Контакт

Свет

Најлудите работи што ги правеле претседателите, премиерите и папата

Објавено пред

Најмоќните светски лидери на патот до највисоките позиции во своите земји, неколкумина од нив водеа многу поинтересни животи – некои возеа автобуси, работеа како продавачи, понекогаш дури и снимаа фанк-албуми.

dobivaj vesti na viber

Некому ваквото искуство добро му дојде за време на политичката кампања, каде што полесно можеа да се продадат како луѓе од народот, а други го туркаа своето минато под тепих.

„Бизнис инсајдер“ направи листа на светски лидери што ги извршувале најнеобичните работни места, а при креирањето на листата воделе сметка за тоа колку скромни биле нивните почетоци, како и неусогласеноста меѓу нивните политички кариери и старите работни места.

Претседателот на Боцвана, Могвици Масиси ,глумеше во второкласни филмови од Јужноафриканската Република.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган продаваше ѓеврек на улица. Тој студирал менаџмент, а бил успешен и како фудбалер. Меѓутоа, неколку години како тинејџер продавал лубеници и ѓевреци на улица за да заработи џепарлак. Неговото скромно воспитување му донесе голема популарност на почетокот на неговата политичка кариера и го направи локален херој во населбите во кои работеше како продавач.

Актуелниот претседател на Мадагаскар, Андри Рајоелина, кој е син на богат полковник, работеше во медиумскиот бизнис пред да тргне на патот што го водеше до претседателскиот кабинет. Рајоелина од 1999 година организира музички фестивали со името „Лајв“.

Поранешен разбојник стана претседател на Никарагва. Диктаторот Даниел Ортега дојде на власт како револуционер. Тој извршил серија вооружени грабежи за да ги финансира сандинистичките социјалистички револуционери и бил уапсен во 1967 година, пишува „Вашингтон пост“. Тој е уапсен кога се обидел да ја ограби Банката на Америка со митралез во рацете, објави Би-би-си.

Луксембуршкиот премиер Ксавиер Бетел веќе влезе во локалната политика кога ја водеше емисијата „Недела во 8“ на националниот кабелски канал.

Долго пред Адама Бароу да стане претседател на Гамбија во 2017 година, тој дипломирал управување со недвижности во Лондон. За да ги финансира студиите, Бароу три години работел како обезбедување во британскиот синџир „Аргос“.

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро не завршил средно училиште, но од почетокот бил политички активен во студентската унија, пишува „Гардијан“. Тој почна да се залага за правата на работниците како возач на автобус во компанија во Каракас основајќи неформален синдикат во време кога тие беа забранети.

Асад дипломирал како офталмолог во Дамаск во 1988 година, а потоа го продолжил своето образование во престижната очна болница „Вестерн ај“ во Лондон. Хирургот што го обучувал, Едмунд Шуленберг, пред една деценија изјави за „Мејл онлајн“ дека се сеќава на идниот диктатор како „чувствителен млад човек, кој бил неверојатно точен и љубезен“.

Популарно наречен Лула, претседателот на Бразил, Луис Инасио да Силва, имаше навистина скромно детство. Би-би-си пишува дека како дете работел како продавач на кикиритки, а исто така чистел чевли во малото крајбрежно гратче, каде што пораснал. Научил да чита на 10 години. Најпрвин работел во магацин, а потоа во обработка на метали, каде што го изгубил малиот прст на раката кога имал 19 години.

Либерискиот претседател Жорж Веа го исполни сонот на милиони деца, играше за најдобрите фудбалски клубови во светот. И потоа стана претседател.

Претседателот на Габон објави фанк-албум. Ондимба се претставуваше како кандидат за младите и рапуваше на сцената со габонската хипхоп-заедница.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја замени својата кариера како комичар со политичка, неговата приказна е веројатно најпозната на оваа листа. Зеленски ја почна својата кариера во светот на забавата како 17-годишник кога се пријави на натпревар во комедија и со група пријатели од училиштето ја основа исклучително успешната продукциска куќа „Квартал 95“.

Години пред да се кандидира за претседател на Словенија, Наташа Пирц Мусар имаше уште една стресна работа, таа беше адвокатка на Меланија Трамп во пресрет на претседателските избори во САД во 2016 година.

Папата Франциско во 50-тите работел како обезбедување на кафуле, млад човек од Буенос Аирес, кој бил љубител на тангото, пишува италијанскиот весник „Газета дел суд“.

Регион

Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Објавено пред

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.

dobivaj vesti na viber

На местото на трагедијата пристигнуваат се повеќе луѓе за да им оддадат почит на жртвите. Први пристигнале членовите на семејствата на убиените деца, а глетката пред училишната зграда никого не остава рамнодушен, објавија српските медиуми.

На посебно плато пред училиштето, каде се поставени фотографиите и имињата на убиените деца и чуварот, се оставаат цвеќиња и се палат свеќи.

И претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово положи цвеќе во ОУ „Владислав Рибникар“.

„Помина една година од невидената трагедија која остави неизбришлива лузна на душата на целата земја, но болката, неверувањето и неизмерната тага не поминаа“, рече Вучиќ.

На 3 мај минатата година Коста дошол вооружен во училиштето и од влезната врата го започнал својот крвав поход, во кој животот го загубија девет деца и чуварот.

Откако го извршил масакрот повикал полиција и пријавил што направил.

Веднаш по трагедијата се одржа вонредна конференција на српското Министерство за внатрешни работи, на која беа соопштени деталите за она што се случи во училиштето „Владислав Рибникар“.

„Повикот дојде во 8 часот и 42 минути наутро, две минути по пријавувањето на случајот во полиција од страна на заменик директорот на ова училиште“, изјави началникот на белградската полиција Веселин Милиќ.

На таа конференција Милиќ изјави и дека К.К. еден месец го планирал злосторството. Тој го покажа и списокот што полицијата го пронашла во станот на момчето убиец, на кој биле испишани имињата на учениците кои планирал да ги убие.

Дополнително, како што тогаш беше кажано од највисоките функционери на српската полиција, К.К. имал и прецизен план на училиштето, со означен влез и излез.

Поради делото, Коста е во болница, а против татко му и мајка му, Владимир и Миљана Кецмановиќ во меѓувреме е покренато обвинение, со оглед на тоа што момчето-убиец во моментот на делото имало 13 години и затоа не е кривично одговорен.

Вишото јавно обвинителство во Белград соопшти дека обвинетиот Владимир Кецмановиќ во периодот пред трагедијата го научил својот син да пука во цели во форма на концентрични кругови и силуети на луѓе, да стои и да дише кога користи огнено оружје.

Против семејството Кецмановиќ се водат три граѓански постапки, а поднесени се вкупно пет тужби, меѓу кои и една кривична.

Прикажи повеќе...

Европа

Украински разузнавач: На крајот ќе мора да преговараме со Русија

Објавено пред

Украина ќе мора да стапи во преговори со Русија во одреден момент за да стави крај на нивната повеќе од двегодишна војна, изјави висок украински разузнавач во интервју објавено во четвртокот.

dobivaj vesti na viber

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли разговорите со Кремљ, а декретот што го издаде откако Русија официјално анектираше четири украински региони во 2022 година, ги оцени преговорите за „невозможни“.

Генерал-мајор Вадим Скибицки, заменик-шеф на украинската воена разузнавачка агенција ХУР, сепак, изјави за магазинот Економист дека разговорите на крајот ќе бидат неопходни, како што би било случај со секоја војна.

„Генералот Скибицки вели дека не гледа начин Украина сама да ја добие војната на бојното поле. Дури и ако успее да ги потисне руските сили назад до границите – што е сè подалечна перспектива – тоа нема да ја заврши војната“, пишува Економист.

„Таквите војни можат да завршат само со договори“, вели тој. Во моментов и двете страни се борат за најповолна позиција пред потенцијалните преговори. Но, значајните преговори може да започнат најрано во втората половина на 2025 година, шпекулира тој.

Зеленски и други официјални лица рекоа дека Русија не е поканета на „мировниот самит“ планиран за Швајцарија во јуни, бидејќи нема гаранција дека Москва ќе разговара со добра волја.

Министерот за надворешни работи, Дмитро Кулеба, се појави да го повтори размислувањето на Скибицки во одделно интервју за магазинот Форин полиси оваа недела, велејќи дека јунскиот самит имал за цел „да ги обедини земјите кои споделуваат принципи и пристапи врз кои ќе градат понатамошни активности“.

„Потоа може да има комуникација со Русија и Русија може да биде дел од разговорот. Затоа што сте во право: на крајот, не можете да ја завршите војната без двете страни“.

Рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери велат дека Украина го блокира секој обид за решение.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во четвртокот изјави дека средбата во јуни не може да биде „сериозна конференција со сериозни очекувања за некаков резултат“ без присуство на Русија.

Во своето видео обраќање доцна во четвртокот, Зеленски ја опиша средбата во јуни како „практично првата вистинска можност да се започне повторно воспоставување праведен мир“.

„Сите наши позиции, на бојното поле, во дипломатијата и во информатичката сфера, сега мора да бидат подеднакво силни“, рече тој. „Нашата сила, нашите способности, нашите оружја, единството со партнерите – сето тоа мора да работи заедно. И ќе функционира“.

Прикажи повеќе...

Свет

Во стан на Американка пронајдени смрзнати тела на четири бебиња, нема да и се суди

Објавено пред

Мајката на четири бебиња пронајдени во замрзнувач во стан во Бостон пред повеќе од една година нема да одговара. Последниот извештај покажува дека се уште има „многу неодговорени прашања“ за тоа што се случило со бебињата, пренесува Си-би-ес.

dobivaj vesti na viber

Окружниот обвинител на округот Сафолк рече дека не верува дека случајот против Алексис Алдамир може да оди на судење. Братот на Алдамир и неговата сопруга повикале полиција откако ги пронашле „замрзнатите“ бебиња на 17 ноември 2022 година, додека го чистеле станот во кој Алдамир живеела од 1982 година.

Истрагата покажала дека Алдамир е мајка на бебињата, две момчиња и две девојчиња, пронајдени во замрзнувачот. Алдамир сега живее во здравствена установа. Инспекторите тврдат дека за време на сослушувањето таа „изгледала збунето и не разбирала каде е и со кого разговара“.

Лекарот не можеше да утврди дали бебињата се родени живи или колку долго биле замрзнати, се вели во извештајот. Причината за смртта беше наведена како „неодредена“. Во извештајот се вели дека нема знаци на траума или очигледни повреди, а нема знаци на храна или млеко во стомакот на бебињата.

На сите четири бебиња сè уште им била прикачена папочната врвца. Бебињата биле пронајдени во кутии за чевли и биле завиткани во фолија. ДНК тестот го идентификуваше таткото на четирите деца, но тој починал во 2011 година. Инспекторите рекоа дека тој и Алдамир имале уште едно дете заедно, кое го дале на посвојување.

Алдамир работела за сметководствена фирма во Бостон од 1980 до октомври 2021 година, се вели во извештајот. Нејзините колеги ја опишаа пред инспекторите како „вредна работничка која ретко одела на одмор“.

„Тие рекоа и дека е покрупна жена која има склоност да носи широка облека без оглед на сезоната. Во ниту еден момент ниту еден од соработниците на Алдамир не знаел дека е бремена“, се вели во извештајот.

Окружниот обвинител на округот Сафолк, Кевин Хејден, ја нарече истрагата „една од најкомплексните, невообичаените и најзбунувачките што ги сретнал неговата канцеларија“. Објаснувајќи ја одлуката да не се обвини Алдамир, во извештајот се вели дека обвинителите не можеле да докажат дека бебињата биле живи и не верувале дека Алдамир е способна да издржи судење.

„Никогаш нема да знаеме точно каде и кога се родени четирите бебиња пронајдени во станот на Алексис Алдамир. Никогаш нема да знаеме дали четирите бебиња се родени живи, и никогаш нема да знаеме точно што се случило со нив. Никогаш нема да знаеме како Алексис Алдамир ја криела бременоста или зошто одбра да го направи тоа“, заклучи Хејден.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион14 минути

Една година од масакрот во училиштето во Белград, беа убиени девет ученици и чуварот

Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко...

Македонија49 минути

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него“, вели ВМРО-ДПМНЕ

„ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплаќал државна помош да гласаат за него, им...

Свет2 часа

Израелските медиуми ги објавија трите барања на шефот на Хамас за ослободување на заложниците

Лидерот на палестинската исламистичка организација Хамас во Појасот Газа, Јехја ал Синвар, и понатаму има три барања во преговарачката понуда...

Европа2 часа

(Видео) Украинците објавија снимка: Го уништивме рускиот систем Бук, не можеа да го изгаснат пожарот

Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот...

Свет2 часа

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина...

Македонија13 часа

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април, одлучи Владата

Владата ја разгледа и усвои Информацијата со Предлог- измени и дополнувања на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на...

Македонија18 часа

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

ДУИ ги напушти вредностите за кои се залагаше во 2001 кога наместо за Албанската кауза почна да се грижи единствено...

Македонија19 часа

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, одговори Ковачевски прашан дали би им помогнале на ВМРО-ДПМНЕ ако не можат да формираат Влада

Чекајте, па ние сме на избори конкуренти, првин да ги видиме резултатите на 8 мај. Вака лидерот на СДСМ, Димитар...

Македонија19 часа

ДСЗИ ќе забрани на Токсикологија да работат лица со истечени договори оти  директорката, која не зборува македонски, не им ги одзела пристапите

Организациската директорка на Клиниката за токсикологија Бесија Иљази, не постапила и не ја потпишала опомената од Државниот санитарен и здравстве...

Македонија22 часа

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото

Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 плус Бадентеровото, вели портпаролот на ДУИ,...

Македонија23 часа

Почина таткото на Тоше Проески

Почина Никола Проески – татко на музичарот Тоше. Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка....

Македонија24 часа

Десна објави наводно писмо од Љупчо Палевски: Министерот Лога лаже за екстрадицијата

Политичката партија Десна на својот Фејсбук профил објави писмо од својот лидер Љупчо Палевски Палче, кој чека екстрадиција во Македонија...

Свет1 ден

Кулеба: Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили

Повеќе од половина од енергетскиот систем на Украина е оштетен во нападите на руските сили, изјави министерот за надворешни работи...

Свет1 ден

Полицијата во САД уби ученик пред училиште во Висконсин по пријава за пукање

Американската полиција  убила ученик пред средно училиште во Висконсин, откако добила дојава дека таму има вооружено лице, изјави Џош Кол,...

Македонија1 ден

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Каевски од голтар до милионер, фатен како прави милионски проневери како директор на Агенцијата за млади и спорт, велат од...

Свет1 ден

При уривање на автопат во јужна Кина загинаа 36 лица

Бројот на загинати во уривањето на дел од автопатот во јужната кинеска провинција Гуангдонг се искачи на 36, соопштија локалните...

Свет1 ден

Трамп: Апсењето на студенти во Њујорк „беше убаво за гледање“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е „убаво да се гледа“ како полицијата во Њујорк упадна во зградата на...

Свет1 ден

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди поширокото подрачје на Лос Анџелес, соопшти Сеизмолошкиот институт...

Македонија2 дена

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија2 дена

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...