Контакт

Свет

Мрачна прогноза на човекот што ја предвиде војната во Газа: „Украина би била изгубена со Трамп во Белата куќа“

Објавено пред

Познатиот британско-американски историчар Нијал Фергусон од Универзитетот „Харвард“, кој го предвиде конфликтот во Украина и Газа, открива која е следната точка на конфликтот.

dobivaj vesti na viber

Во интервју за швајцарскиот весник „Ној Цирихер цајтунг“, зборувајќи за изборот меѓу Џозеф Бајден и Доналд Трамп на јануарските избори и прашањето кој е подобар за САД и Западот, тој рече дека американските гласачи се пред тешка одлука.

Ако го изберат Бајден, би можеле да ја спасат републиката, но речиси сигурно ќе ја изгубат империјата, а влогот е речиси еднакво голем во случајот со победата на Трамп, оцени Фергусон.

„Уште еден мандат на Бајден ќе го запечати падот на Америка како суперсила. Од друга страна, ако гласачите го изберат Трамп, кој јасно стави до знаење дека го презира американскиот Устав, тие ризикуваат да се збогуваат со државата.

Од друга страна, како што вели, САД се многу стабилна демократија, која секако би можела да го преживее вториот мандат на Трамп.

На прашањето кои се трите најкатастрофални одлуки што Трамп би можел да ги донесе доколку повторно стане претседател, Фергусон на прво место го става напуштањето на НАТО.

Тој истакнува дека е сигурен оти Украина би била изгубена со Трамп во Белата куќа, што, според него, би било катастрофа.

„Можеби ова е веќе така затоа што средствата се блокирани поради противењето во Претставничкиот дом. Според мене, би било катастрофа доколку Украина ја загуби војната против Русија. Тоа би довело до сосема нова безбедносна ситуација во Европа.

Сепак, прашањето за Тајван се издвојува како најсериозен проблем на новиот мандат на Трамп. Фергусон предупредува дека Трамп можеби воопшто не се грижи за тоа.

„Ако ги читате мемоарите на (поранешен советник на Трамп) Џон Болтон, Трамп во суштина е рамнодушен кон Тајван. Така, една можност е Трамп да ѝ каже на Кина: „Можеш да му направиш на Тајван тоа што му го направи на Хонг Конг. Јас не. Ајде да зборуваме за тарифи“.

Тој исто така посочува дека и остатокот од светот мора да се подготви за сценариото за победа на Трамп. Во таа насока, посочува Фергусон, Европа мора сериозно да се занимава со стратешка автономија, на која францускиот претседател почна да инсистира пред извесно време, што е далеку од реализација – Јапонија, наведува тој, е поблиску до стратешка автономија отколку европските членки на НАТО.

„Време е земјите од Европа, големи и мали, сериозно да ја сфатат сопствената одбрана бидејќи веќе не може да претпоставуваат дека секогаш ќе има американски гарант за нивната национална безбедност. Во Индо-Пацификот, Јапонија, Јужна Кореја и другите, мора да донесат одлука дали да ја прифатат кинеската доминација и да се подготват за тоа. Тие ќе се обидат да ги убедат САД да ја задржат својата доминација во регионот. Затоа многу ќе зависи од ставот на Трамп и неговиот тим за национална безбедност“, смета Фергусон.

Кога станува збор за Блискиот Исток, Фергусон наведува дека Израел мора да се обиде да го искорени Хамас, но забележува дека Иран е најголемиот проблем. „Речиси сите лоши актери се всушност ирански полномошници. Задржувањето на Иран е многу поважно од задржувањето на Израел. Мислам дека Израел е веќе сериозно ограничен од САД“.

Како човек што ги предвидел конфликтите во Украина и Газа, на прашањето што предвидува за 2024 година, тој одговара дека, според него, Тајван е, најверојатната, следна точка на конфликт.

Кога авторот на интервјуто изјавил дека светот е во нова студена војна и дека Западот може да победи, Фергусон истакнува дека, пред сѐ, на младите западњаци треба да им се објасни како изгледа поразот.

„Младите луѓе од двете страни на Атлантикот се многу задоволни со слободата. Изгледа дека не се грижат многу за тоа. Тоа е затоа што навистина не може да замислат како би било да немаш слобода. Посакувам подобро да објасниме како би изгледал свет во кој доминира Кинеската комунистичка партија. Што ќе беше ако сите наши повици и е-пошта и секоја трансакција беа под надзор на високоидеолошки режим“.

Исто така, како што наведува, западните функционери треба да се потсетат на една од лекциите од класичната историја и на вечната вистина за моќта – една од нив се состои во познатата изрека: Ако сакаш мир, подготви се за војна.

Регион

Пленковиќ, хрватскиот премиер кој доби трет мандат најави прва седница за понеделник

Објавено пред

Откако хрватскиот Сабор вчера ја поддржа 16. Влада на Република Хрватска, а третата предводена од лидерот на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ, тој во изјава за медиумите рече дека првата седница на новата Влада ќе биде во понеделник и најави продолжување на посветената работа во интерес на хрватскиот народ.

dobivaj vesti na viber

„Благодарам на мнозинството во хрватскиот Сабор што ни ја укажа довербата да станеме Влада на Република Хрватска по трет пат и ние, како што правевме претходните осум години, посветено ќе работиме во интерес на хрватскиот народ, сите наши сограѓани, економијата, врската меѓу татковината и иселениците Хрвати и да спроведеме програма врз основа на која ја добивме довербата на хрватските гласачи“, рече Пленковиќ откако Собранието гласаше за неговата трета Влада

Тој им се заблагодари на сите партнери кои ја поддржаа Владата.

Пратениците во хрватскиот Сабор вчера гласаа за доверба на новата влада на премиерот Андреј Пленковиќ.

За доверба на Владата гласаа 79 пратеници, против беа 61 пратеник, а еден беше воздржан.

Прикажи повеќе...

Свет

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Објавено пред

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и тројца Авганистанци се ранети, соопшти талибанското Министерство за внатрешни работи.

dobivaj vesti na viber

Според светските агенции  не е позната националноста на туристите, ниту кој го извршил нападот за кој што се уапсени четири лица.

 

Прикажи повеќе...

Свет

Рјабков: Русија нема доверба во НАТО

Објавено пред

Геополитичките проекти со НАТО сега се невозможни, Москва нема доверба во Алијансата и кај нас предизвикува политичка и емотивна одбивност, изјави денеска рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.

dobivaj vesti na viber

„Геополитички дизајн од секаков вид со НАТО е невозможен. НАТО не е пандан способен за преговори, тоа е групација во која не само што немаме ни најмала доверба, туку ни предизвикува политички и, дури би рекол, емотивна одбивност“, рече Рјабков во интервју за ТАСС.

Тој посочи дека Русија ќе работи со оние „кои се подготвени да преговараат на еднаква основа“.

„Големиот евроазиски простор, концептите на евроазиската безбедност, се она што доаѓа во центарот на вниманието на архитектонските проекти во однос на политиката и геополитиката. Според нас, тоа е она на што пред се треба да се фокусираме“, посочи Рјабков.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет44 минути

Убиени тројца странски туристи и еден Авганистанец

Вчера од вооружени лица во централен Авганистан се убиени  тројца странски туристи и еден Авганистанец, а четворица странски државјани и...

Македонија1 час

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен...

Македонија15 часа

Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот...

Македонија17 часа

Понижувани сме и навредувани, стравуваме дека прозивките ќе преминат во лични напади, реагираат Даштевски и уште петмина од ДИК

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, и членовите Радица Ристеска, Оливер Ристовски, Борис Кондарко, Бобан Стојаноски и Абдуш...

Македонија18 часа

Рама до Бугарија: Ја блокирате Северна Македонија за да покажете дома колку сте силни, политиката е антиевропска

Албанскиот премиер Еди Рама упати критики до официјална Софија и до сите ЕУ-членки што користат билатерални прашања за блокади на...

Македонија18 часа

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Кривичниот суд го добил барањето од Истражниот затвор „Скопје“ во Шуто Оризари за ангажирање адвокат што ќе го застапува осомничениот...

Топ19 часа

Екстрадиран Бесим Красниќи

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР и Единицата...

Македонија19 часа

„Европскиот фронт“: Ниту една влада не може да го раскине договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“

„Европскиот фронт“ смета дека е неприфатлив и невозможен чин раскинувањето на договорот со „Бехтел и Енка“. „Ниедна влада не може...

Македонија21 час

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, негира дека тој или неговата правна канцеларија го подготвиле или учествувале во изготвувањето...

Топ22 часа

Пронашле граната од Првата светска војна и ја однеле во Полициската станица Берово

Регионалниот ЦУК Штип известува дека, вчера, во 12.30 часот, во станицата на Полициската станица Берово беше донесено неексплодирано убојно средство,...

Свет22 часа

Извикал „Робо, дај ми рака“, па пукал кон словачкиот премиер – кој е човекот што стои зад атентатот на Фицо

Словачкиот премиер Роберт Фицо, кој беше застрелан во средата, сѐ уште е во тешка состојба. Според словачките медиуми, се очекува тој...

Свет23 часа

(Видео) Напад на синагога во Франција, полицијата го уби напаѓачот

Француската полиција уби вооружен маж, кој се обиде да запали синагога во северозападниот град Руан, соопшти францускиот министер за внатрешни...

Европа24 часа

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот што ја шокира Европа, изјави унгарскиот премиер...

Свет1 ден

(Видео) Огромно невреме во Хјустон, четворица мртви, градот во мрак: „Не излегувајте“

Силна бура со урагански ветрови го зафати Хјустон вчера, однесе најмалку четири животи, искрши прозорци на облакодери и остави 800.000...

Свет1 ден

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Ким Јо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, повторно негира дека разменилe оружје со Русија, објави државната новинска...

Европа1 ден

(Видео) Украинците ги нападнаа Крим и два руски града, одекнуваат експлозии, избувнуваат пожари

Пристанишниот град Севастопол на окупираниот Крим е нападнат трета ноќ по ред. Десетици беспилотни летала го нападнаа Севастопол и блискиот...

Македонија1 ден

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Управниот суд оформи седум предмети за поднесените тужби од „Европскиот фронт“, кои се против одлуката на Државната изборна комисија (ДИК)...

Македонија2 дена

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: „Тоа прашање требаше да го поставите лани“

Министерот за здравство, Илир Демири не кажа дали осумнаесетте договорци од Токсикологија се стручни, туку рече дека бил загрижен за 18-те...

Македонија2 дена

Разговорите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за составот на новата Влада ќе продолжат и во наредниот период

Денес се одржа работна средба помеѓу работните групи на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Вреди во просториите на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ. Од...

Македонија2 дена

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

При денешното обраќање во рамки на Самитот Македонија 2025 којшто се одржува во хотел Мериот во Скопје претседателот на ВМРО-ДПМНЕ...