Свет
Напаѓачот од Нов Зеланд се одмаздувал за убиството на 11-годишно девојче во Стокхолм
Дваесет и осумгодишниот напаѓач го извршил нападот како одмазда за убиството на 11-годишно девојче за време на терористичкиот напад во 2017 година во Стокхолм. Тогаш на девојчето налета камион, кој го возеше Узбекистанец, а беа убиени и тројца други.
Во манифестот, Брентон Тарант вели дека девојчето само се враќало од училиште и не заслужило да биде убиено. Австралиецот на 74 страници напишал манифест во кој објаснува зошто се решил за нападот.
За себе вели дека има 28 години и е роден во Австралија, а по потекло од Шкотска, Ирска и од Англија. На Нов Зеланд се преселил привремено за да го испланира и спроведе терористичкиот напад.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тинејџер се качил на вагон во Белград, го удрила струја и се здобил со тешки изгореници
Момче (15) е тешко повредено откако на железничка станица во Белград го удрило струен удар.
„Телеграф“ јавува дека момчето се качило на возот за да се фотографира.
Со него имало уште двајца 15-годишници кои биле сведоци на несреќата, но како што пишува „Телеграф“, тие не се качиле на вагоните.
Тинејџерот е во многу тешка состојба, се здобил со тешки изгореници по целото тело. Итно бил пренесен во болница и е на респиратор.
Регион
Уште еден силен земјотрес со јачина од 5 степени го погоди Санторини, драмата продолжува: се тресеше во текот на ноќта
Пет земјотреси ја погодија областа меѓу Аморгос и Санторини во текот на ноќта, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина.
Најсилниот земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала се случи утринава во 3 часот и 14 минути на 24 километри југоисточно од Аморгос, пишува „Катимерини“.
Потоа следеа уште четири помали земјотреси со јачина од 4, 4,6, 4 и 4,1, кои беа регистрирани во периодот од 3,35 до 4,23 часот.
Во 6:21 часот е регистриран уште еден земјотрес со јачина од 4,1 степени на 230 километри југоисточно од Атина.
Оваа серија земјотреси е дел од тековната сеизмичка активност која започна на почетокот на февруари.
Од 1 февруари, повеќе од 1.100 земјотреси се регистрирани во регионот на Киклади, од кои најсилниот бил со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.
Поради континуираната сеизмичка активност, училиштата на Санторини, Анафи, Аморгос и Јос се повторно затворени оваа недела.
Научниците продолжуваат да предупредуваат дека сеизмичката активност може да продолжи со месеци и дека не ја исклучуваат можноста за голем земјотрес, како и помали вулкански ерупции во областите Неа Камени или Колумба.
Свет
(Видео) Воз и камион се судрија во Германија, десетици повредени, најмалку еден загинат
Најмалку едно лице загина, а 25 се повредени во судир на брз воз и камион во Хамбург, Германија.
Во несреќата шест лица се тешко повредени, соопшти германската полиција.
Како што пренесува германскиот весник „Билд“, еден од патниците во возот бил германскиот телевизиски комичар Бернхард Хокер (54), кој во несреќата се здобил со полесни повреди.
Според извештаите, возот во кој се наоѓале 291 патник се судрил со камион кој превезувал делови од шините.
Иако се уште не е позната точната причина за несреќата, очевидци изјавија дека камионот се обидел да го помине железничкиот премин токму во моментот кога се затвориле бариерите, оставајќи го задниот дел од камионот на шините.
Повредените патници се евакуирани и транспортирани со автобуси до блиската станица.
Повредениот сопатник имал 55 години и починал на местото на настанот.
Причината за несреќата се уште е нејасна, а возачот на камионот е приведен на распит.
Според информациите од федералната полиција, несреќата се случила и покрај итното сопирање на возот.
Полицијата и спасувачките служби распоредија хеликоптер за да помогне во евакуацијата на повредените.