Свет
Москва: Азилот на Сноуден продолжeн и секако нема да му биде „подарен“ на Трамп
Руското министерство за надворешни работи остро ја осуди „идеологијата на предавство“ промовирана од поранешниот директор на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Мајкл Морел, кој предложи Едвард Сноуден да биде предаден како „совршен подарок на Владимир Путин на инаугурацијата на Доналд Трамп“.
Во колумна објавена во неделата во The Cipher Brief, Морел го повика Путин да го избегне принципот на не-екстрадиција и да им го испорача Сноуден на САД.
Поранешниот соработник на Агенцијата NSA е обвинет за шпионажа и кражба на владин имот и се соочува со 30 години затвор во САД.
„Попладне на 20 јануари, денот на инаугурацијата, нуди одлична можност за рускиот претседател Владимир Путин да му даде на новоизбраниот претседател Доналд Трамп совршен подарок – Едвард Сноуден “, пишува Морел.
„Јас сум свесен дека Русија нема договор за екстрадиција со САД, но убеден сум дека претседателот Путин е доволно креативен да изнајде начин да го депортира Сноуден”.
Поранешниот шеф на ЦИА, тврди дека е во интерес на Путин да го протера најбараното лица во Америка, а со тоа ќе му помогне на Трамп „да ги занемари антидемократските активности на Москва дома и дестабилизирачките активности во странство”.
Портпаролот на руското министерство за надворешни работи, Марија Захарова, остро реагираше велејќи дека Русија не ги изневерува своите принципи и не дава „подароци“, пренесува телевизијата Russia Today (RT)
Но, сериозно, суштината на она што го предлага {поранешниот шеф на} CIA е идеологија на предавство”, пишува Захарова.
„За CIA е нормално луѓето да ги претставува како подароци и да се откаже од оние кои бараат заштита.”. /крај/мф/вс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во Брисел се дискутира можноста за воведување царини на американски производи, јавува „Фајненшл тајмс“
Во Брисел во тек е итен состанок на европските амбасадори на кој се дискутира за можниот одговор на американските царини што ги воведе Доналд Трамп, пишува „Фајненшл тајмс“.
Една од главните опции што се разгледуваат е воведување царини на американски производи во вредност од 93 милијарди евра. Според изворите запознаени со состојбата, овој пакет на контрамерки бил ставен на чекање минатиот август откако Европската унија постигнала трговски договор со САД. Таа шестмесечна суспензија истекува следниот месец, освен ако Европската комисија не одлучи да ја продолжи.
Како друга можност се спомнува и ограничување на пристапот на американските компании на пазарот на ЕУ. Се очекува францускиот претседател Емануел Макрон да побара активирање на Инструментот против присила на ЕУ, механизам што им овозможува на членките да возвратат трговски мерки против земји што вршат економски притисок.
Досега најавите од состанокот не се објавени, бидејќи дискусијата сè уште е во тек.
Свет
Руте: Разговарав со Трамп за Гренланд
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за безбедносната состојба на Гренланд и Арктикот. Разговорот се одржал телефонски, но Руте не наведе детали за содржината.
Тој најави дека ќе се сретне со Трамп следната недела на Светскиот економски форум во Давос, каде се очекува присуство на политичката и бизнис елита.
Контекстуално, разговорот доаѓа во време кога Трамп бара целосно сопствеништво над Гренланд, кој е автономна територија на Данска. Претходно, тој се закани со зголемени царини за осум земји што одлучија да испратат војници како поддршка на НАТО-вежбата на Гренланд.
Свет
Данска се обидува да го одврати Трамп од идејата дека мора да биде сопственик на Гренланд
Данскиот министер за надворешни работи, Ларс Леке Расмусен, изјави дека Копенхаген се обидува да го разубеди американскиот претседател Доналд Трамп од идејата дека мора да го поседува Гренланд.
Расмусен го изјави ова на прес-конференција во Осло, по средбата со својот норвешки колега. Тој нагласи дека вниманието кон Гренланд не треба да го засени фактот дека во Украина сè уште се води војна и дека е во критична фаза.
И покрај заканите од Вашингтон, Данска, според Расмусен, сака да продолжи со дипломатски пристап. По средбите во Вашингтон со потпретседателот на САД, Џеј Ди Ванс, и со државниот секретар Марко Рубио, решено е да се формира работна група на високо ниво која ќе разгледа дали постои заедничко решение. Првата средба се очекува во наредните недели.

