Свет
Москва и Пекинг ги осудија американските санкции против Русија
Москва и Пекинг денеска ги осудија новите санкции на Вашингтон против Русија, но и против Кина поради купувањето руско оружје, подигајќи ги веќе високите тензии во контекст на трговската војна меѓу САД и Кина.
Ова е првпат САД да воведат санкции против странска владина фирма заради купување „одбранбен материјал” од Русија, вклучувајќи ги и борбените авиони и ракетите земја-воздух.
Санкциите беа објавени вчеравечер, и во Пекинг беа примени со лутина. Кинескиот портпарол Генг Шуанг денес изрази „големо згрозување”, повикувајќи ги САД да ги повлечат санкциите бидејќи во спротивно ќе трпат „последици”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Северна Кореја лансираше повеќе од 250 балони со ѓубре кон Јужна Кореја: затворен аеродромот во Сеул
Во текот на ноќта Северна Кореја лансираше повеќе од 250 балони со ѓубре кон Јужна Кореја, соопшти денеска јужнокорејската армија.
Тоа е шесто вакво лансирање од крајот на минатиот месец, а поради него аеродромот во близина на Сеул беше затворен околу три часа, пренесува „Јонхап“.
Околу 100 балони, главно со отпадна хартија и друг отпаден материјал, слетале во Сеул и во северниот дел на провинцијата Ѓеонгги, соопшти Генералштабот на корејската армија.
Домашните и меѓународните летови беа запрени или одложени околу три часа на меѓународниот аеродром Инчеон, западно од Сеул, од 1:46 часот утринава по локално време, според „Јонхап“.
Анализата на балоните покажала дека тие не содржат отровни материи, се наведува во соопштението на јужнокорејската армија.
Со последната серија, Северна Кореја се проценува дека лансирала повеќе од 2.000 балони кои носат отпадоци од 28 мај, според „Јонхап“.
Како одговор, на 9 јуни, за прв пат по шест години, Јужна Кореја почна да емитува говори против владата на Пјонгјанг преку звучници во пограничната зона.
Свет
(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода
Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо, врнежите се очекува да траат уште неколку дена.
Пожарникарите примиле повеќе од 200 повици за помош, а меѓу другите извлекле и жена заробена во автомобил од поплавен подвозник.
Fierce floods takeover the streets of Langhirano, #Italy following heavy rains #Flood #Langhirano #Maltempo #Flooding #Flashflood #Rain #Weather #Viral #Climate pic.twitter.com/Uy9V4Wpvfz
— Earth42morrow (@Earth42morrow) June 25, 2024
Повиците за помош биле поврзани и со поплави и разнесени покриви. Неколку автомобили паркинг пред трговски центар биле оштетени од металниот покрив кој се одвоил од блиската зграда, пишува „Анса“.
Обилни врнежи паднаа и на северот на Тоскана, каде што пожарникарите користеа чамци за да ги спасат возачите заробени на поплавените улици.
Издадено е црвено предупредување за водостојот на реките, кое важи и за областа Модена и Пјаченца во провинцијата Емилија Ромања, пишува италијанската новинска агенција „Анса“.
Температурите во поширокото подрачје на северниот и централниот дел од земјава се движат околу 20 Целзиусови степени. Метеоролозите предвидуваат дека врнежите ќе продолжат до четврток, а најлошо ќе биде во провинциите Лигурија, Пиемонт, Тоскана, Умбрија и регионот Марке.
Свет
За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана
Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една година, а двете страни дадоа многу различни прикази за разговорот потоа.
Пентагон соопшти дека американскиот секретар за одбрана Лојд Остин и неговиот руски колега Андреј Белоусов разговарале за важноста на отворените линии на комуникација.
Остин го иницираше повикот и тоа беше прв таков повик од март 2023 година, изјави за новинарите портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Патрик Рајдер.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Белоусов го предупредил Остин за опасностите од континуираната испорака на американско оружје за Украина во нејзиниот 28-месечен конфликт со Русија.
„И. Р. Белоусов укажа на опасноста од натамошна ескалација на ситуацијата преку континуирана испорака на американско оружје за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Министерството за Телеграм.
Москва минатиот викенд рече дека Соединетите Американски Држави се одговорни за нападот на Украина на полуостровот Крим, анектиран од Русија, со пет проектили испорачани од САД во кои загинаа четири лица.