Европа
Назначени комесарите во новата Европска комисија
Поранешниот унгарски министер за правда Ласло Трошањи е предложен за еврокомесар за проширување од страна на новата претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Таа денеска ги презентираше своите предлози за новиот состав на Еврокомисијата. Предложените кандидати за комесари ќе бидат сослушани од страна на европратениците во наредните недели.
Фон Дер Лајен ја предложи Бугарката Марија Габриел за еврокомесар за иновации и млади, Франс Тимерманс од Холандија за животна средина, Австриецот Јоханес Хан за Буџет и администрација, Дидие Рејндерс (Белгија) за правда, Стела Кириакидис (Кипар) ќе го води ресосрот здравство, Кадри Симсон (Естонија) ќе го предводи секторот за енергетика, Јута Урпилајнен (Финска) ќе биде еврокомесарка за меѓународни партнерства, Јута Урпилајнен (Финска) одбранбена и вселенска индустрија, Фил Хоган (Ирска) за трговија, Паоло Џентилони (Италија) – економија, Виргиниус Синкјавичјус (Литванија) за животна околина и океани, Никола Шмит (Луксембург) за пазар на трудот, Хелена Дали (Малта) за еднаквост, Јануш Војчеховски (Полска) за земјоделство, Елиза Фереира (Португалија) – кохезија и реформи, Рована Плумб (Романија) ќе го добие ресорот транспорт, Јанез Ленарчич (Словенија) за управување со кризи, Жилва Јохансон (Шведска) се очекува да биде еврокомесарка за внатрешни работи.
Идни еврокомесари ќе бидат и Дубравка Шуица (Хрватска) за демографија и демократија, Вера Јурова (Чешка) – за транспарентност, Маргрете Вестагер (Данска) за дигитализација, Силви Гулар (Франција) за внатрешен пазар и индустрија, Маргаритис Схинас (Грција) за заштита на европскиот начин на живот, Ласло Трошањи (Унгарија) – проширување и соседска политика, Валдис Домбровскис (Летонија) се очекува да биде избран за еврокомесар за финансиски услуги, Марош Шефчович (Словачка) за меѓуинституционални односи и надзор и Жозеп Борел (Шпанија), предложен претходно од ЕУ за висок претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност.
Откако списокот со предложени комесари ќе биде објавен во Службениот весник на ЕУ, процедурата преминува во Европскиот парламент, каде ќе се гласа за номинираните, кои би требало да стапат на должност на 1 ноември со мандат до 31 октомври 2024 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците уништија руски систем за воздушна одбрана вреден 60 милиони долари
Украинските сили за беспилотни системи објавија дека уништиле три вредни руски противвоздушни системи со вкупна проценета вредност од околу 60 милиони долари – Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2 – за време на тридневен напад со беспилотни летала.
Во соопштение на социјалните мрежи, тие велат дека операторите од батаљонот Асгард на 412-та бригада Немезис, заедно со 12-от Центар за специјални намени и специјалната единица „Кабул 9“ на Воената разузнавачка служба (ХУР), погодиле три важни цели: системите Бук-М1, Бук-М2 и Тор-М2.
Уништените системи се меѓу највредната руска опрема на бојното поле.
Европа
(Видео) „Ризикуваме да изгубиме сè“: драматичен говор на Зеленски по падот на вториот човек на Украина
Украинскиот претседател Володимир Зеленски се огласи на Фејсбук за прв пат по оставката на Андриј Јермак, шефот на кабинетот на украинскиот лидер.
Како што нагласи на самиот почеток, „Русија едвај чека Украина да прави грешки“.
– Ние нема да ги правиме. Нашата работа продолжува. Нашата борба продолжува. Немаме право да не успееме, немаме право да се повлечеме или да се свртиме едни против други. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè – себеси, Украина и нашата иднина. Мора да стоиме заедно. Мора да издржиме. Нема друг избор. Никогаш нема да има друга Украина. Ние ја браниме Украина. Слава на Украина! – рече Зеленски.
Зеленски денес објави дека неговиот шеф на кабинетот, Андриј Јермак, поднел оставка.
– Прво: Канцеларијата на претседателот на Украина ќе назначи ново лице на чело – шефот на кабинетот, Андриј Јермак, ја потпиша својата оставка – рече Зеленски во своето вечерно обраќање, пренесува Интерфакс Украина.
Тој му се заблагодари на Јермак за неговата досегашна работа и рече дека утре ќе одржи консултации за тоа кој би можел да биде новиот шеф на неговиот кабинет, пренесува УНИАН.
Европа
Франција ги забрани мобилните телефони во основните училишта, Макрон: Ќе ги забраниме и во средните училишта
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е веројатно на средношколците да им биде забрането да користат мобилни телефони почнувајќи од следната година.
Објавата е продолжување на постојната мерка што веќе е во сила за помладите ученици, објави Политико.
На учениците во основните и средните училишта во Франција веќе им е забрането да користат мобилни телефони.
Зборувајќи на настан во источна Франција, Макрон рече дека првата фаза од забраната функционирала „доста добро“ и изрази поддршка за проширување на политиката на средните училишта, кои ги посетуваат ученици на возраст од 15 до 18 години.
Францускиот претседател потврди дека министерот за образование Едуар Жефри веќе ја разгледува идејата. Сепак, воведувањето забрана во средните училишта може да бара ново законодавство. Националното собрание гласаше за сегашната забрана во 2018 година, но тој закон конкретно ги опфаќа само предучилишните установи, градинките и основните и средните училишта.
Иако влијанието на Макрон врз домашната политика ослабе откако ја изгуби контролата врз парламентот во 2024 година, претседателот во последните недели се обидува да се врати на домашната сцена. Преку серија јавни настапи, тој се обидува да покаже како планира да се соочи со предизвиците што ги поставуваат социјалните медиуми и големите интернет платформи.

