мајка од Германија е обвинета дека фрлила новороденче во стаклен сад, кое, за среќа, го спасил случаен минувач кога го слушнал неговиот плач.
Во судот во Улм за обид за убиство се појави Силвија С. (38).
Мајката во текот на истрагата признала дека го ставила бебето во контејнер вечерта на 14 октомври.
Околу два часот по полноќ, сведокот Андреас Б. (40) дошол дома од забава и слушнал плачење. Погледнал во контејнерот и меѓу стаклените шишиња нашол бебе што плаче, пренесува „Билд“.
Итната помош и полицијата го згрижиле бебето, кое било старо само неколку часа.
Јавниот обвинител Морис Мари пред судот беше јасен – бебето нема да ја преживее студената ноќ. Момчето цел час лежело голо во контејнерот. Според Обвинителството, тоа било изнесено од куќата во кутија за пица.
Полицијата со помош на бабица бргу успеала да ја пронајде мајката. За време на породувањето, во клиниката во Улм се јавила Силвија С. и телефонски добивала инструкции за домашно породување.
Обвинителството претпоставува дека Силвија се срамела од бременоста.
„Обвинетата е самохрана родителка и веќе има три сина, бременоста ја криела од околината и го избегнала дополнителниот товар да роди уште едно дете“, велат тие.
Судијата Волфганг Трезенрајтер (57) истакна дека опција е и пресудата за обид за убиство. Мора да се испита дали обвинетата себично ги ставила своите интереси над правото на детето на живот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.