Свет
НАТО со таен тест за војниците – од лажни профили биле намамени да споделуваат чувствителни податоци на Фејсбук
НАТО одлучил да тестира колку добро подготвени се нивните војници за новите методи на шпионажа во светот на модерната технологија и на социјалните мрежи со користење лажни профили и социјален инженеринг, пренесува „Спутник“.
Тим од Центарот за извонредност на НАТО „СтратКом“ во Латвија спровел експеримент врз војниците, обидувајќи се да извлече вредни информации за нив, нивниот полк, борбените задачи итн. користејќи ги социјалните мрежи.
Како резултат на тоа и со потрошени само 60 долари, тимот успеал да ги дознае локациите за распоредување на неколку баталјони, добил информации за движењата на војниците и датумите на активните фази на вежбите. Тие убедиле некои војници да ги напуштат своите позиции, па дури и собрале податоци што може да се искористат за да уценат некои од нив.
Не е јасно во која земја-членка на НАТО биле лицата од експериментот, но резултатите предизвикале вознемиреност меѓу воените експерти во Велика Британија.
За да го изврши експериментот, тимот на „СтратКом“ создал неколку лажни профили и групи на социјалните мрежи и користел методи на социјален инженеринг.
Како најкорисна платформа од социјалните мрежи за добивање чувствителни информации се покажал Инстаграм, кој е популарен меѓу војниците на НАТО. Втора најкорисна платфмроа била Фејсбук, кој му овозможил на тимот лесно да ги одреди групите војници преку функцијата „предложени пријатели”.
Одлуката да се спроведе таков експеримент била донесена по скандалот на „Кембриџ аналитика“ и сведочењето на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, пред Конгресот на САД, кој откри колку е лесно да се добијат лични информации за корисниците на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.