Европа
Медведев го споредува Зеленски со Хитлер

Изјавите на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека го смета целото руско население одговорно за воената операција во Украина звучат како идеи на Адолф Хитлер, изјавил денеска заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
„Адолф Хитлер беше последниот човек што се обиде да спроведе такви идеи против цел народ. Има ли уште прашања за карактерот на украинските власти?“, напиша Медведев на својот канал на „Телеграм“, пренесува ТАС С.
Зеленски денеска ги повика западните земји да го забранат влезот на сите Руси на една година за да ја спречат Москва да присоедини повеќе украинска територија.
Украинскиот претседател во интервју за „Вашингтон пост“ рекол дека најважните санкции се затворањето на границите затоа што „Русите одземаат туѓа земја“.
Тој додал дека Русите треба да живеат во свој свет додека не ја променат својата филозофија.
Смета дека оваа мерка треба да важи и за руските граѓани што ја напуштиле земјата во знак на протест против постапките на властите во Москва.
Според неговото мислење, одговорноста за нападот врз Украина е на целото население на Русија.
Москва објави дека на 11 септември ќе се одржи референдум за приклучување кон Русија на делови од регионите Херсон и Запорожје на истокот и југот на Украина заедно со веќе закажаните регионални избори.
Зеленски во неделата предупреди дека ако Москва продолжи да одржува референдуми за приклучување кон Русија на териториите под нејзина контрола, преговорите со Украина или нејзините меѓународни сојузници нема да бидат можни.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Фото) Естонија ја откри патеката на летот на руските авиони вклучени во упадот

Министерството за одбрана на Естонија ја објави патеката на летот на трите руски воени авиони кои го нарушиле естонскиот воздушен простор.
Во соопштението се наведува дека италијански борбени авиони на НАТО ги придружувале руските летала при напуштање на територијата.
„Нарушувањето“ се случило над Финскиот Залив, северно од главниот град Талин, соопшти министерството.
Објаснуваат дека руските авиони од типот МиГ-31 летале „паралелно со државната граница, од исток кон запад“.
Се додава дека тие навлегле помалку од 10 километри во естонскиот воздушен простор.
Европа
Сајбер-напад предизвика проблеми на европските аеродроми

Сајбер-напад насочен кон давател на услуги за системи за пријавување и качување во авион го наруши работењето на неколку европски аеродроми, предизвикувајќи одложувања и откажувања на летови на аеродромите во Брисел и Берлин, соопштија операторите.
Нападот ги оневозможи автоматизираните системи за пријавување и качување во авион, принудувајќи го оперативниот тим на аеродромот да премине на рачни процедури, што значително го забави процесот, се вели во соопштението на аеродромот во Брисел, објави Ројтерс.
Како што е наведено, сајбер-нападот имаше големо влијание врз распоредот на летовите, а патниците беа предупредени да очекуваат одложувања.
Давателот на услуги наведува дека активно работи на решавање на проблемот и враќање на системот во функција.
„Поради технички проблем со давател на систем кој работи низ цела Европа, има подолго време на чекање за пријавување. Работиме на брзо решавање на проблемот“, соопшти аеродромот во Берлин на својата веб-страница.
Аеродром Франкфурт, најголемиот во Германија, не беше засегнат и функционира нормално.
Засега не е познато кој стои зад нападот.
Европа
Остатоци од ракета пронајдени во источна Полска

Наводни делови од ракета, за која се верува дека е употребена за соборување беспилотно летало, можеби се пронајдени во источниот регион Лублин, соопшти полската воена полиција повеќе од една недела откога Полска, со поддршка од авиони на НАТО, собори руски беспилотни летала во својот воздушен простор.
Се очекува разгранокот на воената полиција во Лублин да спроведе форензичко испитување на деловите, соопштија властите на „Икс“.
Минатата недела Полска соопшти дека руски беспилотни летала го нарушиле нејзиниот воздушен простор во текот на ноќта кон средата додека Русија ја напаѓаше Украина.
Русија соопшти дека не ја таргетирала Полска.
фото: принтскрин