Свет
Медведев: Не преостанува ништо освен физичката елиминација на Зеленски
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев изјави дека по денешниот терористички напад со беспилотно летало не останува друга опција, освен физичката елиминација на Володимир Зеленски.
„По денешниот терористички напад не остана ништо друго освен физичка елиминација на Зеленски и неговата клика“, напиша Медведев на каналот Телеграм.
Според него, Зеленски „не е потребен ниту да го потпише актот за безусловно предавање“.
„И Хитлер, како што знаете, не го потпиша. Секогаш ќе има замена како адмирал Дониц“, додаде заменик-претседателот на Советот за безбедност, алудирајќи на адмиралот Карл Дониц, кој ја потпиша капитулација на нацистичка Германија, пренесуваат медиумите во регионот.
Претходно прес-службата на Кремљ објави дека режимот во Киев се обидел со беспилотни летала да ја нападне резиденцијата на рускиот претседател Владимир Путин во Кремљ.
Според соопштението од таму, и двата дрона се оневозможени. Во нападот нема жртви или материјална штета. Портпаролот на претседателот Дмитриј Песков подоцна за „РИА Новости“ изјави дека претседателот во тој момент не бил во Кремљ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Венеција ги забрани големите туристички групи, на водичите не им е дозволено да користат звучници
Во Венеција стапија на сила новите правила кои забрануваат користење на преносни звучници за водичи и го ограничуваат бројот на туристи во една туристичка група на 25 лица.
Мерките беа воведени со цел да се ограничи влијанието на премногу туристи врз овој италијански град, изјавија официјални лица.
Историските области на Венеција го прават градот едно од најпосетуваните места во Европа, јавува Би-Би-Си.
Градските власти на почетокот на годинава воведоа дневен билет за туристичка посета на Венеција, кој чини 5 евра, а претходно на почетокот на 2021 година забранија закотвување на огромни бродови за крстарење во самиот град.
Прекумерниот туризам долго време се смета за еден од најсериозните проблеми на овој италијански град, кој треба итно да се реши. Во Венеција денес живеат нешто повеќе од 250.000 жители, а градските власти во 2019 година забележале посета на повеќе од 13 милиони туристи.
Иако оттогаш бројот на посетители е намален, експертите сметаат дека во годините што доаѓаат нивниот број ќе ја надмине статистиката од пред пандемијата.
Венеција пред долго време доживеа егзодус на локалното население кое се иселило од таму поради стравувањата дека туристите би можеле да го преплават историскиот град.
Ocio, здружение на граѓани кое го следи бројот на постојани жители во градот, неодамна ги ажурираше податоците. Според нив, денеска во историскиот кварт има околу 49.000 легла за туристичко изнајмување, што е повеќе од бројката со која располага самото население.
Промените во туристичките правила уследија минатата година кога експертите на УНЕСКО предупредија дека Венеција може да се додаде на листата на загрозени места на светското културно наследство, имајќи предвид дека и влијанието на климатските промени и масовниот туризам му се закануваат на градот со неповратни промени.
На крајот, тоа не се случи бидејќи УНЕСКО ги препозна напорите за решавање на проблемите со инсталирање антипоплавни системи и мерки кои овозможуваат помало влијание на масовниот туризам врз градот и врз животот на жителите.
Регион
(Видео) Мажот кој со сопругата загина во Хрватска, пред несреќата се снимал во живо додека вози „бмв“ 200 на саат
Еди Здјелар (24) и неговата сопруга загинаа вчера во тешка сообраќајна несреќа кај Новска во Хрватска, а нивното двегодишно дете е тешко повредено.
Здјелар управувал „бмв“ со кое со голема брзина удрил во камион на автопат, а со нив во автомобилот имало и дете. До несреќата дошло кога тој удрил во задниот дел на камионот со босански национални ознаки што се движел пред него во истиот правец.
Неколку часа пред несреќата, 24-годишникот на својот Фејсбук профил објави видео на кое се гледа како вози на автопат, каде може да се забележи дека возел повеќе од 200 километри на час. На видеото во позадина гласно се слуша музика, а надвор врне.
Здјелар во еден дел од видеото ги поздравува пријателите и ги известува дека оди на крштевка. Видеото е снимено во периодот од 14:30 до 14:45 часот, што одговара на времето на несреќата кое е пријавено во 15:00 часот.
Порталот „24сата“ пишува дека во 2019 година Здјелар предизвикал уште една сообраќајна несреќа со смртни последици. Како возач на комбе изгубил контрола над возилото и неконтролирано преминал на другата страна на патот и удрил во бетонски мост. Тогаш загинале маж и неговата бремена сопруга.
„Јутарњи лист“ пишува дека девојчето моментално e надвор од животна опасност.
Европа
Холандија и подари на Украина 24 авиони Ф-16: „Употребата не е ограничена“
Холандија дава 24 ловци Ф-16 на украинските воздухопловни сили што ќе може да ги користи и против цели во Русија.
„Ограничувањата за тоа каде Украина може да ги користи никогаш не беа дискутирани“, рече холандската министерка за надворешни работи Ханке Бруинс СлотБруинс Слот, додавајќи дека употребата не е ограничена ни на границата во близина на Харков.
Министерката во заминување ги негира претходните извештаи дека САД треба да ја одобрат испораката на овие ловци.
Украина очекува да добие 30 белгиски Ф-16, но може да ги користи само против цели во Украина, бидејќи тоа се услови поставени од Белгија.