Свет
Меркел повторно избрана за најмоќна жена на светот
Германската канцеларка Ангела Меркел уште еднаш, десетта година по ред, е прогласена за најмоќната жена во светот, според магазинот „Форбс“.
Втора година по ред шефицата на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, го зазеде второто место на списокот на „Форбс“ за најмоќни жени.
Сенаторката Камала Харис стана прва жена, прва Американка со темна кожа и прва Азијка избрана за потпретседател на Соединетите Американски Држави – троен преседан. Нејзиниот брз подем во американската политика исто така ја катапултира листата на „Форбс“ на 100-те најмоќни жени во светот првпат, каде што се најде на третото место.
На 17-тата годишна листа на „Форбс“ жените доаѓаат од 30 земји и се родени во четири генерации. Меѓу нив има десет шефови на држави и 38 извршни директори.
Но, иако тие се разликуваат во возраста, националноста и описот на работата, тие се обединети во начините на кои ги користат своите платформи за решавање на уникатните предизвици оваа година.
Неколку од имињата на оваа година на списокот добија глобални пофалби за ефективниот одговор на Ковид-19.
Премиерката на Нов Зеланд, Џакинда Ардерн, ги победи првиот и вториот бран на вирусот во нејзината земја со наметнување строги заклучувања и карантин.
Тајванската претседателка Цаи Инг-Вен спроведе ригорозна програма за барање контакти во јануари. Како резултат, до денес, островот со 23 милиони жители изгуби само седум лица од вирусот.
На списокот се и телевизиската ѕвезда Опра Винфри, шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, извршната директорка на „Фејсбук“, Шерил Сандберг, кралицата Елизабета Втора, поп-sвездите Ријана и Бијонсе и финската премиерка Сана Марин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Зеленски: Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи, тоа не се само зборови
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е усвоена „суштинска“ декларација за безбедносни гаранции за Украина.
Во изјавата тој рече: „Важно е дека коалицијата денес има конкретни документи. Ова не се само зборови. Постои јасна содржина: заедничка декларација од сите земји од коалицијата и трилатерална декларација од Франција, Обединетото Кралство и Украина“.
Европа
Велика Британија ќе распореди војници во Украина во случај на мир
Канцеларијата на британскиот премиер Кир Стармер соопшти дека потпишувањето на „декларацијата за намера“ е јасен сигнал дека Обединетото Кралство ќе распореди војници во Украина во случај на мировен договор.
Во соопштението од Даунинг стрит се вели дека ова е „клучен дел од силната и долгорочна посветеност на Велика Британија“ за поддршка на Украина.
Најавено е дека Мултинационалните сили за Украина ќе дејствуваат како безбедносна сила за зајакнување на безбедносните гаранции и ќе ѝ помогнат на Украина да се врати во мир и стабилност, истовремено поддржувајќи ја обновата на сопствените вооружени сили.
Додадено е дека потпишувањето на декларацијата го отвора патот за воспоставување правна рамка за дејствување на британските и француските сили на украинска територија, вклучително и заштитата на украинското небо и море. Канцеларијата на премиерот, исто така, изјави дека денешните разговори ги детализирале механизмите за распоредување на силите на терен и дека Обединетото Кралство и Франција ќе воспостават воени центри низ цела Украина по прекинот на огнот, како и заштитени објекти за оружје и воена опрема.
Европа
Макрон: Продолжуваме да ја поддржуваме Украина
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Париз ќе продолжи да ги поддржува украинските сили на фронтот и ќе обезбеди 800.000 украински војници за да може украинската армија да ги одврати заканите и да ги постави темелите за безбедноста по прекинот на огнот.
Тој во изјава рече дека Франција, заедно со Соединетите Американски Држави, ќе се фокусира на идниот просперитет на Украина и ќе ја забрза работата на постојните иницијативи.
„Ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во сите предизвици со кои се соочува во моментов, како и цивилите кои остануваат цел на руските напади“, рече Макрон.

