Европа
Најдобрата пријателка на Луиза ја убедувала другарката да ја убијат, а потоа ги излажала родителите

Поминаа неколку дена од страшното убиство на 12-годишната Луиза во Германија, а случајот и понатаму ја шокира јавноста.
Според последните информации, таа била убиена од своите другарки (13 и 12 години) поради одмазда, а сега, според написите во медиумите, е откриен и нов детаљ.
Имено, најдобрата пријателка на Луиза ја убедувала помладата другарка (12) да ја убие Луиза, пишуваат медиумите во регионот. Сомнежот е дека мотивот за убиството е одмазда.
По нападот, двете девојки се вратиле во куќата на најдобрата пријателка на Луиза.
Нешто подоцна најдобрата пријателка на Луиза им се јавила на нејзините родители и им кажала дека таа заминала дома во шест и пол часот, дека се договориле да ѝ се јават кога ќе дојде дома, а таа ги повикала бидејќи била многу загрижена.
Рекла дека неколкупати ѝ се јавила на Луиза на телефон, но таа тоа не го сторила. По пронаоѓањето на телото на Луиза, девојките беа повикани на разговор и го признаа делото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Двегодишно девојче почина од струен удар во Шпанија, три деца се хоспитализирани

Двегодишно девојче почина, а уште три деца беа повредени откако беа удрени од струја на трамболина на панаѓур во Алкеријас, во шпанскиот регион Мурсија, вчера рано наутро.
Според шпанските медиуми, трагедијата се случила кратко по полноќ, за време на прославите на денот на патронот на градот. Девојчето било на трамболината кога удрило струјниот удар. Таа останала во несвест, а службите за итни случаи се обидувале да ја реанимираат повеќе од еден час. Таа била прогласена за мртва во 1:16 часот наутро.
🔴 Fallece una niña de 2 años por una descarga eléctrica en una atracción de feria en Alquerías
➡️ @Nereeagm está allí en estos momentos y dará más información a las 15:00 en #La7Noticias, con @enrique_campi
🔗 https://t.co/xM2p97oBNO pic.twitter.com/j115SA8CeB
— La 7 (@la7tele) June 15, 2025
Три деца, осумгодишно девојче и две момчиња на возраст од 11 и 12 години, беа повредени во истиот инцидент. Тие беа однесени во болница од страна на членови на семејството. 29-годишна жена доживеала напад на паника и ѝ била укажана помош на местото на настанот, објави „Ел Еспањол“.
Истражителите на Цивилната гарда ја опколиле трамболината и истражуваат за да ја утврдат причината за несреќата. Полицајците земале изјави од персоналот и сведоците. Тие истражуваат дали трамболината била правилно поврзана со електричната мрежа и дали техничка грешка довела до трагедијата.
Смртта на девојчето предизвика загриженост за безбедноста на привремените саемски атракции низ цела Шпанија. Како што продолжува истрагата, се зголемуваат повиците за построги контроли и појасни прописи за електричните инсталации на вакви настани.
Европа
Украина и Русија ја спроведоа третата размена на затвореници оваа недела

Украина и Русија спроведоа уште една размена на затвореници, трета оваа недела, потврдија денес двете страни.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неколку „сериозно ранети и сериозно болни војници“ се вратиле дома. „На сите им е потребен третман и дефинитивно ќе им биде пружена потребната помош“, напиша Зеленски на Телеграм.
Руското Министерство за одбрана, исто така, ја потврди размената, која следува по договорот постигнат во Истанбул претходно овој месец.
Според штабот на украинските воени заробеници, некои од вратените војници биле држени повеќе од три години откако пружиле отпор во југоисточниот пристанишен град Мариупол. Останатите биле помлади од 25 години или се водат како исчезнати.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека предавањето се случило на белоруско-украинската граница и дека ослободените руски војници биле транспортирани во Русија.
Размената беше договорена за време на директните разговори меѓу Киев и Москва во Истанбул на 2 јуни, каде што секоја страна се согласила да ослободи 1.200 затвореници.
Тоа беше единственото конкретно поместување во мировните преговори. Украина се спротивставува на целосна руска инвазија повеќе од три години.
Европа
(Видео) Путин зборуваше за бесмртноста на Денот на Русија

На Денот на Русија, кој се слави денес, рускиот претседател Владимир Путин одржа средба со учесниците на програмата „Време на херои“ во Кремљ, каде што упати порака за бесмртноста на рускиот народ и државноста. Говорот, кој го пренесе руската државна агенција ТАСС и е објавен на Икс, привлече големо внимание поради толкувањето на Путин за националниот идентитет и историската улога на Русија.
За време на средбата, Путин ги сподели своите мисли што претходно ги имал со рускиот писател и идеолог Александар Проханов.
„Ми кажа една многу интересна работа што би сакал да ја споделам со вас. Тој рече: ‘Дали знаете која е главната идеја на денешниот ден за Русија? Бесмртност’. И можеби ова се однесува не само на денешницата, туку и на Русија воопшто. Бесмртноста на рускиот народ и Русија, нашиот мултиетнички народ и нашата илјадагодишна државност“, истакна Путин.
Putin told 'SMO heroes' that the power of the Russian people lies in immortality and that this immortality is expressed in Russia's victories.
The 1 million Russian losses reached today will be happy to know that. pic.twitter.com/0lw44u9TfH
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 12, 2025
Путин нагласи дека бесмртноста на Русија и нејзиниот народ се манифестира преку победите што земјата ги постигнува и покрај тешките искушенија низ историјата.
„Нашата земја од време на време поминува низ многу тешки искушенија. А бесмртноста се изразува во победите на нашата земја“, рече тој. Путин особено го истакна придонесот на учесниците во специјалната воена операција во Украина, наведувајќи дека токму тие и нивните другари на фронтовската линија ја градат иднината на Русија.
Програмата „Време на херои“, насочена кон поддршка и интеграција на учесниците во „специјалната воена операција“ во граѓанското општество, според Путин, ја симболизира поврзаноста на иднината на Русија со херојството и жртвата на нејзините бранители. Путин ги повика собраните да се сетат на „оние кои сега се на фронтовската линија“ и го предложи традиционалниот воен извик „ура“ во нивна чест.
Александар Проханов, со кого Путин разговараше за бесмртноста, е познат како еден од главните идеолози на рускиот национален патриотизам и поборник на концептот на „петта империја“ што би ги обединила сите епохи од руската историја.