Свет
Медведев: Последните случувања во Украина не оставаат други опции, освен директен конфликт со НАТО
Последните конфликти во Украина не оставаат многу други опции, освен директен конфликт со НАТО, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
На својот канал на „Телеграм“ тој се осврна на неодамнешниот скандал во канадскиот парламент, како и испораката на тенкови „Абрамс“ од арсеналот на НАТО во Украина и ветувањето за проектили со долг дострел, пренесуваат локалните медиуми.
Во чест на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на 22 септември, на седницата на парламентот на Канада, меѓу другите, присуствуваше и 98-годишниот Јарослав Хунка, кого претседателот на долниот дом на парламентот со аплауз го претстави како „борец за независност на Украина од Русите за време на Втората светска војна“, пишува „Спутник“.
Се утврди дека Хунка бил поранешен член на доброволната дивизија „Галиција“ на трупите на СС, во која имало и украински националисти и која не само што се борела против Црвената армија туку била позната и по злосторствата врз Евреите, Полјаците, Белорусите и Словаците, пренесува медиумот.
Канадскиот премиер Џастин Трудо изјави дека ниту тој ниту делегацијата на Зеленски не била запознаена со поканата во парламентот, пишува „Спутник“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Големи пропалестински протести во Малме пред евровизиското финале, се бара исклучување на Израел од натпреварот
Денеска во центарот на Малме, Шведска се одржува масовен пропалестински протест поради учеството на Израел на овогодинешното натпреварување.
Голем број луѓе почнаа да се собираат на главниот плоштад во Малме од 16 часот.
Протестот почна на главниот плоштад во Малме, а насобраните од ова место се упатија кон арената Малме, каде што се одржува Евровизија.
Во четвртокот, кога претставничката на Израел настапи во втората полуфинална вечер, на улиците на Малме протестираа повеќе од 30.000 луѓе, според проценките на шведската полиција.
Барањата се исти – бојкот на Евровизија и исклучување на Израел од натпреварувањето.
Свет
Силен земјотрес го погоди Азербејџан
Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска Азербејџан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (ЕМСЦ).
Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.
Епицентарот на земјотресот се случил на 19 километри североисточно од градот Ланкаран, кој има околу 210.000 жители.
Засега нема информации за евентуална материјална штета.
Свет
(Видео) Маж по пет дена е спасен од урнатините на зграда во Јужна Африка
Маж е спасен од урнатините пет дена по уривањето на зграда во Јужна Африка, а премиерот на Западен Кејп, Алан Винд, го опиша настанот како чудо.
Во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејптаун.
Во официјалното соопштение се наведува дека таму во моментот имало 81 лице и дека досега е потврдена смртта на 13 лица, а 39 се’ уште се водат за исчезнати. Во објава на „Икс“ денес, Винд напиша дека преживеан маж е успешно извлечен од урнатините по 116 часа.
За да се обидат да стигнат до сите жртви кои останале заробени во урнатините, спасувачите користеле кранови, дупчалки и свои раце за да се обидат да ги спасат.
Спасувачките операции продолжуваат.