Свет
Над 100 летови се откажани во Јапонија поради обилни врнежи од снег

Повеќе од 100 домашни патнички летови во Јапонија се откажани поради обилниот снег во северните и западните делови на земјата, соопштија две јапонски авиокомпании.
„ АНА Холдингс откажа 77 летови, што влијаеше на околу 5.100 патници“ изјави Јутака Китахара, главен оперативен директор на компанијата.
„ Бидејќи временската ситуација во североисточна Јапонија се уште е нестабилна, можни се дополнителни летови“, рече Китахара, пренесува „Ројтерс“. Компанијата „ Јапонија ерлајнс“ откажа 35 од денешните летови до 10 часот по локално време, при што беа погодени 1.810 патници“ изјави портпаролот на оперативниот оддел на авиокомпанијата.
Јапонија ги заостри граничните контроли за да се спротивстави на ширењето на сојот омикрон. Досега се пријавени само десетина локално преносливи инфекции со новата варијанта на вирусот, вкупно 231 заразен со омикрон.
Низ светот, илјадници летови се откажани за време на божиќниот викенд поради брзото ширење на новата варијанта на коронавирусот.
„Флајт Авер“, веб-страница за следење летови, наведува дека речиси 1.000 летови од и кон САД биле откажани во саботата, а 690 еден ден претходно, пренесува АП.
Повеќе од 250 летови беа откажани денеска, но на веб-страницата на „Флајт Авер“ не се наведува причината, но „Делта“, „Јунајтед“ и „Џет Блу“ во петокот објавија дека ширењето на вирусот предизвикува проблеми со персоналот, што пак доведува до откажување на летовите.
Европските и австралиските авиокомпании исто така беа принудени да ги откажат своите летови за време на празничната сезона поради истите проблеми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Канадскиот премиер: Путин се плаши

Канадскиот премиер Марк Карни, на заедничка прес-конференција со германскиот канцелар Фридрих Мерц, рече дека Владимир Путин се плаши да се сретне со Володимир Зеленски за да разговара за условите за завршување на војната.
Карни истакнува дека Зеленски е подготвен за средба со Путин на која било неутрална територија. Тој, исто така, вели дека Зеленски не очекува Путин да дојде во Киев или дека самиот ќе патува во Москва за таква средба.
„Сепак, секоја неутрална локација би била прифатлива“, рече Карни.
Тој додаде дека е клучно сојузниците да продолжат да ѝ даваат поддршка на Украина додека не се одржи тој состанок.
Фото: ЕПА
Свет
Пукање во католичко училиште во САД: две деца убиени, напаѓачот се самоубил

Најмалку две лица се убиени, а 20 се повредени во пукање во католичкото училиште „Благовештение“ во Минеаполис, Минесота, САД, потврди полицијата.
Како што е потврдено, две деца, на возраст од 8 и 10 години, се убиени.
More than 20 people were injured and at least two were killed in a tragic shooting incident at Annunciation Catholic Church and its school, located in the southeast neighborhood of Minneapolis, Minnesota, USA, during a morning school Mass.
Among the injured, at least 14 people… pic.twitter.com/9f9WTH2Dof— khaled mahmoued (@khaledmahmoued1) August 27, 2025
Напаѓачот е исто така мртов. Полицијата верува дека напаѓачот, кој си го одзел животот на паркингот пред училиштето, дејствувал сам. Полицијата соопшти дека имал околу 20 години, но сè уште не е познато дали бил поранешен ученик во училиштето.
Вооружен со три оружја, вооружениот човек отворил оган низ прозорците кон децата и другите верници за време на мисата по повод првата недела од школувањето по празниците.
Гувернерот на Минесота, Тим Волц, потврди дека пукањето се случило во католичко училиште и го опиша инцидентот како „страшен чин на насилство“.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави дека е целосно информиран за инцидентот и дека ФБИ брзо реагира и е на местото на настанот. „Молете се за сите погодени“, напиша Трамп на Truth Social.
Свет
Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција

Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.
Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.
Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.
Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.
Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.
Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.