Свет
Можен е распад на ЕУ ако Брисел насила ја турка промигрантската политика, смета Орбан
Унгарскиот премиер, Виктор Орбан, изјави дека распадот на Европската Унија не може да се исклучи ако еден дел од блокот се обиде да му наметне промигрантска политика на друг дел. Цитиран на веб-страницата на унгарската влада, Орбан рече дека може да ја види опасноста од поделби во рамките на ЕУ.
„Ако нè остават на мир и не ни ја наметнуваат исламизацијата, Европа може да продолжи да живее како клуб на слободни нации”, рече Орбан, но додаде дека ако Брисел ја принуди Унгарија да го прифати пактот за миграција на ОН или одлуките на Европската комисија, распадот на ЕУ е секако можен.
Во средата Орбан ги поздрави неодамнешните предлози на францускиот претседател, Емануел Макрон, за потребните реформи на ЕУ и рече дека тоа би можело да биде почеток на сериозна дебата за иднината на Европа.
Орбан рече дека предлогот на Макрон за реформа на политиките за шенген-зоната и за воспоставување заеднички гранични сили и Канцеларија за азил во ЕУ се неопходни – но дали визиите на Макрон и Орбан ќе се усогласат во реалноста е друго прашање.
Орбан постојано доаѓа во судир со ЕУ поради неговата неподготвеност да ги отвори границите на Унгарија за бегалците, нарекувајќи ги „муслимански натрапници” и велејќи дека ниту една земја не треба да биде принудена да усвои наметнати миграциски политики или да се придржува на квотите воведени во Брисел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Северна Кореја за првпат оваа година се положи заклетва на лојалност за роденденот на Ким Џонг Ун
За прв пат откако севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ја презеде власта во 2011 година, од севернокорејските граѓани беше побарано да дадат заклетва за лојалност оваа година на неговиот роденден, соопшти јужнокорејскиот Институт за развој на југ и север (SAND) со седиште во Сеул.
Во петокот, институтот објави фотографии од текстот на заклетвата во папката, за која се верува дека е направена на 40-тиот роденден на Ким, 8 јануари, пренесува Ројтерс.
Северна Кореја никогаш официјално не го потврдила датумот на раѓање на Ким, а традиционално ваквите церемонии за заклетва се одржуваат на родендените на неговиот татко и дедо, претходни севернокорејски лидери.
Свет
Потврдено е дека во Мексико се пронајдени телата на исчезнатите туристи
Мексиканските власти потврдија дека двајца австралиски и еден американски турист, кои беа пријавени за исчезнати во северно Мексико, се мртви откако нивните тела ги идентификувале нивните родители.
Јавниот обвинител Елена Андраде им кажа на родителите и дипломатските службеници дека мексиканските власти целосно ќе се посветат на истрагата за да ги изведат одговорните за злосторството пред лицето на правдата, пренесува Ројтерс.
Телата на браќата Калум (33) и Џејк (30) Робинсон од Австралија и американецот Картер Роуд (30) беа пронајдени на дното на бунар во мексиканската држава Долна Калифорнија минатата недела, по повеќедневна потрага.
Свет
Белоруски министер за надворешни работи: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад
Министерот за надворешни работи на Белорусија Сергеј Алејник изјави дека Украина често провоцира обиди за транспорт на оружје и експлозиви на белоруска територија, што може да се користи за терористички акти во Русија.
Алејник за РИА Новости изјави дека во текот на оваа и минатата година биле запрени 40 канали за транспорт на оружје и експлозиви од Украина на територијата на Белорусија и оценил дека тоа е загрижувачка информација.
Тој додаде дека Комитетот за безбедност на Белорусија неутрализирал 20 и притворил околу 30 диверзанти кои преминале од Украина во Белорусија и подготвувале терористички акти.