Свет
Мајк Помпео: Се надевам дека Иран ќе ги нормализира односите со Израел
Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, изрази надеж дека Иран ќе ги следи стапките на Обединетите Арапски Емирати и ќе воспостави дипломатски односи со Израел, пренесува „Џерусалем пост“.
„Очекувам дека светот ќе го види Израел како вистинска еврејска татковина и ќе сфати дека ќе постои. Не изоставам ниедна земја од мојата заложба еден ден светот да признае дека тоа е вистинската работа за нивната земја – и би го вклучил и Иран тука“, рече Помпео.
Тој се сретна со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана, Бени Ганц, и со министерот за надворешни работи, Габи Ашкенази, на разговори за договорот со ОАЕ и за можните договори за нормализација на односите со другите арапски нации.
„Не би можел да кажам кога и кои земји, но мислам дека и другите нации ќе видат дека има огромна корист од врските – од дипломатска, економска и од безбедносна перспектива. Мислам дека другите нации ќе сфатат дека тоа е вистинскиот потег и патот што ќе доведе до стабилност на Блискиот Исток“, рече тој.
Во замена за дипломатските врски со ОАЕ, САД побараа Нетанјаху да ги одложи своите планови за примена на суверенитетот врз делови од Западниот Брег. Ефектите од оваа одлука ќе бидат појасни кога Нетанјаху ќе се сретне со принцот Мохамед бин Зајед и со претседателот Доналд Трамп за потпишување на договорот во наредните недели.
Помпео не сакаше да одговори директно дали верува оти Саудиска Арабија на крајот ќе ги нормализира врските со Израел.
Тој додаде дека придобивките од договорот за ОАЕ вклучува размена на разузнавачки информации, како и механизам за реализација на мировниот предлог на Трамп.
„Ние сме посветени на одржување на безбедноста на Израел. Ништо од тоа не ги спречува Палестинците да забележат дека Израелците се подготвени да разговараат и да преговараат и дека нашата визија за мир дава разумна основа за да се почне тој разговор. Палестинците веќе не може да стават вето на рационализација на врската и на нормализирањето на односите меѓу Израел и другите земји“, рече тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирански вооружени сили порачаа дека САД и Израел ќе добијат невидена лекција
Портпаролот на иранските вооружени сили Аболфазл Шекарчи денеска изјави дека Иран на САД и Израел ќе им одржи лекција „каква што никогаш во историјата не доживеале“.
По утринските напади на САД и Израел врз Иран, Шекарчи рече дека иранските вооружени сили веднаш реагирале и покренале ракетни напади на секоја локација која била во служба на американската и израелската војска, пренесува агенцијата Тасним.
„Со божја помош, ќе им одржиме лекција на САД и Израел каква што не доживеале во својата историја. Израелските бази веќе се соочија со проблеми и Иран подоцна ќе им удри уште поостар шамар“, предупреди воениот функционер.
Тој го повика иранскиот народ да не се грижи, да ги игнорира гласините и да ги следи официјалните вести преку националните медиуми.
Свет
Хамас ги осуди нападите врз Иран и повика на единство
Хамас ги осуди „ционистичко-американските непријателства врз Исламската Република“, истовремено повикувајќи на единство во муслиманскиот свет.
„Додека ја потврдуваме нашата солидарност со Исламската Република Иран пред лицето на непријателствата, повикуваме на единство и солидарност во арапската и муслиманската нација за да се спречат овие непријателства“, соопшти Хамас.
Тие ги обвинуваат САД и Израел дека се обидуваат повторно да ја исцртаат мапата на регионот „за да воспостават ’Голем Израел‘ на сметка на арапските и муслиманските земји“.
Во меѓувреме, Палестинскиот исламски џихад (ПИЏ), кој аналитичарите го опишуваат како посреден сојузник на Иран, соопшти дека Иран има право „да се брани и да ги одврати противниците“ како одговор на американско-израелските напади, пренесе Тајмс оф Израел.
„Овие непријателства не се насочени само против Иран, туку против сите земји и луѓе на нашата нација и се обидуваат да наметнат доминација од страна на воени злосторници“, вели ПИЏ. „Ги повикуваме народите на нашата арапска и муслиманска нација, како и синовите на нашиот палестински народ, да се обединат против овие непријателски намери“.
Свет
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб
Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб, изјави локалниот гувернер за агенцијата Тасним.
Моментално нема достапни дополнителни информации, нагласува Тајмс оф Израел.
Иранските власти претходно го осудија инцидентот како „брутална агресија“. Властите во Иран сè уште не ги коментираа деталите за нападот, а нема коментар ниту од израелска страна.

