Свет
Ме малтретираше, ми се закануваше, имам и рани: Русинка брутално претепана од партнерот од Србија кој и ги зел документите
М.С.(29) од Косјерица е осомничен дека ја нападнал својата девојка А.Р. (19) од Русија во алкохолизирана состојба. По него е започната потрага, дознава „Блиц“.
Според неофицијални информации, тој на 4 декември во утринските часови додека тој и девојката биле во изнајмениот стан, во алкохолизирана состојба, физички ја нападнал.
„При земање на изјавата, како што дознаваме, девојката не го знаела презимето на осомничениот и дала погрешна адреса каде живеат“, вели извор на „Блиц“ запознаен со случајот.
Сепак, понатамошната работа го идентификуваше осомничениот како и адресата на живеење.
„По него е започната потрага, а на адресата биле неколку полициски патроли и инспектори, но никој не ја отворил вратата од станот“, се наведува.
Осомничениот немал претходни пријави за насилство.
Девојката на својот Инстаграм профил објавила фотографии на кои се гледаат сите повреди кои и ги нанел осомничениот човек.
Хематоми под очите, на рацете и грбот. Исекотини на усната, а очите и се затворени поради модринки. Нејзините очни капаци беа отечени.
Под тие фотографии таа објави краток опис.
„Моето поранешно момче го направи ова. Ми ги фрли пасошите и изводот на родените. Ме малтретираше и тепаше, ми се закануваше. Тој ми ги зеде сите заштеди. Ми скрши два мобилни телефони. Имам рани на главата. Ме остави без работа и буквално се. Немам како да ја напуштам државата. Никогаш нема да ти простам С.“, напиша таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија оди на вонредни избори следната година, најави Вучиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави вечерва дека е прифатено главното барање на блокадерите и дека следната година ќе бидат распишани вонредни парламентарни избори, пренесе „Еуроњуз Србија“.
„Го прифативме нивното главно барање, наскоро, следната година, ќе одиме на избори. Само нема да бидат толку среќни кога ќе ги пребројат гласовите. Одиме да ги победиме во секое место во Србија“, рече Вучиќ обраќајќи им се на собраните граѓани пред Домот на Народното собрание.
Тој истакна дека „секогаш силата, љубовта и верата се посилни од нивната омраза“, како и дека верува оти „наредната година ќе биде една од најдобрите, ако не и најдобрата во историјата на Србија“, кога ќе бидат изградени најмногу патишта и железници.
Вучиќ изјави дека е горд што за време на протестите на блокадерите немало ниту една жртва, наведувајќи како пример дека на протестите на „жолтите елеци“ и уличните демонстрации во Франција имало десетици загинати.
„Колку што ќе имам енергија, колку што ќе имам сила, ќе ми биде чест да бидам заедно со вас во борбата против сите кои сакаат да ја уништат нашата земја“, рече Вучиќ, прецизирајќи дека тоа „мора да биде политичка борба“.
Тој потсети дека во Србија една година се одржувале, како што наведе, насилни судири на блокадерите, при што биле уриваани простории на Српската напредна странка и биле претепани поединци.
„Ќе продолжиме да работиме и ќе продолжиме да градиме. Ни зборуваа – плашете се од нас, а ние ниту еден момент не се плашевме од нив, знаевме за кого станува збор. Се плашевме да не одговориме со целата сила, го чувувавме нивниот образ, ја чувувавме Србија. На крајот, на никого од нив ама баш ништо не му се случи. Потешко беа повредени само оние кои ја чуваа Србија, и од нож и од пиштол“, изјави Вучиќ.
Регион
(Видео) Хрватска, Косово и Албанија ќе произведуваат оклопно возило наречено „Шота“
Косово, во соработка со Албанија и Хрватска, планира да започне производство на оклопното возило „Шота“, што би бил прв заеднички проект од ваков тип на Балканот. Веста ја потврди в.д. министерот за одбрана на Косово, Ејуп Мачедонци, наведувајќи дека разговорите со Албанија се во завршна фаза, по што договорот ќе биде проширен и на Хрватска, пишува „Кликс.ба“.
Во во интервју за емисијата „60 минути“, пренесено од порталот „Коха“, тој изјави дека партнерите веќе постигнале начелен договор за заеднички развој и производство на возилото со албански дизајн. Според него, производството би било географски распределено, така што секоја земја би била задолжена за изработка на различни компоненти.
Доколку проектот се реализира, тоа ќе биде првпат три балкански држави заеднички да произведуваат воено оклопно возило, кое би било наменето за нивните вооружени сили, но и за извоз. Оваа иницијатива е продолжение на меморандумот за соработка во областа на одбраната и безбедноста што Косово, Албанија и Хрватска го потпишаа во март во Тирана, при што е оставена можност и за приклучување на други земји.
U okviru trilateralne vojne suradnje, Kosovo, Albanija i Hrvatska ulaze u povijesni projekt zajedničke proizvodnje oklopnog vozila “Shota”, dizajniranog u Albaniji. pic.twitter.com/dwNGk4bcoc
— Vuk83J 🇭🇷 (@putnik833) December 27, 2025
Министерот нагласи и дека Косовските безбедносни сили напредуваат побрзо од очекуваното, надминувајќи ги целите поставени со Сеопфатниот план за транзиција од 2018 година. Тој потврди дека Косово веќе користи системи за противдронска заштита и размислува за дополнително зајакнување на тие капацитети.
Во иднина, Косово планира да премине кон целосна воена оперативност веќе од следната година, што вклучува набавка на системи за противвоздушна одбрана и хеликоптери. Се водат разговори со Пентагон за можната набавка на хеликоптери, при што министерот истакна дека Соединетите Американски Држави и Турција остануваат главни одбранбени партнери на Косово, заедно со проширување на соработката со Германија, Италија, Обединетото Кралство, Хрватска и Чешка.
Трилатералниот меморандум за одбрана предизвика остри критики од Србија, пишува „Индекс“. Белград тврди дека со него се крши регионалниот договор за контрола на вооружувањето од 1996 година, како и Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, која, според српскиот став, го дефинира КФОР како единствена овластена вооружена сила на Косово.
Фото: pexels
Свет
(Видео) Трамп: Преговорите се во финална фаза, можен е брз крај на војната – состанокот со Зеленски е во тек
Во резиденцијата Мар-а-Лаго на Флорида започнаа разговорите меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Објавени беа и првите детали од салата за состаноци, според кои украинската делегација е сместена на една страна од масата, а американската делегација спроти нив.
Во американската делегација, покрај Трамп, учествуваат државниот секретар Марко Рубио, како и специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер. На состанокот присуствува и генералот Дан Кејн, претседател на Здружениот штаб и највисок воен функционер на САД.
По пристигнувањето на Зеленски, Трамп пред новинарите изјави дека е оптимист за можноста за постигнување мировен договор, оценувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин е сериозен во врска со мирот.
Trump-Zelensky meeting continues. pic.twitter.com/bC5OvVmSxN
— Clash Report (@clashreport) December 28, 2025
„Премногу луѓе загинаа и мислам дека двајцата претседатели сакаат да постигнат договор. Навистина верувам дека имаме основа за договор што е добар за Украина, добар за сите. Ништо не е поважно“, изјави Трамп.
Тој најави дека ќе постои силен безбедносен договор за Украина и нагласи дека европските држави се многу вклучени во целиот процес, оценувајќи дека тие се усогласени со напорите за постигнување договор.
Во меѓувреме, Зеленски соопшти дека е постигнат значаен напредок во мировниот план од 20 точки, наведувајќи дека украинскиот и американскиот тим завршиле околу 90 отсто од работата и дека наскоро ќе се разговара за преостанатите точки, меѓу кои и чувствителното прашање за територијата.
⚡ Closed-door talks between Zelensky and Trump have begun
Before the press was escorted out, Trump said:
“We’re in final stages of talking. It’ll either end or go on for a long time.” pic.twitter.com/YQ6ia03E2f
— NEXTA (@nexta_tv) December 28, 2025
Трамп изрази уверување дека преговорите за завршување на војната се во финална фаза и дека е можен и брз крај на конфликтот, предупредувајќи на тешките последици доколку решение не се постигне наскоро.
„Или ќе заврши, или ќе продолжи долго време, а милиони дополнителни луѓе ќе умрат. И никој не го сака тоа“, изјави Трамп, додавајќи дека, според него, процесот може да се одвива многу брзо.
По кратките изјави пред јавноста, Трамп и Зеленски се повлекоа во внатрешноста на Мар-а-лаго, каде ги започнаа официјалните разговори.

