Свет
Напаѓач во САД отвори оган на прослава за независноста, убиен тинејџер, има повредени
14-годишно момче е убиено, а уште шестмина се повредени во пукање за време на прослава на Денот на независноста на САД во Солсбери, на источниот брег на Мериленд.
Повредените се хоспитализирани, но нивните повреди не се опасни по живот, пренесува „АП“.
Локалната полиција соопшти дека нема уапсени, но истрагата е во тек.
Солсбери е град во кој живеат околу 33.000 луѓе, а се наоѓа на 190 километри југоисточно од Вашингтон.
Ова пукање е само едно од неколкуте масовни престрелки што се случија за време на празничниот викенд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Песков: Како наследник на СССР, Русија ја задржува својата позиција за независна Палестина
Русија, како наследник на СССР, останува на ставот дека ја признава независноста на Палестина, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Гледаме во контекст дека Палестина беше призната како независна држава уште во времето на Советскиот Сојуз. Русија, како наследник на Советскиот Сојуз, ја задржува оваа позиција“, истакна Песков, пренесува ТАСС.
До денес, Палестина е призната од девет земји-членки на ЕУ.
Осум земји – Бугарија, Кипар, Чешка, Унгарија, Малта, Полска, Романија и Словачка – го презедоа овој чекор во 1988 година, пред да влезат во ЕУ, а Шведска во 2014 година.
Свет
Украинскиот министер за финансии: На земјата и недостасуваат пет милијарди долари за воени трошоци
На државниот буџет на Украина му недостигаат 5 милијарди долари потребни за воени трошоци, изјави денеска министерот за финансии Сергеј Марченко во интервју за радио Хромадске.
Според него, откако САД го усвоија долгоочекуваниот пакет помош од 61 милијарда долари, новите средства ги покриваат социјалните и хуманитарните трошоци на Украина.
„Во пракса, имаме голем фискален проблем, нерешеното прашање со воените трошоци“, тврди тој.
Свет
Раиси беше погребан во неговиот роден град Машхад во присуство на три милиони граѓани
Иранскиот претседател Ебрахим Раиси беше погребан денеска во светилиштето на Имам Реза во Машхад, најсветото место за шиитските муслимани во Иран.
Според градоначалникот Мохамадреза Каландар Шариф, околу три милиони луѓе присуствувале на погребот во родниот град на Раиси.
Авионот со телото на починатиот претседател Раиси, кој загина во хеликоптерска несреќа во северозападен Иран, пристигна претходно денеска на аеродромот Хашеминеџад во Машхад.