Свет
Медведев го нарече новиот украински командант предавник
Врховниот руски безбедносен функционер Дмитриј Медведев денеска изјави дека новиот врховен командант на вооружените сили на Украина, роден во Русија, Олександр Сирски, е предавник, а Кремљ рече дека неговото назначување нема да го промени исходот од конфликтот во Украина, што Русија го нарекува специјална воена операција.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа го смени популарниот врховен командант на украинските вооружени сили Валериј Залужни со генерал-полковник Олександр Сирски (58), командант на копнените сили.
Дмитриј Медведев, поранешниот претседател кој сега е заменик на Советот за безбедност на Русија, го обвини Сирски, кој не служел во постсоветската руска војска, дека ја прекршил заклетвата на својот офицер.
„Гледајќи ја биографијата на новиот врховен командант на украинските вооружени сили, Сирски, се чувствува омраза, презир, гадење“, напиша Медведев на својот официјален канал на „Телеграм“.
„Одвратност кон човек што бил советски руски офицер, но станал предавник, кој ја прекршил својата заклетва и им служи на нацистите уништувајќи ги своите најблиски. Нека му гори земјата под нозете“, напиша тој.
Кремљ соопшти дека не верува оти промената на врвот на украинското воено раководство ќе го промени исходот од конфликтот.
Во телефонски разговор со новинарите, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, рече: „Мислиме дека овие фактори не може да го променат текот на специјалната воена операција“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Земјите-членки на Одборот за мир ќе обезбедат повеќе од пет милијарди долари за Појасот Газа
Претседателот на САД, Доналд Трамп најави дека земјите-членки на новоформираниот Одбор за мир на првиот состанок в четврток же издвојат повеќе од пет милијарди долари помош за обнова на Појасот Газа.
Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушл“ објави дека земјите-членки ветиле дека ќе испратат илјадници сили за стабилизација, одобрени од Обединетите нации и локалната полиција во палестинската енклава.
Тој наведе и дека првиот „формален состанок на групата“, ќе се одржи во Институтот за мир „Доналд Џ. Трамп“, кој Стејт департментот неодамна го преименува по претседателот.
Се очекува да присуствуваат делегации од повеќе од 20 земји, како и шефови на држави.
Свет
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе
Во израелски напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 11 луѓе. Израел тврди дека нападот е одговор на кршењето на примирјето од страна на Хамас.
Според палестински медицински извори, во израелскиот воздушен напад врз шаторски камп, каде се сместени раселени семејства загинале најмалку четири лица. Во друг напад врз Кан Јунис загинаа пет луѓе, а при напад во северниот дел на енклавата убиен е уште еден човек.
Портпаролот на Хамас, Хазем Касем изјави дека Израел извршил уште еден „масакр“ врз раселените Палестинци, нарекувајќи го инцидентот сериозно прекршување на прекинот на огнот неколку дена пред првиот состанок на Советот за мир на американскиот претседател Доналд Трамп.
Израелски воен претставник наведе дека нападите биле „прецизни“ и во согласност со меѓународното право, додавајќи оти Хамас постојано го крши договорот за прекин на огнот, постигнат во октомври минатата година. Според него, вооружени лица вчера излегле од тунел на израелска страна во областа Беит Ханун.
Касем ги повика учесниците на првиот состанок на новиот меѓународен Совет за мир во Појасот Газа да извршат притисок врз Израел да престане да го крши прекинот на огнот и да го спроведе договорот без одложување.
Свет
Поплави и свлечишта во јужна Италија
Јужниот дел на Италија е погодена од уште еден средоземен циклон што предизвика поплави и лизгање на земјиштето.
Поради бурата Оријана во Калабрија, Сицилија и Сардинија наредена е евакуација на населението.
Италијанската противпожарна служба соопшти дека за 72 часа добиле 2.000 повици за помош.
Оријана ја погоди Италија откако го погоди Иберискиот Полуостров. Тоа е втора бура што ја погоди јужна Италија по циклонот Хари кон крајот на јануари.

