Свет
Меј: Британија е внимателна поради „дестабилизирачките“ активности на Иран
Британската премиерка Тереза Меј изјави пред својот израелски колега Бенјамин Нетанјаху дека Лондон го поддржува нуклеарниот договор на шесте големи сили со Иран, но дека треба да се биде претпазлив поради „дестабилизирачкото однесување“ на Иран во регионот, соопшти во понеделниот нејзиниот портпарол.
„Премиерката јасно даде на знаење дека го поддржуваме договорениот нуклеарен договор. Сега е потребно на соодветен начин да се спроведе, но исто така треба да бидеме претпазливи поради дестабилизирачките активности на Иран во регионот“, изјавил портпаролот на британската премиерка запрашан дали Лондон разгледува нови санкции против Техеран, како што тоа го стори Вашингтон.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделникот во Лондон ги повика „одговорните земји“ да го следат примерот на САД во барањето да се воведат нови санкции во Иран.
„Иран сака да го уништи Израел, тоа отворено го зборува. Сака да го освои Блискиот исток, ѝ се заканува на Европа, му се заканува на Западот, му се заканува на светот и испраќа провокација по провокација. Затоа го поздравувам инсистирањето на (американскиот претседател Доналд) Трамп за новите санкции за Иран. Другите земји требало да го следат, особено одговорните земји. Сакам да ви говорам за начинот на кој можеме да се погрижиме агресијата на Иран да не мине без одговор“, изјавил Нетанјаху на средбата со британската премиерка.
Американскиот потпретседател Мајк Пенс му советуваше во неделата на Иран да не ја „тестира решителноста“ на САД, кои штотуку усвоија нови мерки кои го санкционираа иранското тестирање на балистички проектили.
„Иран би требало да го погледне календарот и да сфати дека во Овалната соба е нов претседател. И не би требало да ја тестира решителноста на овој нов претседател“, изјави Пенс во разговорот за телевизиската мрежа ABC News.
Американскиот министер за одбрана за Џејмс Матис, исто така, во саботата во јапонската престолнина Токио дека Иран е држава којашто наводно најмногу го поддржува тероризмот.
Иран во понеделникот објави дека неодамнешното пробно лансирање на ракетата не била никаква порака за новиот американски претседател Доналд Трамп, ниту со тоа да го тестираат, како и дека со тоа не е прекршен нуклеарниот договор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Откритијата во досиејата на Епстин може да претставуваат злосторства против човештвото
Таканаречените „досиеја на Епстин“ неодамна објавени од Министерството за правда на САД содржат вознемирувачки и веродостојни докази за систематска и голема сексуална злоупотреба, трговија со луѓе и експлоатација на жени и девојчиња, што може да се окарактеризира како злосторства против човештвото, објавија денес експертите на ОН.
Како што наведуваат, овие дела може да се сметаат за сексуално ропство, репродуктивно насилство, присилно исчезнување, тортура, нечовечки и понижувачки третман и фемицид.
„Овие злосторства се извршени во контекст на супремацистички верувања, расизам, корупција, екстремна мизогинија и комодификација и дехуманизација на жени и девојчиња од различни делови на светот“, наведоа експертите на ОН во соопштение објавено на веб-страницата на Канцеларијата на ОН за човекови права, пренесува Танјуг.
Регион
Вучиќ за сојузот на Тирана, Загреб и Приштина: Целта е да нè окупираат
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во наредните месеци нема да има мир во Украина, ниту потпишан договор. Тој исто така предупреди дека се прават сојузи против Србија за еден ден да ја нападнат.
За време на церемонијата по повод Денот на српската државност и доделувањето на одликувања, тој истакна дека, кога станува збор за војната во Украина, таа нема да биде запрена ниту во наредните недели ниту месеци.
„Луѓе умираат секој ден. Нема да има мир ниту во Азија ниту на Блискиот Исток, каде што се соочуваат две цивилизации со различни погледи на светот. А оние што живеат во мир се подготвуваат за војна, а не за успех“, рече Александар Вучиќ.
Во согласност со сето тоа, додаде тој, Србија треба да научи некои лекции.
„Би го предложил во три точки. Прво, Србија мора да се обиде да го зачува мирот. Ние сме една од нациите што најмногу страдаат и треба да го зачуваме демографскиот капацитет“, рече Вучиќ, а потоа додаде:
„Под два, ќе бидеме притиснати посилно и повеќе од кога било. Сојузите што ги склучуваат против нас не беа направени за да бидат втора или петта вест во вестите, туку активно да дејствуваат против нас и да создадат единствено поле на дејствување без камче во чевелот, а Србија е камче во таа чевел.“
„Затоа мора да ја спасиме Србија бидејќи тие склучуваат сојузи за да ја нападнат Србија од различни насоки. Го кажувам она што го знам, а кога ќе избувне уште една поголема војна, целта е да имаме сили кои се способни да ја окупираат нашата земја“, истакна тој.
Поради ова, како што истакна, мора да бидеме подготвени да ги зајакнеме сите капацитети на земјата.
Вучиќ ѝ се заблагодари на СПЦ за зачувувањето на единството на народот. „Во периодот и во времето што доаѓа, треба да бидеме, ако не и обединети, затоа што ни треба демократија, не еднодушност, туку да се обидеме да најдеме и да разбереме што е заедничкиот именител и што е тоа што треба да го направиме заедно за буквално да преживееме, да ја зачуваме земјата и да можеме да одиме напред“, рече српскиот претседател.
Свет
Финскиот министер за одбрана: Русија ги зајакнува своите воени капацитети на Арктикот
Русија го интензивира своето воено присуство на Арктикот и гради нови воени објекти по границата со Финска, изјави финскиот министер за одбрана Анти Хаканен.
Тој истакна дека безбедноста на тој регион е од клучно значење за стабилноста на Европа и дека европското нуклеарно одвраќање не може да го замени НАТО.
Во интервју за „Јуроњуз“ на маргините на Минхенската безбедносна конференција, Хаканен изјави дека Русија има поголем дел од своите стратешки капацитети, вклучувајќи нуклеарни подморници и бомбардери со долг дострел, на полуостровот Кола.
Според него, Москва гради нови воени објекти по финската граница, што потсетува на периодот на Студената војна, поради што, како што оцени, е потребно да се зајакнат одбранбените капацитети на Арктикот заради одвраќање.
Тој нагласи дека финските вооружени сили се целосно обучени за арктички услови и се подготвени да го споделат своето искуство со сојузниците.
Финска, која се приклучи на НАТО по руската инвазија на Украина, го поздрави обновеното планирање на Алијансата за одбрана на северот, но Хаканен смета дека безбедноста на тој регион требало да биде приоритет порано.
Зборувајќи за финансирањето, Хаканен изјави дека Финска, како и 18 други членки на ЕУ, побарала средства од фондот на Унијата во вредност од 150 милијарди евра за одбранбени кредити, и дека барањето на Хелсинки во износ од 1 милијарда евра било одобрено минатиот месец. Поголемиот дел од средствата ќе бидат инвестирани во копнени сили, вклучително и купување оклопни возила и беспилотни летала.

