Свет
МРП вакцината не ја примајте во една доза, предупреди Трамп
Бремени жени, не користете „таленол“ освен ако не е апсолутно потребно, не давајте „таленол“ на вашето мало дете туку-така без никаква причина, поделете ја МРП вакцината (против морбили, заразни заушки и рубеола, н.з.) на три посебни вакцини, на три одделни дози (не сите заедно во една вакцина), земете ја вакцината против овчи сипаници одделно, против хепатитис Б после 12 годишна возраст и најважно, примете ги вакцините во пет посебни посети на медицинскиот тим. Претседател Доналд Трамп.
Ова го напиша американскиот претседател Доналд Трамп на Truth social. Предупредувањето е сериозно, и веројатно Трамо не би истрчал да го напише ако не е наполно убеден во тоа што го објави.
MРП вакцината е комбинација од три вакцини во една доза. Таа помага да се заштитите од мали сипаници, заушки и рубеола, три потенцијално сериозни вирусни заболувања. Здравствените работници препорачуваат две дози. Децата обично примаат една доза помеѓу 12 и 15 месеци, а друга помеѓу 4 и 6 години.
Трамп не вели да не се прима вакцината, туку само препорачува таа да се прими во три одделни дози, а не во еден микс од сите три вакцини. Зошто? Веројатно ќе следи објаснување од секретарот Кенеди бидејќи Трамп бргу ќе биде напднат од левичарските медиуми кои тој ги нарекува „fake news“’, па на нивните новинари дури не им дава збор на неговите прес конфереции, а сигурно ќе следи напад и од другите организации низ светот и пред се Европа на оваа тема.
Кај нас овие три вакцини се даваат во една доза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.
Свет
Петмина загинати и повеќе од 100 повредени во торнадо во Бразил
Најмалку пет лица загинаа, а 130 се повредени во торнадо кое синоќа опустоши дел од село во јужен Бразил, во сојузната држава Парана, соопштија локалните власти.
– Цивилната заштита на Парана со жалење објавува дека веќе се потврдени пет смртни случаи по торнадото што ја погоди општината Рио Бонито до Игуасу, се вели во соопштението.

