Свет
Моди ја почна предизборната кампања со ветување за нова Индија
Индискиот премиер, Нарендра Моди, во четвртокот официјално ја почна предизборната кампања на неговата партија со митинг во најнаселената држава во Индија.
Коалицијата предводена од партијата на Моди се очекува да ја задржи власта на изборите што почнуваат на 11 април, особено поради неодамнешните тензии со стариот ривал Пакистан.
„Оваа земја видела влади што само изработуваат слогани, на првпат тие гледаат одлучна влада која знае како да ја демонстрира својата решителност“, изјави Моди на митингот во градот Мерут.
„Нашата визија е нова Индија која ќе биде во склад со нејзиното славно минато“, рече тој додека толпата извикуваше со одобрување и мавташе со знамињата на партијата.
Изборите, на кои приближно 900 милиони луѓе имаат право на глас, ќе се одржат во фази, што ќе завршат на 19 мај. Гласовите ќе се пресметауваат на 23 мај.
Во декември главната опозициска партија ја порази партијата на Моди во трите главни рурални држави како резултат на недостигот на работни места и ниските цени на земјоделските производи, кои ја намалија популарноста на Моди.
Но, анкетите покажуваат дека шансите на Моди се значително подобрени благодарение на неговиот цврст став кон Пакистан.
На митингот Моди вети економски раст и просперитетно општество за сите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО
Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.
„Руската Федерација никогаш не била закана за НАТО. Ние немаме ниту геополитички ниту воени интереси да ги нападнеме земјите од блокот, ние едноставно го штитиме нашиот народ на нашите историски територии“, рече Шојгу на состанокот на министрите за одбрана на земјите-членки на Шангајската организација за соработка (SCO) во главниот град на Казахстан, Астана.
Шојгу нагласи дека Русија секогаш вложувала максимални напори за одржување на стратешката стабилност и рамнотежа на силите во светот, пренесува Интерфакс.
Свет
Трамп: Подготвен сум да го обновам конзервативниот сојуз со Орбан
Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го обнови конзервативниот сојуз со унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Во видео пораката Трамп изјави дека со нетрпение очекува блиска соработка со Орбан кога, како што наведе, повторно ќе положи заклетва како 47-ми претседател на САД, пренесе АП.
Во својата порака Трамп го нарече Орбан голем човек и истакна дека додека бил претседател на САД, работел со него на подобрување на вредностите и интересите на САД и Унгарија.
Свет
Блинкен пристигнува во Израел, седми пат од почетокот на војната
Американскиот државен секретар во вторник ќе го посети Израел, седми пат по нападот на палестински Хамас на 7 октомври врз јужен Израел и војната што следеше со израелскиот одговор во Појасот Газа.
Јавниот сервис Кан објави дека Блинкен ќе дојде во Израел за да разговара за најавената операција на израелската армија во Рафах, како и за напорите да се обезбеди пауза во борбите и да се ослободат повеќе од 100 заложници кои ги држеше Хамас.
Блинкен моментално е во посета на Кина.