Свет
„Монсанто“ мора да му исплати на клиент 80 милиони долари зашто придонела за развој на карцином
На компанијата „Монсанто“ ѝ е наредно да му исплати на еден Американец 80 милиони долари отштета кога судот одлучи дека таа компанија со своите средства за уништување плевел, „раундап“, придонела за развој на карцином кај човекот.
Сојузната порота на судот во Сан Франциско пресуди компанијата „Монсанто“, која лани ја купил германски „Бајер“, дека е виновна бидејќи не го предупредила клиентот на опасност од развој на карцином поврзан со средството „раундап“.
Минатата недела поротата одлучила дека тоа средство е клучен предизвикувач во развојот на карцином кај Едвин Хардеман од Калифорнија.
Од компанијата велат дека се разочарани од судската одлука и најавија жалба.
Како што се наведува, „раундап“ содржи глифосат, најчеста состојка во средствата за уништување плевел во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху: Ќе ги донесеме сите заложници дома
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го коментираше враќањето на првите жени заложнички во Израел.
Тој го поздрави ослободувањето на Роми Гонен, Дорон Штајнбречер и Емили Дамари.
„Овој момент е постигнат благодарение на пожртвуваноста и борбата на нашите херојски борци – хероите на Израел“, пишува Нетанјаху на „Икс“.
„Ветувам: сите ќе ги донесеме дома!“, додаде.
Свет
Tрите девојки кои Хамас ги држеше повеќе од година во заложништво се соединија со своите мајки
На профилот на Израел на „Икс“ објавени се емотивни фотогрфии од средбата на ослободените заложнички со нивните мајки.
Тие денеска се вратија дома, како дел од договорот за прекин на огнот, кој вклучува етапно ослободување на заложниците кои Хамас ги грабна на 7 октомври 2023 година, кога го напдна Израел, по што почна војната во Газа.
There’s nothing stronger than a mother’s embrace ❤️
Welcome home Emily, Doron and Romi 🇮🇱🎗️ pic.twitter.com/FLCc4qgLbz
— Israel ישראל (@Israel) January 19, 2025
Свет
Видео од моментот на преземање на заложничките од страна на израелската војска
Објавена е снимка на која израелската армија ги презема трите заложнички кои денес ги ослободи Хамас, како дел од договорот за прекин на огнот.
Девојките се пренесени во Израел.
🔴Μια στιγμή που δεν θα ξεχάσουμε ποτέ: Η Emily, η Romi και η Doron μεταφέρονται από τον Ερυθρό Σταυρό στους IDF 🇮🇱🎗️❤️ pic.twitter.com/ndH9UJISJC
— Israel in Greece 🇮🇱🇬🇷 (@IsraelinGreece) January 19, 2025
Објавена е и фотографија од заложничката Емили Дамари. Емили има преврзана рака, но изгледа добро расположена.