Свет
Меркел: Влегуваме во најопасната фаза од пандемијата
Германската канцеларка, Ангела Меркел, предупреди дека бројот на заболени со коронавирус во Германија мора да се намали во следните неколку недели и предупреди дека земјата влегува во најопасната фаза од пандемијата.
Таа вели дека постои ризик од нови, мутирани соеви на коронавирус кои ќе бидат отпорни на вакцините.
Меркел најави дека мора да се воведе ноќен полициски час во сите делови на Германија со голем број нови случаи на коронавирус.
„Влеговме во најопасната фаза на пандемијата. Во следните неколку недели ќе биде разјаснето дали можеме да ја одржиме пандемијата под контрола“, рече Меркел, пренесува „Ројтерс“.
Шефот на штабот на германската канцеларка, Хелгe Браун, за германските медиуми потврди дека земјата влегува во најопасната фаза на пандемијата.
„Доколку повторно имаме брзо зголемување на бројот на новоинфицирани, постои голема опасност вирусот да мутира и да стане отпорен на вакцините. Тогаш ќе ни треба нова вакцина и вакцинацијата ќе треба да започне од почеток”, предупреди тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.
Свет
Кина остро го осуди убиството на Хамнеи, повика на прекин на воените дејствија
Кина соопшти дека „остро го осудува“ убиството на иранскиот врховен лидер ајатолахот Али Хамнеи од страна на САД и Израел и повторно повика на прекин на воените дејствија, пренесува „Гардијан“.
Министерството за надворешни работи во Пекинг наведе дека станува збор за „тешко кршење на суверенитетот и безбедноста на Иран, како и на целите и принципите на Повелбата на ОН и основните норми на меѓународните односи“.
„Кина решително се спротивставува и остро го осудува тоа“, се додава во соопштението, со повик за „итен прекин на воените операции“.
Осудата следеше по телефонски разговор меѓу кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и рускиот министер Сергеј Лавров, за кој кинеските државни медиуми јавија дека бил инициран од руската страна. Ванг изјавил дека „дрското убиство на суверен лидер и поттикнувањето на промена на режим“ од страна на САД и Израел е „неприфатливо“.
Фото: depositphotos

