Свет
Моќен тајфун им се заканува на Филипините, евакуирани 200.000 лица
Од крајбрежните и планинските области на Филипините 200.000 луѓе се евакуирани поради опасност од поплавување и лизгање на земјиштето бидејќи се приближува моќен тајфун, кој вечерва ќе ја погоди земјата.
Станува збор за тајфунот Камури, 20-ти што ќе ги погоди Филипините оваа година.
Метеоролозите предвидуваат дека тајфунот, проследен со силен ветер од 165 километри на час, ќе го погоди островот Лузон.
Сите четири терминали во главниот град Манила ќе бидат затворени утре поради претпазливост од 11 до 23 часот по локално време.
Службата за вонредни ситуации објави дека евакуирани се 200.000 луѓе од десетици провинции во јужниот дел на Лузон, пренесува „Ројтерс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Кси Џинпинг: Србија е првата земја од Европа со која ќе изградиме заедница со заедничка иднина
Претседателот на Народна Република Кина, Кси Џинпинг изјави дека во денешните разговори со претседателот Вучиќ е постигнат значаен консензус и дека Србија ќе биде првата земја од Европа со која ќе изгради заедница со заедничка иднина.
„Заеднички објавивме дека ќе изградиме заедница меѓу Кина и Србија со заедничка иднина во новата ера, што ќе отвори ново поглавје во историјата на кинеско-српските односи. Пред осум години Србија стана првиот сеопфатен стратешки партнер на Кина во Централна и Источна Европа денеска станува првата европска земја каде што ќе изградиме заедница со заедничка иднина“, рече Кси во говорот по размената на потпишаните меѓудржавни договори меѓу Србија и Кина во Палатата Србија.
Тој посочи дека, како вистински пријатели и добри партнери, Кина и Србија уживаат политичка доверба која е силна како карпа.
Свет
Во Берлин нападната сенаторка, трет напад врз владин политичар за само неколку дена
Германската полиција соопшти дека поранешната градоначалничка на Берлин, сенаторката Франциска Гифај била нападната во локалната библиотека каде непознат маж ја удрил одзади со торба наполнета со тежок предмет, а потоа побегнал.
Во нападот Гифај, која сега е министерка за економија на Берлин и член на партијата СПД на канцеларот Олаф Шолц, беше полесно повредена.
Нападот врз Гифаи е трет напад врз владин политичар за само неколку дена, пренесува Ројтерс.
Свет
(Видео) Авион на Боинг принудно слета на аеродромот во Истанбул, екипажот безбеден
Товарен Боинг 763 принудно слета на аеродромот во Истанбул, по дефект на опремата за слетување, јавија државните медиуми.
Екипажот е безбедно евакуиран, јави државната телевизија ТРТ, пренесува ДПА.
Авионот, во сопственост на американската компанија за испорака Федекс, бил на пат од Париз. Неговата опрема за слетување на носот претрпела дефект додека се приближувал кон Истанбул.
Teretni avion sletio na trup na Aerodromu u Istanbulu https://t.co/7GDTFSZtkY pic.twitter.com/lUD5URlsE0
— Anadolu BHSC (@aa_balkans) May 8, 2024
Контролната кула била информирана и биле преземени неопходните мерки на претпазливост пред авионот да слета во 08:17 часот по локално време, соопшти ТРТ, повикувајќи се на Министерството за транспорт.